• Latest
Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил на Саемот на вино-Отворен Балкан во Белград/ Фото: Драган Мишев/Цивил Медиа

Кристофер Хил: Го видов договорот што го потпишаа Селаковиќ и Лавров, во него нема ништо посебно, но очигледна е намерата на Русија

September 27, 2022

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Кристофер Хил: Го видов договорот што го потпишаа Селаковиќ и Лавров, во него нема ништо посебно, но очигледна е намерата на Русија

September 27, 2022 16:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил на Саемот на вино-Отворен Балкан во Белград/ Фото: Драган Мишев/Цивил Медиа

Американскиот амбасадор во Белград Кристофер Хил на Саемот на вино-Отворен Балкан во Белград/ Фото: Драган Мишев/Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот амбасадор Кристофер Хил денеска за ФоНет изјави дека го видел Планот за консултации што го потпишаа министрите за надворешни работи на Србија и на Русија, Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров и дека во него нема ништо посебно, туку дека Русија сака да ја оправда војната во Украина.

Хил рече дека не знаеле што пишува во Планот за консултации што го потпишаа министрите за надворешни работи на Србија и на Русија на крајот од неделата на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), но знаеле дека потпишувањето на договор со земја како Русија беше невообичаено и дека сакале појаснување.

„Го видов планот, нема многу во него. Прашање е зошто Русија го сакаше тоа и очигледно е дека Русија сакаше план за да ја оправда својата војна во Украина. Однесувањето на Русија беше осудено од сите во САД, во Индија, дури и Кина ги критикуваше. Никој не ги поддржува во тој напор. Прашање е зошто би добиле потврда од кој било за тоа што му го направиле на својот сосед“, рече Хил.

На прашањето зошто побарале објаснување за потпишување на протоколот и дали тоа е пример за координирана кампања на притисок врз Србија од Западот, Хил рече дека Србија не е нападната, туку дека Русија ја напаѓа Украина и дека тие побара објаснување, бидејќи беше чудно што на крајот на неделата Србија потпиша договор со Русија во ОН.

Запрашан да го објасни ставот дека сега никој не треба да потпишува ништо со Русија, Хил рече дека луѓето треба да разберат дека не се работи за Србија, туку за Русија и за однесувањето на Русија, која врши воени злосторства во Украина и ги надмина границите на прифатливото за секого.

„Прашањето е зошто да потпишете нешто со нив сега. Русија треба да се фокусира на излегување од Украина и да моли за прошка од нас останатите“, рече Хил.

На прашањето дали има простор земјата да остане неутрална и дали Србија има право да води своја надворешна политика, Хил посочи дека Србија има право да ја води својата надворешна политика, но дека САД имаат право јасно да кажат што мислат за одредени одлуки и дека во овој случај Русија се однесува на ужасен начин и никој не треба да стои на страна и да каже дека е во ред една земја да ѝ прави такво нешто на друга.

Запрашан за коментар на фактот дека Србија нема да ги признае референдумите во четири области во Украина кои се контролирани од руските сили, Хил рече:

„Србија е во право. Не треба да ги признае тие референдуми, бидејќи тие не беа правилно спроведени, тоа се референдуми под пиштол, со закани од бајонет за луѓе“.

Да потсетиме, за време на седницата на Генералното собрание на ОН, министрите за надворешни работи на Србија и Русија, Никола Селаковиќ и Сергеј Лавров потпишаа договорот, кој наиде на бурни реакции во Европа.

Европската Унија го сфаќа потпишувањето на документот меѓу Србија и Русија „многу сериозно“, изјави портпаролот на Европската комисија, Петер Стано.

„Би започнал со контекстот, затоа што живееме во време кога Русија е вклучена во нелегална агресија против нејзиниот сосед, Украина. Секојдневно ја прекршува Повелбата на ОН и меѓународното право и прави злосторства. Русија неодамна го отвори патот за нови ескалации, најавувајќи делумна мобилизација и поддршка за нелегални референдуми за анексија на делови од украинската територија“, рече Стано.

Селаковиќ рече дека станува збор за документ кој не содржи прашања за усогласување на безбедносната политика.

„Тоа е документ кој е потпишан од 1996 година. Тоа е техничка работа, која особено оваа година, покрај билатералните консултации кои се однесуваат на Обединетите нации, а која за нас е особено важна поради Косово и Метохија, постои без безбедносни консултации како тема на политиката“, посочи тој.

Селаковиќ рече дека со потпишаниот договор се регулираат билатералните односи, но и мултилатералните и дека таков договор се потпишува со години. Имајќи ја предвид актуелната ситуација, Селаковиќ рече дека негов личен став е дека Србија можела да одбие да го потпише договорот, но дека во него не гледа ништо суштински непристојно, поради што треба да се прекине соработката меѓу Србија и Русија на тој план.

Извор: НоваТВ

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ