• Latest

Русковска: Згрозувачки е притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата

August 4, 2022
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
Илустрација ВИ

Одѕивот на локалните избори првпат не надминува 50 проценти, најнизок од независноста на земјата

November 3, 2025

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Русковска: Згрозувачки е притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата

August 4, 2022 11:19
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефицата на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, ги повикува сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ да, како што вели, еднаш засекогаш се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот, пренесува МИА.

Русковска, исто така, бара и Европската обвинителка Лаура Ковеши, доколку е во можност да дојде и ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК, откакако е таа на чело на обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми…

– Јас како обвинител со стаж повеќе од 34 години, во кои обвинител за организиран криминал од самото основање на одделението за организиран криминал на ЈОРМ далечната 2004, нема да дозволам, лице за кое се проверува постапувањето, да ми го валка образот и честа кои долги години макотрпно сум ја градела. Честа, угледот, постењето ги имам научено од мали нозе од моите родители кои и двајцата се бореле со фашистите за денешна слободна и независна Македонија, татко ми потполковник на дивизија во НОВ, закопан со бугарски куршум и мајка ми, партизанка која лежела во бугарски затвор и која се борела и на сремски фронт…, вели Русковска во пишаната реакција во всрка со вчерашниот брифинг на Муареми.

Згрозувачки е, нагласува Русковска, притисокот врз обвинители на ОЈО ГОКК од страна на именувано лице од Владата, како и мешање во предмет на ОЈО ГОКК, кое што е стриктно забрането согласно Законот за јавно обвинителство.

-Доколку владата сака државата да биде вистинска правна држава, а не правна држава прикажана преку ПР преку медиумите вистината мора да излезе на виделина. Сакам да прашам како тоа се напаѓаат клучните обвинители, кои ги водеа случаите против Катица, Ременски, Рашковски и Зекири, а во исто време водат и повеќе предистраги за актуелни и поранешни високи владини функционери, вели Русковска.

Според Русковска, токму поради овој атак и притисок врз обвинители на ОЈО ГОКК треба и меѓународните институции, како и амбасадите на САД и ЕУ сериозно да преземат мерки затоа, како што вели, ова најмалку доликува на земја членка на НАТО и земја што почнала преговори за ЕУ каде владеењето на правото е императив.

-Македонија ниту е диктатура, ниту е монархија. Во Македонија не смее да владее волјата на некои сегашни или пак поранешни владини функционери за да обвинители замижуваат пред било кој криминал, па тој и да е и во највисоките ешалони на власта, нагласува Русковска.

Русковска, исто така, најавува дека во периодот што следува е подготвена со јавноста да ги сподели информациите кои ОЈО ГОКК ги има и ќе ги обезбеди, за лице за кое се проверува постапувањето.

-Па јавноста нека суди кој е криминалец, а кој се бори против криминал… нема две вистини никогаш, има само една…, вели Русковска.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ