• Latest

Османи: Остануваме ангажирани за заштита и промовирање на етничката, културна и јазична посебност на Македонците во Албанија

August 28, 2022

„Храброст“

November 29, 2026

АФЕРА АЛТА БАНКА | ПЛАНОТ НА БРАЌАТА МАЦУРА: Брза пенетрација во македонското економско ткиво

November 29, 2026

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Османи: Остануваме ангажирани за заштита и промовирање на етничката, културна и јазична посебност на Македонците во Албанија

August 28, 2022 16:08
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за надворешни работи останува во комуникација со македонското национално малцинство Албанија за прашања кои ги засегаат Македонците овде и активно е ангажирано за заштита и промовирање на нивната етничката, културна и јазична посебност, истакна Министерот за надворешни работи, Бујар Османи при денешните средби со истакнати активисти и претставници на Македонците од Албанија во Требиште и Пустец, соопшти МНР

На оваа втора по ред посета на Османи на Македонците во Албанија во изминатите неколку месеци е во рамките на континуираната соработка меѓу МНР и македонските здруженија од оваа соседна земја.

Во фокус на разговорите на Османи со неговите домаќини беше положбата на Македонците во Албанија и поддршката што тие ја добиваат од институциите на Северна Македонија, при што министерот како конкретна форма на таа помош ги издвои проектите финансирани од МНР и владините стипендии за студирање во земјава.

Османи потенцира дека ќе подготви информација до Владата и акциски план, како Северна Македонија и нејзините институции можат преку конкретни проекти да им помогнат на Македонците во Албанија.

На средбата со претставниците на Требиште се разговараше и околу можностите за промена на работното време на граничниот премин „Требиште-Џепиште“, како исклучително важно за прашање за македонското население во регионот на Голо Брдо за проширувањето на соработката меѓу локалните единици од двете страни на границата и за поттикнување на економската и културната соработка.

Министерот Османи во разговорите го потенцира значењето на иницијативата „Отворен Балкан“, која меѓу другото подразбира отворање нови или ревитализирање на постојните гранични премини. Тој потенцираше дека преминот „Требиште-Џепиште“ ќе придонесе за уште поголема флуктуација на населението што ќе овозможи подобрување на севкупните состојби во тој крај.

Во Пустец, Османи се сретна со претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија – Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјоски, со градоначалникот Пали Колески и со Трајан Вангеловски, директорот на основното и средно училиште во ова место во кое учениците посетуваат настава на македонски јазик.

На средбите се разговараше за подобрување на условите за живеење и беа разгледани повеќе проекти поврзани со комуналното уредување на општината, а беше истакнаа и потребата од натамошно зголемување на можностите за студирање на Македонците од Албанија на високо образовните институции во Северна Македонија, која се спроведува повеќе децении.

Во рамки на престојот во Пустец, Османи ја посети и спомен куќата на писателот Стерјо Спасе, проект кој во рамките на ИПА програмата на ЕУ беше реализиран од страна на Битолскиот завод – музеј и Дирекцијата за култура на Корча.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ