• Latest

Производството на струја од сонцето не смее да нè остави без храна

August 25, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Производството на струја од сонцето не смее да нè остави без храна

August 25, 2022 11:20
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на соларни полиња и користењето на сончевата енергија за производство на струја е еден од најефикасните начини земјава да ја намали зависноста од увоз на струја. Енергертската криза која нè очекува уште еднаш нè потсети колку земјата заостанува во искористувањето и инвестициите во алтернативните извори на енергија, особено сонцето кое го имаме во изобилие. Најновите олеснувања на постапката за поставување на фотоволтаици го разбудија интересот на инвеститорите, но експертите предупредуваат дека не смее да се дозволи тоа да донесе повеќе проблеми отколку бенефит. Од тие причини мора точно се дефинира која земја смее, а која не, да се употреби за изградба на соларните полиња, пренесува Мета.

Производството на енергија од сонцето не смее да не остави без храна, а земјоделското земјиште мора да се заштити од желбите на инвеститорите. Пренамената на плодната почва во градежно земјиште не е непозната активност во земјава и досега многупати се докажала како погубна, предупредуваат еколошките активисти.

Невена Смилевска од „Еко свест“ смета дека олеснувањето на административната процедура за поставување на фотоволтаици заедно со зголемувањето на цената на електричната енергија треба да е поттик за домаќинствата и за правните лица да инвестираат во искористување на сончевата енергија. Оваа граѓанска организација подолго време зборуваше за потребата да се поедностави процедурата и искористувањето на сончевата енергија да стане многу подостапно и за граѓаните и за компаниите.

Смилевска вели дека е јасно оти оваа можност за голем број на граѓани кои влегуваат во ранливите категории и понатаму нема да биде достапна, но има голем број домаќинства и фирми кои се подготвени да инвестираат и треба да им се помогне на секој начин. На тој начин нема да се намали само нивната потрошувачка, туку ќе се намали потребата од нечиста енергија произведена во РЕК Битола и ќе значи генерално олеснување на зависноста на земјата од енергија која се увезува.

„Ова е дефинитивно чекор во добра насока. Но, има и еден негативен момент, што постои опција за пренамена на земјоделско земјиште во градежно и негово користење за поставување на фотоволтаици. Тоа е недозволиво. Земјата нѝ е потребна за производство на храна. Секако, дозволиво е комбинирање на овие две активности односно користење на сончевата енергија во процесот на производство на храна, но пренамена на ниви во земја за енергетска употреба, без разлика дали е приватна или државна сопственост е недозволиво. Земјиштето е ресурс што никој нема право да го уништува“, категорична е Смилевска.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека земјиштето од земјоделско се пренаменува во градежно за изградба на објекти кои се предвидени со урбанистичко-планската документација. Посочуваат дека таа документација се прави во строго утврдени чекори и постапки со вклученост на сите засегнати страни, меѓу кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈП Национални шуми, општините и останати институции.

„Согласно Законот за градење за изградба на фотоволтаични електрани се издава одобрение за градење на градежно земјиште со намена фотоволтаични електрани во рамки на една градежна парцела, оформена со Урбанистички план или проект согласно Законот за урбанистичко планирање. Кога станува збор за поставување на фотоволтаични панели на кровна површина на објекти, согласно Законот за градење, се издава решение за градење како поедноставна процедура утврдена со закон“, велат во Министерството за транспорт и врски.

Според информациите од Регулаторна комисија за енергетика, пристигнатите барања за издавање на лиценца за производство на електрична енергија и издадени лиценци за производство на електрична енергија, само во текот на оваа година го надминуваат капацитетот на хидроелектраната Козјак со инсталирана моќност од 82 MW. Споредено со 2021 година, посочуваат од РКЕ, биле издадени лиценци за вкупно 16,6 MW.

Од Министерството за економија информираат дека по направените промени во Правилникот за обновливи извори на енергија со кој се отстранети пречките кои го отежнуваа процесот за поставување на фотонапонски електрани, при што вишокот на произведената електрична енергија се предава во системот – потрошувач производител, интересот кај граѓаните за поставување на фотонапонски панели на кров е значително зголемен.

Посочуваат дека во моментов е во тек измена на Програмата за промоција на обновливи извори на енергија за да се зголемат предвидените средства за надоместок, по што ќе биде објавен и огласот за субвенции. Сепак, до ова Министерство веќе пристигнале десетина барања за субвенционирање на трошоците за веќе поставени фотонапонски панели со инсталирана моќност од околу 30 kW.

„Граѓаните се известени дека по објавување на повикот треба да аплицираат. Министерството подготвува прирачник за поставувањето на фотонапонските електрани на кров кој наскоро ќе биде објавен на веб страната. Што се однесува до инвестирањето во фотонапонски електрани од страна на приватни инвеститори, интересот е огромен. Министерството постојано е отворено за заинтересираните инвеститори кои се упатуваат на потребните чекори за инвестирање и прирачникот“, велат од Министерството за економија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ