Според податоците кои ги објави Државната изборна комисија, излезноста на Локалните избори за градоначалник во Општина Маврово и Ростуше до 18.30 часот изнесува 51,17%. Правото на глас го искористиле 5090 граѓан(к)и, од вкупно 9.948. Како што веќе информиравме, цензусот за изборите да бидат успешни беше постигнат до 15 часот.
Градоначалник на Општина Маврово Ростуше ќе биде победникот од кандидатите Мевмед Џафери од ВМРО ДПМНЕ и Медат Куртовски од СДСМ.
Во Центар Жупа до 18.30 часот гласале 3312 лица, што е 46,30% од вкупниот број на избирачи. И во оваа општина е исполнет цензусот за избор на градоначалник. Поради тоа што имаше само еден кандидат, старо новиот градоначалник на општината е кандидатот на владејачката коалиција, предложен од ТДП, Аријан Ибраим.
Во Тетово, каде граѓаните бираат членови на Советот има далеку помала излезност. До 18.30 часот гласале 2754 избирачи, а излезноста е 32,76 %.
Изборите во сите три општини поминаа мирно, без инциденти и во демократска атмосфера.
М.Д.












