• Latest

Во Македонија нема тело што врши контрола на спроведувањето на мерките за климатска акција

August 16, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Во Македонија нема тело што врши контрола на спроведувањето на мерките за климатска акција

August 16, 2022 13:20
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот завод за ревизија бара од државата да преземе активности за создавање предуслови за непречено функционирање на национално тело што ќе биде задолжено за контрола и координација на имплементацијата на проекти и прашања поврзани со климатската акција во Македонија, пренесува Мета.

Оваа ревизорска препорака за формирање Национално тело за климатски промени е доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање, при што државните ревизори потсетуваат дека истото треба да дава насоки за севкупните климатски акции и да придонесува кон интеграција на истите секторски политики, планови и мерки, се наведува во Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност „Преземени мерки и политики од страна на РСМ/надлежни органи со цел ублажување на климатските промени“ на Државниот завод за ревизија.

„Националниот комитет за климатски промени на Република Северна Македонија кој треба да дава насоки за севкупните климатски акции, како и да придонесе кон интеграција на активностите во секторските политики, планови и мерки, е формиран во 2003 година, но истиот во пракса не функционира односно неговото постоење е од формална природа“, се вели во Извештајот на државните ревизори.

Воедно, ДЗР во документот додава и дека поминат е долг временски период од формирањето на Националниот комитет за климатски промени на земјава и не се презентирани документи со кои ќе се потврди неговата улога и учество во контрола и координација на спроведувањето проекти и прашања поврзани со климатските промени.

„Имајќи во предвид дека е поминат долг временски период од формирањето на комитетот, а дел од членовите веќе се имаат стекнато со правото на пензионирање или од објективни околности не се дел од комитетот беа извршени разговори со надлежните лица во МЖСПП. Надлежните лица во МЖСПП ја имаат согледано состојбата и биле доставени предлози до Владата на РСМ со неколку номинации за нови членови и формирање на нов Националниот комитет за климатски промени, но истите биле неуспешни, поради потребата од негово правно регулирање и распределување на одговорности“, се наведува во Ревизорскиот извештај.

Мета.мк испрати прашања до Министерството за животна средина и просторно планирање во однос на оваа тема. Од Министерството објаснуваат дека национално тело за климатски промени постоело во минатото, но функционирањето на Националниот комитет се засновало врз стари одлуки со лица кои веќе не се во работен однос.

„Во меѓувреме се побарани номинации, но не се изврши промена/дополна заради потреба од ажурирање на правната регулатива и давање на одговорност. Од таа причина формирање функционално Национално тело за климатски промени на РСМ кое треба да дава насоки за севкупните климатски акции, како и да придонесува кон интеграција на истите во секторските политики, планови и мерки, е предвидено со Нацртот на Законот за климатска акција“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со новиот Закон за климатска акција, предвидено е да се формира Национален совет за климатски промени, којшто треба да се состои од 20 члена кои ќе ги именува Владата на РСМ на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, за период од пет години, со право на реизбор.

Сепак, за да се формира новото тело за климатски промени неопходно е претходно да се усвои Законот за климатска акција, чие донесување постојано се одложуваше во изминатиов период. Иако беше најпрво ветено дека ќе го помине владиниот филтер до крајот на минатата година, по што следеше ветување дека низ владина постапка овој Закон ќе помине во првиот квартал од 2023 година, најновото ветување е дека тој ќе се најде на седница на влада во декември 2022 година, што значи дека во собраниска процедура тој би се усвоил во текот на 2023 година.

Дотогаш ќе биде невозможно да се формира ново национално тело за климатски промени, чија задача е да дава насоки за реализација на севкупните климатски акции во земјава.

Да потсетиме, Македонија пред една година ја усвои првата Долгорочна стратегија за климатска акција на земјава со Акциски план, во кој се наведени обемни мерки и активности што треба да се спроведат како национален придонес за климатската акција од земјава.

Покрај тоа што нема соодветно тело во земјава кое треба да дава насоки и совети и да ги координира институциите при реализацијата на конкретните мерки за намалување на влијанието на климатските промени, Мета.мк неодамна пишуваше дека Македонија со задоцнување ги објавува емисиите на стакленички гасови што се создаваат на национално ниво во текот на една година, информирајќи дека последните податоци се од 2019 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ