Украинските сили денеска ја засилија контраофанзивата на истокот на земјата, искористувајќи го брзиот напредок што го постигнаа во еднонеделните борби кои нагло го променија текот на конфликтот.
Брзата акција на Украина за враќање на областите окупирани од Русија во североисточниот регион Харкив ја принуди Москва да ги повлече своите трупи за да спречи да бидат опколени, оставајќии значителни количини оружје и муниција во избрзаното повлекување.
Зеленски со порака:
„Руската армија во овие денови го покажува најдоброто што може да направи – да го покаже грбот“.
Повлекувањето на Русите го означи најголемиот успех на бојното поле за украинските сили откако го спречија рускиот обид да го заземе главниот град Киев на почетокот на речиси седуммесечната војна.