• Latest

КСЗД: Заканите кон Бендевска се поттикнување на насилство од омраза и обид за вршење влијание врз Комисијата

October 17, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

КСЗД: Заканите кон Бендевска се поттикнување на насилство од омраза и обид за вршење влијание врз Комисијата

October 17, 2022 16:18
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека „најостро реагира“ за говорот на омраза кој содржи закани за физичка ликвидација на нејзиниот член Весна Бендевска, извршено на двата профила на лицето Виктор Стојанов, претседател на Фондацијата Македонија од Софија, на социјалната мрежа Фејсбук, со став дека тоа не само што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, кој е избран државен функционер, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост.

Како што соопштуваат од КСЗД, во неговите објави поставена е фотографија од Бендевска со навредувачка, но и поттикнувачка содржина за нејзина ликвидација. Во коментарите предизвикани од објавата се издвојуваат и повеќе заканувачки содржини.

– За ова, КСЗД го извести МНР, односно Тематската подгрупа за говор на омраза која е во рамки на Меѓуресорската работна група за политичка координација за спроведување на мерките од протоколот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, формирана со одлука на Владата и очекува соодветна институционална реакција, наведуваат од КСЗД..

Ваквите објави, за кои Комисијата смета дека не само што спаѓаат во говор на омраза што поттикнува насилство од омраза кон член на КСЗД, туку претставува и обид да се изврши влијание врз независноста на Комисијата во целост, посочуваат од таму, следеа по прес – конференцијата, во која беа објавени Мислењето и препораките по однос на претставката поднесена од „Сојузот на борците од народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941 – 1945 година и граѓаните продолжувачи – Општински одбор – Битола“, против Здружението „Културен центар Иван Михајлов – Битола“, одржана во петокот, наведуваат од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

– Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дискриминација по основ на национална и етничка припадност за основањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов“ – Битола. КСЗД утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот. Здружението Културен центар „Иван Михајлов“, воедно, е должно во одреден рок да ги отстрани сите спорни елементи во статутот и програмата, што предизвикуваат вознемирување, утврди во петокот Комисијата и препорача до Министерството за правда во даден рок да изврши надзор над законитоста на примената одредба на Законот за здруженија и фондации.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ