Државниот завод за статистика денес објави нов сет на податоци од Попис 2021 кои се однесуваат
на брачниот статус на населението, бројот на живородени деца и миграциите внатре во државата.
Според Пописот 2021, во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе,
според брачниот статус, 23. 8 % се неженети/ немажени, 65.3% се мажени /женети, 7.2% се
вдовци / вдовици и 1.6% се разведени. Регистрирани се и вкупно 3 случаи на вдовци/ вдовици и
13 случаи на рзведени во возрасната група од 15 -19 години.
Во вкупното резидентно население на возраст од 15 години и повеќе, 98.4 % живеат во брачна
заедница, а 1.6% во вонбрачна заедница.
81.1% од вкупното резидентно население изјавиле дека не се селеле (автохтоно население), а
11,7% дека се доселиле во местото на вообичаено живеење.
Според местото на раѓање, 90% од вкупното резидентно население се родени во Република
Северна Македонија.
Деталните податоци можете да ги најдете на следниот линк:
https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021__Nasele
nieVkupno__Naselenie__Demografija/
https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021__Nasele
nieVkupno__Naselenie__Demografija/
М.Д.