• Latest

Петровска: Направивме сериозни чекори напред, имаме уште работа, но секогаш фокусот ни е на државниот интерес и човековите права

October 19, 2022

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Петровска: Направивме сериозни чекори напред, имаме уште работа, но секогаш фокусот ни е на државниот интерес и човековите права

October 19, 2022 13:42
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска учествуваше на годишната конференција „Реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија“, која се одржа во организација на Женевскиот центар за управување во безбедносниот сектор, информираат од Министерството за одбрана.

На првиот панел посветен на достигнувањата во безбедносно – разузнавачката област, идните предизвици и приоритети, Петровска истакна дека станува збор за реформа која никогаш не завршува затоа што станува збор за однос помеѓу заштита на човековите права и она што се интереси и развој на разузнавачкиот и безбедносниот сектор.

Процесот на реформа на безбедносниот и разузнавачкиот систем беше замислен како инклузивен процес вклучувајќи го и граѓанскиот сектор, рече министерката, и додаде дека законите се донесени, но за целосен успех мора да се затвори процесот, односно да профункционира Советот за граѓански надзор и да се ангажираат експерти кои дополнително на пратениците ќе им обезбедат знаење и вклученост на членовите на собраниската Комисија во спроведувањето на надзорот.

Достигнувањата во оваа сфера, дополни Петровска, се препознаени и од Европската Унија.

„Во неодамна објавениот извештајот од Европската комисија се признаваат напорите што се вложени изминатиов период, а тоа апсолутно не се напори само на една влада или одредени министри, туку се напори на целото општество”, потенцираше Петровска.

Министерката се осврна и на надзорот во оваа област, особено во контекст на воената служба за безбедност и разузнавање и истакна дека согласно Концептот МКД 2030 промовиран во Министерството и согласно стратешките документи на НАТО алијансата, формиран е комитет кој има задача да отвори јавна дискусија за тоа како треба да биде регулирано ова прашање.

Министерката порача дека е подготвена да оди и чекор понапред и во однос на изборот на раководителот на оваа воена служба.

“Во министерството во рамките на постојните закони пропишани се правила, но ако сакаме да го постигнеме она што беше суштината на почетокот на оваа реформа, а тоа е намалување на политичкото влијание врз работата на овие служби, сметам дека и овој сегмент мора да биде опфатен”, рече министерката и додаде дека решението ќе произлезе од дебатата, но намерата е да постојат повисоки критериуми кои ќе го ограничат дискреционото право или просторот за маневар на министерот, сега и во иднина.

Министерката упати покана и до Женевскиот центар за управување во безбедносниот сектор за активно учество во овие процеси.

На панелот со министерката Петровска учествуваа и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, директорите на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски и Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу и претседателот на Комисијата за надзор на АНБ и АР, Љупчо Пренџов, а конференцијата беше отворена од претседателот на Собранието Талат Џафери и амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ