• Latest

Скопјотрес, или „пешки му е мајката“!

October 20, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Скопјотрес, или „пешки му е мајката“!

October 20, 2022 09:52
in ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДИЈАНА ТАХИРИ

Синоќа имало земјотрес во Скопје, но малкумина го почувствувале бидејќи бил со низок степен по некои мерни скали, но дека Скопје се тресе ( а и цела држава), чувствуваат речиси сите, освен оние кои немаат грижи како „обичните смртници“ кои патем се огромно мнозинство во нашата мала држава.

Утрово нема автобуси, јавен превоз, кој е една од најважните потреби на граѓаните од раните утрински часови, до доцна навечер. Голем број граѓани се зависни токму од јавниот превоз, да објаснам како за четиригодишни деца, немаат превозни средства за пристигнување на работните места, и враќање во своите домови. Зошто нема јавен превоз денеска, е веќе тема за подлабока анализа на политиките на институцијата Град Скопје, и не само. Не мислам дека се во прашање само неисплатените месечни примања на вработените во ЈСП, освен долговите за што вчера протестираа со автобуси пред Влада. Но, сигурна сум дека за овие прашања ќе има уште многу препукувања и обвинувања помеѓу опозициските и позициските страни. Што лично, не ме засега, ниту ме интересира. Ме интересира, на пример, за кого игра градоначалничката на мојот град, Данела Арсовска. За другите, знаеме ( некој помалку, некој повеќе).

Непотребно е да се напомене дека Арсовска за (сега веќе) една година мандат на управување со главниот град, успеа да го сврти вниманието, но и бесот на граѓаните со своите (како што вчера при враќање со автобус накај дома, кога дознавме дека денеска нема да имаме превоз, еден од патниците ја нарече “малце ко недоквакана, час се смее во воздух, час глуми тигрица од село“) дезориентирани, ретки но „впечатливи“ јавни настапи и уште „повпечатлива“ работа. Никако да се реши дали нешто што ветила „ќе има“, или „ќе нема“. Зависи од учеството по тендери, така личи. Но да ја оставиме Арсовска, мислам дека е крајно време да се потегнат кои и да се тие механизми за менување на градоначалник.

Што се случува денеска во главниот град на државата? Се случува следното, граѓани висат на автобуски станици, иако се информирани дека ќе немаат јавен превоз, во надеж дека можеби ќе има. Одат на работа, на училиште, на лекар… Повеќето немаат можност за работа од дома, како што и повеќето не можат да си дозволат да платат такси превоз, не живеат сите во близина на работните места, дотолку повеќе, има граѓани на кои им се потребни два автобуси за да стигната на работното место. Да не зборуваме за толеранцијата на работодавците, слушам дека одредени работодавци немаат слух за тоа што се случува, односно за околностите од кои зависат нивните работници, па може да им одбијат од плата. Затоа што вработените во ЈСП не добиле плата и нема кој да ги вози. И ова е само мал дел од синџирот со кој ќе се соочува градот денеска, а можеби и наредните денови, до исполнување на барањата на вработените од ЈСП. Некој кажа, „сега им е мајката на таксистите“… во смисла дека додека нема јавен превоз, ќе имаат повеќе работа, а некои велат „пешки му е мајката“.  А ретко кој вели дека овој хаос, покрај длабоката економска криза, ќе се одрази речиси исклучително на тенкиот буџет на граѓаните. Што ќе се случи доколку се реши септемвриската плата за вработените од ЈСП, а нема за октомври, ноември итн.? Според тоа дека градската каса е празна, а исплатата на септемвриската плата во моментов е само експресно краткорочно решение…

Навидум, денеска се тресе Скопје.  Од „пешки му е мајката“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ