ЦИВИЛ организира панел дискусија „Зад димната завеса: Со референдумот или на него“, денеска со почеток во 13 часот. Учесници на панелот се политикологот Сотир Костов, новинарот Столе Наумов и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, а модератор ќе биде аналитичарот Зоран Иванов.
Панелот ќе се занимава со различните аспекти од најновата иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ, за задолжителен референдум, со кој се бара „напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Настанот ќе се пренесува во живо на онлајн каналите на ЦИВИЛ, Фејсбук и Јутуб.