• Latest

Министерство за финансии: Историски највисок поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 500 милиони евра

September 30, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС

Министерство за финансии: Историски највисок поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 500 милиони евра

September 30, 2022 09:37
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА & БИЗНИС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државата за само девет месеци од оваа година извршила поврат на ДДВ кон стопанството во износ од 30,7 милијарди денари. Тоа е историски највисоко ниво на поврат на ДДВ извршен кон стопанството досега. Само за споредба износот вратен кон фирмите во деветте месеци од оваа година е за 48,9 отсто повеќе во споредба со повратот на ДДВ извршен за 12 месеци од 2021 година, додека во споредба со 2020 и 2019 година тој процент, е над 70 отсто, односно 72,8 и 75,5 проценти.

Ова, според МФ, кажува за зајакнатиот инспекциски надзор од страна на Управата за јавни приходи, поголемата ефикасност во наплатата на даночните приходи и со тоа овозможување забрзана реализација на поврат на ДДВ.

Податоците за извршениот поврат на ДДВ по години покажуваат дека тој износ од година во година расте. Така што за цела 2019 година е направен поврат од 17,5 милијарди денари, во 2020 година 17,8 милијарди денари, во 2021 година 20,6 милијарди денари и во 2022 година само за девет месеци има за 10,1 милијарда денари извршен поврат повеќе во споредба со 2021 година.

Извршениот поврат на ДДВ во 2022 година за деветте месеци е за 19,3 милијарди денари повисок во однос на повратот извршен во првите девет месеци од 2014 година. Така што во 2014 година бил извршен повратот во деветте месеци во износ од 11,4 милијарди денари, 2015 година 12,1 милијарда денари, во 2016 – 11,6 милијарди денари, во 2017 – 13,8 милијарди денари, во 2018 – 17,5 милијарди денари, во 2019 и 2020 година по 18,2 милијарди денари и во 2021 година 30,7 милијарди денари.

Повратот на ДДВ кон стопанството значи поддршка на ликвидноста и конкуреноста на компании, а особено е значајно што тој се врши тековно и навреме и тоа дава одредена сигурност на компаниите, а што е особено значајно во услови на криза, како што е случај во последните години со Ковид 19 и актуелната енергетска и ценовна криза.

Ваквата динамика во процесот на поврат на ДДВ ќе продолжи и во иднина, со оглед на тоа што овој процес ќе има целосна автоматизација.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ