Пет логопеди од Хонгконг се осудени на затворска казна поради конспирација. Според властите, специјалисти од областа на патологијата на јазикот и говорот „им ги переле мозоците на децата“ преку книги.
Логопедите ќе отслужуваат казни од по 19 месеци поради книгите што ги објавиле и во кои се наоѓале карикатури на овци и волци. Обвинителите ги оценуваат фотографиите како антивладини.
Во книгите, овците се борат со волците, а сцената наликува на масовните продемократски протести во 2019 година.
Според главниот судија, обвинетите треба да бидат казнети „не поради објавувањето или зборовите, туку поради нивната опасност или ризикот да им наштетат на детските умови“, додавајќи дека делата сеат семе на „нестабилност“, пишуваат странските медиуми.
Она што обвинетите го направија со децата на возраст од четири и повеќе години е всушност обид за перење мозоци со цел да се насочат многу малите деца да ги прифатат нивните ставови и вредности, додаде судијата во своето образложение на пресудата.












