• Latest
Војо Маневски

Двоен свет

August 24, 2022

24 ЧАСА: Кошта со јасна порака до Мицкоски – нема план „Б“ – исполнете го договореното; Путин се исплаши од Зеленски; Тирана домаќин на 6-от самит на Европската политичка заедница

May 15, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Зошто владејачкото мнозинство не гласаше за помош за настраданите во Кочани?

May 15, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Воените жаришта во светот како закана за Трета светска војна

May 15, 2025
Фото: Министерството за економија и труд

Дурмиши: За 2025 година утврдена квота од 10.000 работни дозволи за странци

May 15, 2025
Изет Меџити, вицепремиер (Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ)

Меџити: Арбен Фетаи и јас ги браневме етничките прашања во владата, Таравари не се пожали

May 15, 2025
Фото: Влада

Кошта – Мицкоски: Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија, процесот на евроинтеграции ќе се засили во периодот кој што следи

May 15, 2025
Фото: Instagram

Мексиканска инфлуенсерка застрелана за време на пренос во живо на TикТок

May 15, 2025
Фото: Скриншот МВР

МВР: На матурска прослава без автомобил, алкохол, дрога и без нарушување на јавниот ред и мир

May 15, 2025
Фото: Фејсбук Орхан Муртезани

Министерот за европски прашања Муртезани го пречека Кошта во Скопје

May 15, 2025

Реакции: „Благодарниците се за да не си даде оставка“; „Катастрофа, за нерешени убиства, пожарот во Кочани, секој ден сообраќајки?“…

May 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Двоен свет

August 24, 2022 15:20
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Како и зошто се наметнува некоја тема за која разговараме, дебатираме или пишуваме? Многупати сум размислувал за оваа, а одговорот останува далечен како и на почетокот кога си го поставив тоа прашање. Колку ли светови има што постојат истовремено, а само во различна димензија? Мора да се повеќе зошто имам впечаток дека поминуваме од еден во друг таков свет без да знаеме за тоа. Она што е сигурно е што ниту еден од нив не е вистинскиот и реалниот. Вистината не постои зошто е претешка за човечкиот мозок или мисла. Веројатно и затоа се избегнува а и таа го избегнува човечкиот род.

Утрово мојата ќеркичка во постојаната трка со поставување на разни прашања за сѐ околу неа, кратко ме праша? Тато знаеш ли дека денес попладне Даријан ќе оди за Австрија и ќе доаѓа само два пати годишно дома? Не, не знаев, одговорив кратко и само како уште едно камче во редицата ги ставив моите млади соседи што се отселуваат. Да, признавам дека немам храброст да и кажам на ќерка ми дека Дарио не оди за Австрија, туку го напушта својот роден град и своите другарчиња веројатно за долго, ако не и засекогаш. Мојот втор свет се вклучува, споменувајќи ги истите случаи од моето детство кога другарчето си одеше на неколку години, а никогаш не се врати а се испративме со довидување. За едниот свет тоа беше довидување а за другиот беше збогум. Нема привременост зошто ова време е само денешното, а каква ќе биде иднината само Господ знае си помислувам. Да, да, мои пријатели, се прашувам во кој свет живеам??? Во оној во кој ми се запустува соседството и темните прозорци на куќите навечер изгледаат како ослепени очи или нереалниот општествен свет на големи теми за кои сметам дека не сум дораснат да ги следам, а ниту дебатирам. Патриотизам, историја, корени, идентитет. Кој ли само измисли толку тешки зборови што тегобно се изговараат низ стиснатите од немоќ усни? Куп распенавени даскали што нетрпеливо и со несигурни аргументи се расправаат за случувања пред илјада години. Ај што се расправаат нека ги тоа им е работа, ама што неконтролирано нѐ заморуваат со тоа, почнува сѐ повеќе да ме нервира. Малиот Даријан го остава своето детство и кутрето Баки кај баба му и дедо му во дворот и оди во непознат свет каде куќите се под конец подредени,децата зборуваат на некој друг јазик а кучињата се чуваат во станови и на кревети. Таму неговиот Баки може да лае само до работ на терасата и да брани до вратата на тоалетот. И понатаму Баки ќе си лае во неговиот двор ама нема кој да го пофали за одбраната на домот на Даријан. Туѓ и различен е тој свет каде што оди другарчето на ќерка ми. Колку таму ќе биде значајно дали Климент е Бугарин или Македонец? Што тоа дете ќе учи веќе од следната учебна година. Господа бранители на вистината за која историја ќе учи Дамјан во Австрија и како ќе си го зачува идентитетот и со вашата научна помош? Ако смеам да приметам – тешко,тешко почитувани „магистри“ вашите трудови до  таму нема да стигнат.

Паралелен свет на самозалажување и неоснована агресивност, нѐ притисна почитувани граѓани и народи на Македонија. Ќе ни бегаат децата зошто од големите теми не можеме да се ослободиме. Пишувајте книги, одете не семинари, на тркалезни маси, само оставете го овој сиромашен народ на мир господо академици, професори, интелектуалци и онака ве има во доволен број за пополнување на комплетна агенда на такви активности и за побројни народи. Остана овој народ без младите свои деца, а вина имаме сите. И оние што ја матат водата и оние што матна вода пијат.

Кога веќе ја имате акомулирано таа памет неисцрпна, напишете или објаснете, кој е процесот кој слабите ученици или климаво моралните ликови ги става во можност да им ја одредуваат судбината на поморалните и повредните во генерацијата. Не оставајте да се посомневаме дека некој од вас е токму таа причина или последица. Кој на медиокритетите им ставаше виоски оценки? Ве молам не го браните овој народ зошто, бранејќи го стана плен на потребите на светските компании за ефтина работна сила. Не го бранете додека има шанса барем дел од него да опстане.

Збркан текст е овој драги пријатели, зошто навистина се чувствувам Македонец,значи дезориентирано или по нашки збркано. Барам оправдување во историјата за својата судбина без да признам дека за живот е потребна храброст. Да се спротиставиш на злото околу себе, иако знаеш дека ризикуваш комоција на едноставното и мирно секојдневие. Одбивам да уцврстувам научни ставови за историјата, зошто не сакам митови да ми ја одредуваат ниту блажината на утринското кафе, а не пак иднината. Патриотизмот на ликови од фејсзбук што веењето знаме го сметаат за храброст, а соочувањето со потребата на бранење на татковината ја сметаат за неправда кон себе си, ми ја прави ракијата со мирис на темјан. Би имал многу да напишам за мирисот на смртта и заситениот воздух од експлозивни материи, ама тоа е за оној свет на реалност, а не за паралелниот свет на социјалните мрежи и леснотија на пишаниот збор, без одговорност за последиците од него.

Ете почитувани пријатели вака некако се чуствувам неделава, која веројатно ќе ја запаметиме по судирот меѓу разните светови од кој се изгуби вистината. Комисии, истории, исти и различни народи сѐ тоа се измеша, а вистината како и секогаш е една и затоа е недофатна. Сиромашни народи исфрустрирани поради својата сиромаштија, бесперспективност,предмет на пазарење на империите, оправдување бараат во маглините на историјата. Со закрвени очи неспособни сме да видиме дека како песок низ рацете ни се лизга иднината.

Имам и еден совет до вас. Немојте да ги читате моиве небулози, ако ви го одземаат вниманието од големите теми. Јас за тоа замолкнувам да зборувам како што немав зборови што да му кажам на мојот најдобар другар што половина час гледаше во авионот што летна од Солун, носејќи го најдоброто од него, а со тоа завршувајќи еден дел од неговиот живот. Слаб е мојот талент за такви чувства, за тоа немам зборови за пишување. А кога ќе најдам зборови за галамџиите на политичката сцена е тогаш што би рекле моите штипjани – оди, па го сопри.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ