• Latest

Грковска: Прашањето за родовата еднаквост не е само прашање на жените

October 1, 2022

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Грковска: Прашањето за родовата еднаквост не е само прашање на жените

October 1, 2022 14:45
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

За уривањето на стереотипите треба време и многу труд и затоа во текот на мојата политичка кариера силно сум се залагала за воведување и унапредување на квотата за родова еднаквост во политиката, мерка на која гледам како можност квалитетот на жените да дојде до израз, оцени вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска.

Таа, на денешниот панел посветен на тема „Жените во политиката“, во рамките на Академијата за јавни политики, во организација на Форумот за разумни политики и ИФЕС, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка, нагласи дека прашањето за правична застапеност на жените не е прашање за кое треба да зборуваат или кое е борба само жените, туку е општествено прашање во кое треба да бидат вклучени сите и мажите и жените. Знаењето, квалитетот и упорноста што ја имаат жените, додаде таа, се значаен придонес за напредокот на општеството.

Од тие причини, посочи вицепремиерката, далечната 1999 година инсистиравме претседателите на сите политички партии да потпишат Декларација за повеќе жени во политиката.

Родовата еднаквост во политиката треба да има влијание во сите општествени сфери. Во локалната самоуправа, во јавните претпријатија и во бизнис секторот каде што ако видиме на врвот има многу малку жени. Тука е и прашањето за еднаква плата за еднаква позиција. Ние сме сведоци дека жените се уште се дискриминирани во однос на платата и тоа не само Северна Македонија, туку во демократски високоразвиените земји, рече Грковска.

Таа нагласи дека во услови на недостаток на мерит систем квотите создаваат услови да се обезбеди поголем пристап на жените во политиката.

За се што сте уверени дека заслужува да се борите, бидете упорни и истрајни особено ако сте уверени дека тоа е за општествено добро, им порача Грковска на претставниците од подмладоците на политичките партии.

На панелот учествуваа и Кристина Хаџи Василева, експерт за родови прашања, Мерита Максути од „Еко Герила“ – Тетово и Магдалена Манаскова, поранешна пратеничка.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ