Според досега преброените гласови, од СДСМ прогласија победа во Маврово Ростуше, каде нов градоначалник на Општина Маврово Ростуше е Медат Куртовски, кандидатот на владејачката СДСМ.
Според информациите од од Државната изборна комисија, од досега преброените гласови, кандидатот на СДСМ, Ведат Куртоски има освовено 67,26 отсто од гласовите, додека противкандидатот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Мевмед Џафери освоил 27,76 отсто од преброените гласови.
Премиерот и лидер на СДСМ , пред насобраните граѓани му ја честиташе победата на Куртовски .
–Денес е голем ден и вие застанавте и одлучно кажавте дека сакате Маврово и Ростуше да оди напред. Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денес излегоа и го дадоа својот глас и придонесоа за овој изборен ден да помине демократски и достоинствено, изјави Ковачевски прогласувајќи победа во оваа општина.
Ковачевски истакна дека Маврово Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ, и дека 3.238 наспроти 1.900 гласови се потврда дека Медат одлично си ја врши својата работа последните четири години и со уште поголем елан ќе продолжи да ја извршува својата функција во наредните четири години во интерес на граѓаните.
Пред присутните Ковачевски изрази уверување дека со посветена работа Медат ќе продолжи за сите и за цело Маврово-Ростуше да ги реализира ветените проекти, за што ќе има поддршка од Владата затоа што граѓаните на Маврово и Ростуше тоа го заслужуваат.Ковачевск притоа му се заблагодари и на противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за фер и демократските избори.
Лидерот на СДАМ оцени дека граѓаните во овие предизвикувачки времиња препознале вистински политики и препознале кој работи за граѓаните, додавајќи дека победата на Медат е победа на концептот кој создава напредно но и развиено општество, европски вредности и евроспка иднина за Маврово-Ростуше и за целата држава.
Новиот градоначалник Куртовски се заблагодари на поддршката на сите оние кои дале глас за него.
-Се заблагодарувам и на мојот противкандидат д-р Мехмед Џафери и аплауз и за него. Се заблагодарувам за фер кампањата и фер односот и се надевам дека и понатаму ќе работиме заедно сите во интерес на сите наши граѓани без разлика кој за која политичка партија гласа. Ние сме тука мала општина и мораме заедно да работиме во интерес на сите граѓани. Оваа огромна победа за нас значи и огромна одговорност и јас ветувам дека чесно и одговорно ќе работиме и ќе ги реализираме сите проекти за нашите населени места. Да живее Маврово-Ростуше, да живее СДСМ, да живее Република Северна Македонија, рече Куртовски.
М.Д.












