• Latest

Обид за убиство на реномираниот писател Салман Ружди

August 13, 2022

24 ЧАСА: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство; Украина стои на наше место против глобалната закана; Соопштението што медиумите пропуштија да го објават

May 20, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за израелската војна во Газа?

May 20, 2025

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

May 20, 2025
Фото: Херсонська обласна прокуратура

Во руските напади низ Украина во текот на изминатиот ден загина 1 цивил, повредени 13; бројот на повредени во Херсон се искачи на 10

May 20, 2025
Фото: Влада на РСМ

Владата го усвои предлогот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Новиот про – ЕУ претседател на Романија ја враќа надежта кај граѓаните, следува соочување со предизвиците – формирање влада, борба со корупцијата, инфлацијата, буџетскиот дефицит

May 20, 2025

Уставен суд ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик, независните кандидати ќе можат да се кандидираат со по илјада потписи

May 20, 2025

“Мирот” на Путин: Терор маскиран како дипломатија

May 20, 2025
Војо Маневски

Ние немаме проблем со стратегијата туку со оператиката

May 20, 2025
Фото: Генерирано со помош на ВИ

Мирот во Украина изгледа подалечен по телефонскиот разговор на Трамп со Путин

May 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Обид за убиство на реномираниот писател Салман Ружди

August 13, 2022 09:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Светската јавност синоќа ја потресе веста за обидот за убиство на реномираниот светски писател Салман Ружди, што се случи за време на негово предавање во Њу Јорк.

Според светските медиуми, Ружди бил прободен со нож во вратот и итно бил пренесен во болница.

Ружди (1947) е познат по неговата книга „Сатански стихови“, која е забранета во Иран од 1988 година.

Писателот во Велика Британија беше принуден да се крие една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва) една година подоцна, со кој им нареди на верниците да го убијат писателот поради наводната навреда на исламот во романот.

Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече.

Според исламската доктрина, еднаш изречената фетва никогаш не може да се повлече, особено ако лицето што ја изрекло починало во меѓувреме, како што беше случајот со Хомеини (1902-1989).

Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Децата на полноќта“, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија.

По нападот, тој со хеликоптер бил пренесен во локална болница. Напаѓачот е во полициски притвор.

Според репортерот на Асошиетед прес, кој бил во зградата на институцијата Чаутаука во северниот дел на Њујорк, каде што Ружди требаше да одржи предавање, изјави дека видел човек како трча на сцената и почнал да „го удира или прободува“ Ружди.

Очевидци наведуваат дека присутните веднаш скокнале врз напаѓачот и го одвлекле и му пришле на помош на Ружди и му ги кренале нозете во воздух.

Лекарката која била на настанот, каде се уште неименуван напаѓач се обидел да го убие писателот, изјави за Њујорк Тајмс дека Ружди бил избоден повеќе пати, вклучително и еднаш во десната страна на вратот. . Веднаш по нападот под неговото тело се формирала голема локва крв. Таа вели дека и покрај бруталниот напад, Ружди дишел и имал пулс.

Гувернерката на државата Њујорк, Кети Хочул, му оддаде почит на полицаецот кој, како што рече, „го спасил животот на Ружди“ на вонредната прес-конференција одржана по обидот за атентат врз Ружди.

Чак Шумер, лидерот на мнозинството во американскиот Сенат, остро го осуди денешниот напад врз Ружди.

„Ова е напад врз слободата на говорот и мислењето, напад врз основните вредности на оваа земја. Се надевам дека господинот Ружди ќе закрепне брзо и целосно и дека сторителот ќе биде праведно казнет“, напиша Шумер на Твитер.

Познати автори и писатели на Твитер објавуваа пораки со поддршка Ружди, меѓу кои и  Стивен Кинг, Џ.К. Роулинг, Нил Гејман и Најџела Лосон.

Ружди вчера попладне требаше да зборува во институтот Чаутаука во државата Њујорк за САД како азил за писатели и уметници, „како место за креативно изразување“, соопшти институцијата.

Исламскиот совет на Велика Британија го осуди нападот врз писателот.

„Таквото насилство е погрешно. Напаѓачот мора да биде изведен пред лицето на правдата“, објавија од Советот преку Твитер.

За бруталниот напад се огласи и британскиот премиер Борис Џинсон.

„Згрозен сум од фактот што Сер Салман Ружди е прободен додека го користел правото што никогаш не смее да престанеме да го браниме. Моите мисли се со неговите најмили. Сите се надеваме дека ќе биде добро“, напиша Џонсон на Твитер.

Писателот Ружди моментално е во операциска сала, објавуваат агенциите повикувајќи се на изјава на неговиот агент.

Се уште не се знае во каква состојба е, но е познато дека здобил повеќе убодни рани од кои една во десниот дел на вратот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Владимиров, аналитичар, Бугарија: Основната цел на Русија е деструкција на нашите општества

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ