• Latest

Тренчевска: Работиме на зголемување на обемот и достапноста на социјалните услуги

August 4, 2022

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Работиме на зголемување на обемот и достапноста на социјалните услуги

August 4, 2022 14:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска во интервјуто за Ал Џезира зборуваше за измените во Законот за работни односи и правата и услугите на лицата со попреченост, информираат од МТСП.

„Со измената на Законот за работни односи кој што во моментот е во собраниска процедура опфатени се и занаетчиите како целна група на која што ќе им се дозволи работа во недела“ рече Тренчевска.

Министерката на почетокот на своето интервју за Ал Џезира ја истакна  интензивната комуникација со Комората на занаетчии која има за цел излегување во пресрет на нивните барања. Таа дополни дека измените на законот ќе се однесуваат на сите занаетчии, а не само на оние во туристичките места.

„Согласно програмата за работа на Влада за 2022 година предвидено е зголемување на правото на посебен додаток за 15% за деца со попреченост до 26 години. Со измените направени во Законот за детска заштита е предвидено зголемувањето на посебниот додаток, кој што моментално е во собраниска процедура. Исто така направивме и измени на Законот за социјална заштита каде што е предвидено намалување на возрасната граница за родителите со траен надоместок кој што имаат дете со попреченост и до 26 годишна возраст се грижеле за него, односно не го сместиле во институција, границата им се намалува од 62 на 60 годишна возраст за жени и од 64 на 62 за мажи“ изјави Министерката.

Таа истакна и дека со предвидените измени на Законот за социјална заштита направена е промена на критериумите за личната асистенција каде ќе бидат вклучени и потполно слепите лица како и лицата со комбинирани пречки.

„Покрај правата од социјална заштита кои што се пасивни мерки за лицата со попреченост, многу е важно да работиме на развивање на услуги кои ќе бидат достапни за граѓаните и зголемување на нивниот обем“ додаде Тренчевска.

Таа рече дека порастот на минималната плата не треба да го врзуваме со правата за социјална заштита. Тренчевска ја потенцира и соработката со општините со цел подобрување на социјалните услуги на локално ниво. Исто така  истакна дека пасивните мерки се важни но, поважно е обезбедувањето на достапност и поголемиот обем на услуги затоа што тоа директно го менува квалитетот на живот на лицата со попреченост.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ