• Latest

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

May 20, 2025
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА СООПШТЕНИЈА

Соопштението што медиумите пропуштија да го објават: Стоп за злото – Рускиот ракетен терор мора да престане веднаш!

Испратено по мејл, објавено на медиумската платформа на ЦИВИЛ на македонски, албански и англиски, споделено на социјалните мрежи, преземено од Фронтлајн и Нова, и два-три интернет портали. И толку. Еве втора можност.

May 20, 2025 15:23
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГРАЃАНСКА, КОНФЛИКТИ, СВЕТ, СООПШТЕНИЈА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода

Скопје, Северна Македонија – 24 април и 5 мај 2025 година

ЦИВИЛ – Центар за слобода упатува најсилна и најостра осуда на континуираниот, систематски и нечовечки ракетен терор што го спроведува руската воена машинерија врз народот на Украина. Ова не се акти на војна во каква било конвенционална смисла. Ова се намерни злосторства – чист терор, пресметана суровост и зло во неговата најсурова форма.

Ова не е однесување на легитимна држава. Ова е однесување на руска терористичка држава, која ги отфрли сите норми на меѓународното право и моралот.

Со секој ракетен напад врз домови, болници, родилишта и училишта, кремљовскиот режим го открива своето вистинско лице. Овие не се воени цели. Тоа се деца, мајки, цивили. Тоа се животи претворени во статистика од режим опиен од смрт и неказнивост.

Ова не е војна за територија. Ова е војна за уништување на една нација, една култура, еден народ. Војна против сите нас што веруваме во слобода, правда и човечко достоинство.

Гротескна навреда за глобалната правда е што Кремљ сè уште ја окупира позицијата во Советот за безбедност на Обединетите нации, тело создадено да го чува мирот, а сега обесчестено од истиот режим што води геноцидна војна. Тоа што воен злосторник како Путин сè уште добива место на каква било преговарачка маса не е само апсурд – тоа е морална катастрофа.

Ракетните напади уништуваат цели заедници и безброј животи. Украина крвари секој ден под ракетниот терор. Светот не смее да остане рамнодушен.

ЦИВИЛ повикува на итна, одлучна и недвосмислена акција од страна на демократскиот свет.

Украина мора да добие поддршка за да го заштити својот народ и да го победи ова монструозно зло. Тоа значи воена, финансиска и хуманитарна помош, не утре, туку денеска!

Да не се лажеме: ова не е само борба на Украина. Ова е фронтот во борбата за слобода на светот.

Украинскиот народ стои цврсто, бранејќи ја не само својата татковина, туку и основните вредности на слободниот свет. Нивната храброст мора да биде пресретната со меѓународна акција.

Не може да има мир без правда. Архитектите на овој терор, од Путин до секој што учествува во овие воени злосторства или ги овозможува на било кој начин – мора да се соочат со меѓународната правда.

Сеќавањето на невините жртви го бара тоа. Иднината на мирот го заповеда тоа.

ЦИВИЛ е со Украина.
Ние сме со жртвите.
Ние сме со правдата.
Ние сме со човештвото.

Светот мора да проговори во еден глас.
Запрете ја руската воена машинерија.
Скршете го теророт на кремљовскиот режим.
Приведете ја руската терористичка држава пред лицето на правдата.
Бидете со Украина. Сега!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ