• Latest

Петровска – Лекорну: Македонско – француската соработка се зацврстува – потпишан Договор за соработка во одбраната

October 14, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Петровска – Лекорну: Македонско – француската соработка се зацврстува – потпишан Договор за соработка во одбраната

October 14, 2022 11:37
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со заеднички изразен интерес за продлабочување и проширување на билатералната соработка, Република Северна Македонија и Француската Република, како НАТО сојузници, денеска ја зацврстија меѓусебната соработка, информираат од Министерството за одбрана.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и францускиот министер за вооружени сили Себастијан Лекорну денеска во Париз по одржувањето на официјалната средба, го потпишаа Договорот за соработка во областа на одбраната, кој воедно е прв од ваков карактер меѓу двете земји,  а кој следува по потпишувањето на Договорот за набавка на воена опрема од француско производство. На средбата стана збор за соработката меѓу двете министерства и за состојбите во нашата земја и во регионот.

Со потпишувањето на овој договор се предвидува интензивирање на македонско -француската соработка во одбраната. Договорот предвидува плодна билатерална соработка во повеќе области како меѓусебна поддршка и развој на стратегиската одбранбена политика, организација и функционирање на силите, учество во меѓународни операции, воени вежби и тренинзи, воена едукација и друго.

„Одбранбената соработка помеѓу Северна Македонија и Франција е во фаза на силен развој и во овој момент го доживува максимумот. Договорот ќе даде дополнителен инпут кон досегашната соработка во полето на воената обука и едукација на кадри од Армијата на престижните француски воени школи, како и можности за заеднички развој на способностите и вештините на припадниците на вооружените сили и развојот на интероперабилноста на армискиот полигон „Криволак“”, рече министерката Петровска на состанокот со Лекорну.

Во разговорите министерката Петровска ја потенцираше важноста од интензивирањето на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, како инвестиција во безбедноста и сигурноста на регионот, но и на Европа.

„Како сојузници во Алијансата, остануваме посветени во градењето на мирот, безбедноста и стабилноста на регионот. Имаме исти предизвици, треба да најдеме заеднички решенија. Клучот за безбедна и просперитетна иднина на регионот е во демократизацијата и засилената европеизација на Западен Балкан”, истакна Петровска.

„За Франција, релацијата со Северна Македонија е централна точка за односот со Западен Балкан, а придонесот што вашата земја го дава во НАТО и за ЕУ, особено го цениме”, нагласи министерот Лекорну на средбата.

За време на работната посета на Франција, министерката Петровска ќе оствари средба и со директорот на Институтот за високи студии за национална одбрана на Франција, генералот Беноа Дуре, а се предвидува и средба со претставници на француската компанија МБДИ, како и со нашите претставници од дијаспората.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ