Во понеделник во Центарот на Скопје, свечено ќе се отвори „Алејата на Украина“ (улица Никола Кљушев) и изложбата која го демонстрира уништеното културно наследство на Украина.
„На 12.09.2022 година во 10:30 часот во центарот на Скопје Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, Амбасадорката на Украина Лариса Дир и Претседателот на Здружението на Украинците Олександр Урбанович свечено ќе ја отворат „Алејата на Украина“ (улица Никола Кљусев), како и изложбата која го демонстрира уништеното културно наследство на Украина“, информира Aмбасадата на Украина во Скопје.
Инаку денеска е двестотиот ден откако Руската Федерација ја започна војната против Украина.
Но денеска е и двестотиот ден на херојски отпор на Украинците, обединување и помош од пријателите и партнерите, нескротливост и немилосрдна борба за слободата на Украинскиот народ.