• Latest

Руски војник за војната во Украина: Нè претворија во дивјаци, не можам повеќе да молчам

August 18, 2022
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руски војник за војната во Украина: Нè претворија во дивјаци, не можам повеќе да молчам

August 18, 2022 21:35
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Руски падобранец кој учествувал во борбите во Украина ја разоткри вистината за руската инвазија на Украина и побегна од земјата. Павел Филатјев ги знае последиците од тоа што го кажува. Овој поранешен падобранец сфаќа дека ризикува затвор, дека ќе го наречат предавник и дека неговите поранешни другари ќе го избегнуваат. Неговата мајка го поттикнала да избега од Русија додека може.

Не ја гледам правдата во оваа војна, вели Филатјев. Тој првпат лично седнува со новинар откако се вратил од боиштето во Украина и ја раскажува својата приказна, за лондонски Гардијан.

„Не се плашам да се борам во војна. Но, морам да чувствувам правда, да знам дека тоа што го правам е правилно. И верувам дека сето ова (руската инвазија на Украина) пропаѓа не само затоа што владата украде сè, но затоа што ние, Русите, не чувствуваме дека тоа што го правиме е правилно“.

Пред две недели, Филатјев се појави на својата страница на социјалната мрежа „ВКонтакте“ и објави „бомба“ од 141 страници – ден за ден опис на тоа како неговите падобранци биле испратени на територијата на Украина од Крим, влегле во Херсон и го зазеле морското пристаниште и биле под силен артилериски оган повеќе од еден месец во близина на Миколаев – и потоа како на крајот бил ранет и евакуиран со инфекција на очите.

Guardian front page, Thursday 18 August 2022: Cost of living crisis ‘to trap 45 million in fuel poverty’ pic.twitter.com/jmrTTnCH9p

— The Guardian (@guardian) August 17, 2022

Дотогаш тој веќе беше убеден дека мора да го разоткрие гнилежот во сржта на руската инвазија на Украина.

„Седевме под артилериски оган кај Миколаив. Во тој момент веќе помислив дека само правиме срања овде, што кој к.. ќе ни е оваа војна?“, рече тој.

Тој помина 45 дена пишувајќи ги своите мемоари од конфликтот, кршејќи го „законот на тишината“ според кој дури и зборот „војна“ беше скриен од очите на јавноста.

„Едноставно не можам повеќе да молчам, иако знам дека веројатно нема да сменам ништо, а можеби глупаво постапив за да се навлечам во толкава неволја“, вели Филатјев, додека прстите му се тресат од стрес. Запали уште една цигара.

Бевме како дивјаци

Неговите мемоари – ZOV, се именувани по тактичките ознаки „Z“ нацртани на возилата на руската армија, кои во Русија се прифатени како провоен симбол. Досега немаше подетална, доброволна изјава на руски војник кој учествувал во инвазијата на Украина. Снимките беа објавени во руски независни медиуми, додека Филајев се појави преку видео врска во интервју за независната ТВ Дожд (Дожд).

„Многу е важно некој да зборува прв“, рече Владимир Осечкин, шеф на мрежата за човекови права Гулагу.нет, која му помогна на Филатјев да ја напушти Русија претходно оваа недела. Ова, исто така, го направи Филатјев првиот војник за кој се знае дека избегал од Русија поради неговото противење на војната. „И тоа ја отвора Пандорината кутија“.

Оваа недела рускиот истражен сајт iStories, кој Москва го забрани во земјата, го објави признанието на друг руски војник кој пред камера призна дека застрелал и убил цивил во украинскиот град Андријивка.

Филатјев, кој служеше во 56-от гардиски воздушно-десантен полк со седиште во Крим, опиша како неговата исцрпена и слабо опремена единица полетала на украинска територија на позадината на тешкиот ракетен оган кон крајот на февруари, со малку конкретни логистика или цели и без идеја зошто имало војна воопшто.

„Ми требаа недели да разберам дека воопшто нема војна на руска територија и дека штотуку ја нападнавме Украина“, рече тој.

“I don’t see justice in this war. I don’t see truth here.” Pavel Filatyev was a paratrooper who participated in the invasion of Ukraine. Then he wrote a memoir denouncing the war. I met him days before he fled Moscow due to fear of arrest. W/@PjotrSauer https://t.co/gwXapSjZ8F

— Andrew Roth (@Andrew__Roth) August 17, 2022

Филатјев опишува како грабливите падобранци, обично елитата на руската армија, го зазеле пристаништето Херсон и веднаш почнале да крадат „компјутери и сета вредна стока што можевме да ја најдеме“. Потоа ги опустошувале кујните барајќи храна.

„Таму како дивјаци јадевме сè – овес, каша, џем, мед, кафе… Не ни беше гајле за ништо, бевме турнати до границите на нашите можности. Повеќето од нив поминаа еден месец на нива без туширање или нормална храна. Во каква дива состојба можете да ги ставите луѓето без да мислите дека треба да спијат, да јадат и да се мијат. Сè околу нас предизвикуваше непријатно чувство – само се обидувавме да преживееме“, напиша тој.

Филатјев длабоко го влечеше чадот од цигарата додека ја раскажуваше приказната, нервозно гледаше наоколу за да види дали некој го гледа близу полноќ во московскиот парк, а потоа се обидуваше да објасни.

Повеќето руски војници испратени во Украина се незадоволни

„Знам дека ќе звучи дивјачки за странски читател“, рече тој, опишувајќи соборец кој краде компјутер. „Но (војникот) знае дека компјутерот вреди повеќе од една негова плата. И кој знае дали воопшто ќе биде жив утре. Затоа го зема. Не се обидувам да го оправдам тоа што го направи, но мислам дека е важно да се каже зошто луѓето се однесуваат така како што се однесуваат, за да разбереш како да ги спречиш… Што треба да прави човек во вакви екстремни ситуации“, вели Филатјев.

Тој остро ја осуди, како што рече, „деградацијата“ на војската, вклучително и употребата на застарена опрема и возила што ги оставија руските војници изложени на украински контранапади.

Пушката што ја добив пред војната беше зарѓана и имаше скинат ремен, рече тој.

„Ние бевме само идеална цел“, напиша тој, опишувајќи го патувањето до Херсон со застарени и неоклопни камиони УАЗ, кои понекогаш застануваа по 20 минути. „Беше нејасно каков е планот – како и секогаш, никој ништо не знаеше“.

Како што напредувала војната, неговата единица била заглавена во ровови речиси еден месец во близина на Миколаев под оган од украинската артилерија, опишува Филатјев. Таму удар на граната му фрлил кал во окото, што довело до инфекција која го оставила речиси слеп.

Како што се зголемувале фрустрациите на фронтот, Филатјев раскажува за извештаите за војници кои намерно се самозастрелувале за да избегаат од фронтот и да добијат 3 милиони рубљи (48.000 евра) како компензација, како и за гласините за осакатување на заробените војници и трупови.

Во интервјуто, тој вели дека лично не ги видел актите на злоупотреба извршени за време на војната. Но, тој ја опиша културата на гнев и незадоволство во армијата што ја урива фасадата на целосна поддршка за војната прикажана во руската пропаганда.

„Повеќето луѓе во армијата се незадоволни од она што се случува таму, тие се незадоволни од владата и нивните команданти, тие се незадоволни од Путин и неговата политика, тие се незадоволни од министерот за одбрана, кој никогаш не служел во армијата“, напиша тој.

Откако излезе во јавност, рече тој, целата негова единица го прекинала контактот со него. Но, верува дека 20% од нив целосно го поддржаа неговиот протест. И многу други, во тивки разговори, му кажаа за незадоволството што го чувстваат иза почитта кон патриотизмот на Украинците кои се борат да ја одбранат сопствената територија. Се пожали на малтретирање од страна на Русија кон нејзините сопствени војници.

„Никој не лекува ветерани овде“, рече тој во еден момент.

Во воените болници, тој опиша дека се сретнал со незадоволни војници, вклучително и ранети морнари од крстосувачот „Москва“, потопен од украински проектили во април. А, во ZOV, тој тврди: „има купишта мртви, на чии роднини не им е исплатена отштета“, потврдувајќи ги медиумските извештаи за ранети војници кои чекаат со месеци за исплата.

Гордоста на руската воена морнарица „Москва“ потона.

Првичниот план на Филатјев беше да ги објави своите мемоари и веднаш да и се предаде на полицијата. Но, Осечкин, активистот, му рекол да размисли, додека постојано го повикувал да избега од земјата. До оваа недела тој одбиваше да го стори тоа.

Друг човек

„И да речеме дека си одам и одам во Америка, и кој сум јас таму? Што да правам?“, вели тој. „Ако не сум потребен ниту во сопствената земја, тогаш кому му требам таму?“.

Поради ова, Филатјев секоја вечер престојувал во различен хотел по две недели и живеел со тежок црн ранец кој го носел со себе, обидувајќи се да остане чекор понапред од полицијата. Дури и тогаш, признава, не требало да биде тешко да го пронајдат.

Како што пишува „Гардијан“, тие не може самостојно да ги потврдат целосните детали за неговата приказна, но тој доставил документи и фотографии на кои се гледа дека е падобранец на 56-от воздухопловно-десантен полк стациониран на Крим, хоспитализиран поради повреда на окото здобиена додека „вршел специјална мисија во Украина“ во април и дека пред да излезе во јавноста директно му пишал на Кремљ со поплаки за војната.

Старите фотографии го прикажуваат Филатјев како тинејџер во традиционалната сино-бела долна кошула што ја носат војниците меѓу нивните другари, потоа виси на вртелешка за време на обуката за падобран, а подоцна, постар, избричен човек, позира со пушка во Крим пред почетокот на војната.

Роден во воено семејство во јужниот град Волгодонск, 34-годишниот Филатјев поминал голем дел од раните 20-ти во војска. Откако служел во Чеченија во доцните 2000-ти, тој поминал речиси една деценија како тренер на коњи, работејќи за руската компанија за месо Мираторг и богати клиенти, пред да се приклучи на војската во 2021 година од, како што вели, финансиски причини.

Тој сега е поинаков човек. Силната структура и артикулација сè уште се таму, но војната и стресот го зеле својот данок. Неговите образи со лузни се покриени со двонеделна брада. Сè уште не гледа целосно со десното око и горко се смее што на странски новинар мора да се пожали за руската војска.

„Велат дека херојството на едни е вина на други. Ова е 21 век, ние ја започнавме оваа идиотска војна и повторно ги повикуваме војниците на херојски дела, на жртви. Во што е проблемот – не гинеме така?“, рече тој.

Што станавме?

Најмногу се прашува зошто сè уште е на слобода. Тој слушнал дека неговата единица се подготвува да го обвини за дезертерство, обвинение што може да го одведе во затвор со години. А сепак ништо не се случило.

„Не разбирам зошто сè уште не ме зграпчиле. Реков повеќе од кој било во последните шест месеци. Можеби не знаат што да прават со мене“, вели тој по состанокот на железничката станица во Москва.

Тоа е мистерија што можеби никогаш нема да ја решат. Филатјев побегнал од земјата во непознат правец веднаш по саботата вечерта, кога тргнал да најде хостел во кој ќе преноќи. Два дена подоцна, Осечкин објави дека Филатјев успеал да побегне од Русија „пред апсењето“. Сè уште не е јасно дали тој е формално обвинет за какво било кривично дело во Русија.

„Зошто да морам да бегам од мојата земја само затоа што ја кажав вистината за тоа во што овие копилиња ја претворија нашата војска“, напиша Филатјев во пораката на Телеграма. „Преплавен сум со емоции затоа што морав да ја напуштам мојата земја“, вели тој.

Тој и понатаму е еден од само неколкуте руски војници кои јавно зборуваат за војната, иако по месеци мачење околу тоа како да го направат тоа без да ја нарушат својата служба.

„Луѓето ме прашуваат зошто не сум го фрлил оружјето. Па, јас сум против оваа војна, но јас не сум генерал, не сум министер за одбрана, не сум Путин – не знам како да ја спречам. Ништо не би променил со фрлање на оружјето и напуштање на соборците како кукавица“, рече тој.

Седејќи на прометните улици на Москва веројатно последен пат, тој рече дека се надева дека сето тоа ќе заврши по некакви народни протести како оние за време на Виетнамската војна. Но, засега, рече тој, се чини дека е многу далеку од тоа.

„Јас сум само преплашен од она што ќе се случи следно“, рече тој, замислувајќи дека Русија се бори за целосна победа и покрај страшната цена. „Што ќе платиме за тоа? Кој ќе остане во нашата земја?… За себе реков дека ова е лична трагедија. Оти што станавме? И како може да биде полошо?“, прашува на крајот Филатјев.

Извор: Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ