• Latest

„Лична карта“ на јавните претпријатија – долгови и број на вработени

September 21, 2022
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Лична карта“ на јавните претпријатија – долгови и број на вработени

September 21, 2022 13:13
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјава има 149 јавни прeтпријатија на локално и на централно ниво од различни сектори. Голем дел од нив се потонати во милионски долгови, а поради енергетската криза, јавните комунални претпријатија најавија банкрот – клуч на врата и отпуштање на вработените, пишува Порталб. Во каква финансиска кондиција се јавните претпријатија и колку вработени опфаќаат?

Финансиски сметки во минус, доспеани а неплатени долгови

Од вкупниот број – 149 – јавни претпријатија во целата земја, 109 се јавни комунални претпријатија формирани на локално и на централно ниво, како и од Град Скопје.

Владата е основач на 14 јавни претпријатија и од нив десетина се во минус во првата половина од оваа година. Најголеми загуби во период од јануари до јуни прикажалo ЈП Национални шуми, кое е во минус со 2,7 милиони евра, ЈП МЖ Инфраструктура со 2,1 милион евра и ЈП Стрежево Битола со негативен финансиски резултат од 1,5 милион евра.

Во тешка финансиска кондиција се наоѓаат јавните комунални претпријатија. Од вкупниот број јавни претпријатија, повеќе од 130 се основани од општините и Градот Скопје, а конкретно само во надлежност на Град Скопје се осум јавни претпријатија. Аларм за состојбата вклучија градоначаниците на дел од општините, со предупредување дека се доведуваат во прашање услугите што ги добиваат граѓаните од комуналните претпријатија. Енергетската криза дополнително ја влоши финансиската состојба, со оглед на тоа што голем дел од комуналните претпријатија се наоѓаат на должничка листа – со доспеани, а неплатени обврски по различни основи.

Според долговите на новата листа, на високо второ место е МЖ Инфраструктура со долг од речиси 26 милиони евра.

Доспеани, а неплатени обврски на ЈП и ЈКП (јуни 2022)

МЖ Инфраструктура 25,9 милиони евра

ЈП Колекторски систем Скопје 8,8 милиони евра

ЈП Водовод Куманово 8,2 милиони евра

ЈП Водовод и канализација -Скопје 7,3 милиони евра

ЈКП „Тетово“ 5,4 милиони евра

ЈП Водовод Охрид 5,1 милиони евра

ЈСП Скопје 3,5 милиони евра

На должничката листа се комуналните претпријатија од речиси сите градови, ЈП Чистота – Куманово, ЈСП – Скопје, ЈП Комуналец Струмица, ЈП Комуналец Гостивар, ЈП Водовод Струга, ЈКП Дебар, ЈКП Свети Николе и други.

Во 2021 година 18.146 вработени во јавните претпријатија

Во сите јавни претпријатија според податоците од Министерството за информатичко општество, во 2021 година работеле 18.146 вработени, а според податоците од асоцијацијата на комунални претпријатија АДКОМ, само во комуналните претпријатија работат 15.000 луѓе.

Според бројот на вработени, предничи Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, кое е под „капата“ на Град Скопје. За финансиската 2021 година прикажало загуба од 3,3 милиони евра, а во него лани биле вработени 1.325 луѓе.

Уште едно ЈП основано од Град Скопје е со голем број вработени – ЈП Комунална хигиена Скопје со 1.321 вработени. Лани ова ЈП прикажало нето-загуба од 700.000 евра.

На трето место со 1.224 вработени е ЈП Водовод и канализација Скопје, ЈП кое котира на должничката листа со милионски доспеани, а неплатени обврски, но и со генерирана загуба од речиси 1,1 милион евра во календарската 2021 година.

Со над 300 вработени се и Јавните комунални претпријатија ЈКП Дервен – Велес, ЈКП Комуналец Прилеп, ЈКП Струмица, ЈКП Комуналец Кавадарци, ЈП Паркови и зеленило.

Јавните претпријатија често се коментираат како „јасли“ за згрижување на партиски кадри, а оние со најголем број вработени во повеќе случѐи покажуваат и најслаба ликвидност. Од АДКОМ подолг период бараат помош и логистика од Владата за да се премости енергетската криза, којѐ резултира со драматично високи сметки. Без помош од централната власт, менаџерите најавија дека ЈП ќе престанат со давање на услуги за граѓаните, а вработените ќе бидат отпуштени./ МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ