За една година имавме само еден состанок. На тој прв состанок според кажувањата на градоначалничката таа ни навести дека ќе се води политики за Шуто Оризари што ги има во нејзината програма, а ние да водиме паралено, односно ако она пушти некоја улица во употреба, ако сака градоначалникот на општината може да дојде, но и не мора, вели градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш на панелот на ЦИВИЛ „Шуто Оризари, заборавена општина“.
„Градоначалничката Арсовска во предизборната програма вети дека истата ќе биде надополнета и дека има конкретни проекти кои се брзи и сигурни решенија за старите проблеми на Шуто Оризари. Исто така вети дека ќе се посвети на проширување на „македонско-косовска бригада“ од чаир до Шуто Оризари, дека ќе обезбеди побрзо и побезбедно патување, што всушност е и најболната точка во нашата општина. Вети и продолжување и проширување од Булевар „Словенија“, како и ветувањето дека токму од Шуто Оризари повторно ќе покажеме дека Скопје се грижи за своите граѓани. Ветуваше и базен во Шуто Оризари.“, посочи меѓу другото Дудуш.
Д. Тахири
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети