Според податоците кои ги објави Државната изборна комисија, излезноста на Локалните избори за градоначалник во Општина Маврово и Ростуше до 17 часот изнесува 44%. Правото на глас го искористиле 4.377 граѓани, од вкупно 9.948. Како што веќе информиравме, цензусот за изборите да бидат успешни беше постигнат до 15 часот.
И во Центар Жупа е исполнет цензусот. До 17 часот во оваа општина гласале 2.984 лица, што е 41,71% од вкупниот број на избирачи. Во Тетово, каде граѓаните бираат членови на Советот има далеку помала излезност. До 17 часот излезноста е 27,79%.
М.Д.












