• Latest

Колапс: Локалните управи паѓаат пред ветувањата – нула исполнувања по една година

October 20, 2022
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Колапс: Локалните управи паѓаат пред ветувањата – нула исполнувања по една година

Една година после локалните избори е сосема јасно дека резултатите на истите е само збир на лажни ветувања - бесплатен градски превоз, колошки автобуси, таблети за учениците, исхрана во училишните ресторани...

October 20, 2022 15:14
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Минатата есен изборите донесоа голем пресврт на општинско ниво, практично, во целата земја. Познато е дека по убедливата победа на локалните во 2017 година, на новата владејачка гарнитура на републичко ниво, што беше очекувана и дел од политичкото цунами на двоецот СДСМ – ДУИ, после четири години дојде до пресврт. Опозицијата го презеде водењето на општините и во градот Скопје како некаков „шлаг на тортата“. Само во една реченица  – ВМРО ДПМНЕ освои 43 градоначалнички места (претходно имаше 5), СДСМ освои 16 (претходно имаше 57), ДУИ освои 11 (претходно имаше 10) и така натаму.

На таа победа на која не кумуваа поголем број на гласови на страната на опозицијата, откако апстиненцијата беше главен показател на незаинтересираноста на приличен процент на избирачите, туку имавме ситнење на гласовите што одат во прилог на власта и појава на мали, но не и безначајни партиички на сцената. Само да кажеме дека, според ДИК, ова беа избори со најниска излезност до сега (48,9 отсто), од кои 60 илјади гласачките ливчиња беа неважечки!

Локални избори 2021: Доказ дека демагогијата може да биде поуверлива од рационалноста

Основна карактеристика на тој изборен натпревар од есента 2021 година е дека не победи нечија програма за развој и одржливост на локалните заедници, туку дека тоа стана убедлив доказ дека демагогијата може да биде поуверлива од било каква рационална одбрана на одржливоста на градовите и селата. Ангажманот на победниците стана колеблив и капитулантски уште на стартот, ама сега се сведува на обичен комодитет, неодговорност и класична корупција, посебно во областа на новите вработувања без усул и мерка.

Ова секако, и заради концентрацијата на моќта и парите во главниот град стана најпрво видливо – игнорирањето на видливите слабости, пред сè, на кандидатката за градоначалничка. Таа не само што се покажа дека е лице со нејасен идентитет. Криеше дека е и бугарски државјанин и дека има огромни долгови како стопанственичка. Ја криеше и кривичната постапка покрената заради недозволена пресметка со лице од нејзиното минато во коморџиската функција. Постоеја и сомнежи дека е кандидатка на побегнатиот премиер Груевски.

Неволјите со градоначалникувањето на скопската кметица (име што го „заработи“ како паралелен жител на бугарски Петрич), туку со прифаќањето на нејзините видливо грандомански проекти кои експресно паднаа како кула од карти.

„Најдобрата менаџерка“ не успеа ни плати за ЈСП да обезбеди

НАЈДОБРАТА МЕНАЏЕРКА Новите еколошки авбтобуси заборавени – таа не може да обезбеди ниту плати за вработените во ЈСП

И додека некои вработени во ЈСП (само оние што се под времен договор и што трпат притисок) деновиве, наместо пред Градското собрание, за своите неисплатени плати, како пред единствено надлежна институција за нив и нивните финансии, некои од нив (оние кои се вработени под договор за одредено време!) застанаа пред Владата на РСМ, треба да потсетиме дека Арсовска во низа, постојано ги отфрла своите основни задачи.

Лани во декември се откажа од надлежноста за парното греење во Скопје, небаре тоа треба да е услуга за други градови. Мораше да се вмеша Владата на РСМ за да го решава проблемот со голема решителност и во последен миг. Овој пат, таква интервенција се повторува или веројатно како што би рекла Арсова – „се подразбира“.

И вториот најголем залак за градското раководство (не можат да се изземат од одговорност ниту оние советници кои се во коалицијата што ја поддржува во Советот) е ставањето на ѕид меѓу лордмерскиот кабинет во Градскиот парк и јавниот превоз. Тука постои еден „слоновски парадокс“, бидејќи Арсовска токму својата грижа за ЈСП ја стави на браникот на сопствената изборна програма.

Великодушни ветувања – нула исполнувања

Треба ли скопјани да го потсетуваме на ветувањето за набавка на 250 нови еколошки автобуси? „Заради намалување на загадувањето во главниот град, предвидуваме транзиција кон целосно еколошки јавен транспорт. Нашата цел е поефикасно извршување на јавниот превоз, како и заштита на животната средина..“ (Извор: Изборна програма на Данела Арсовска – „За модерно Скопје“, стр.12).

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник вети нови еколошки автобуси дури меѓу првиот и вториот изборен круг (!) од локалните избори. По 30 минутно возење во автобус низ Скопје таа рече дека на скопјани им е доста од половични решенија и се обврза на итно решавање на нивните проблеми. Таа при тоа го нападна БРТ (Бас рапид транспорт) проектот на актуелниот градоначалник Шилегов за кој се обезбедени меѓународни пари, во вредност од 250 милиони евра!

Арсовска дури беше и великодушна – понуди бесплатен градски превоз, што е секако врв на демагошка програма, бидејќи такво нешто не може да се исполни од ниту една скопска градска власт, но е ветување за кои секако се залепиле десетици и десетици гласачи.

„Непоходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси. Тоа е најбрзото и најсигурно решение за јавниот превоз во Скопје за разлика од БРТ проектот кој значи дополнителни инфраструктурни проекти и со тоа реализацијата ќе трае со години. Не ни треба решение за само дел од Скопје, бидејќи, решенијата мора да се однесуваат на сите делови на Скопје, изјави Арсовска, по возењето во градски автобус низ улиците на Скопје“ (цитат според Вистиномер).

Мањана, мањана…

Што покажува сегашноста? Вработените во ЈСП се пред закана со штрајк по втор пат, со тоа што вториов, сегашниот е веќе во реализација. Не само што нема бесплатен превоз, туку нема ни за плати на вработените, иако патниците си ги плаќаат своите билети редовно!

Претходникот градоначалник Шилегов не бараше помош или субвенции од централната власт, си ги знаеше надлежностите, а Арсовска им порачува на штрајкувачите да ги паркираат автобусите токму на Илинденска, пред Владата на РСМ!

Зошто, тоа таа не го објасни: како и кај парното греење, двата најкрупни „крвотеци“ на градот, но факт е дека им се должи и на приватните автобуски претпријатија, иако нивниот шеф Ленин Јовановски, левичар (само) според името, десничар по дејствувањето, ја подржуваше кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ со силен ангажман. Немаме јасно изразени мислења од оние што тогаш, за време на изборната кампања, стоеја зад нејзиниот порцелански лик. Инаку, колку за еколошките автобуси нејзиниот одговор е „мањана, мањана“… Средства во буџетот на градот нема, градот е задолжен скоро 160 милиони евра (кога би!), признава и самата.

ПОДДРШКА Данела Арсовска доби целосна поддршка и од шефот на помаликот, приватен превозник Ленин Јовановски – се кае ли и тој деновиве?

Операцијата наречена „рачето во медот“

Генерално, Арсовска нема ниту еден видлив, покрупен проект зад себе после една година. Нема ни започнат, ги прекина оние на претходникот, а веќе создаде блокада во Собранието на градот во кавгата со своите „генерални спонзори“ во операцијата наречена „рачето во медот“. Со ова, таа сега нема ниту внатрешна, советничка сила за да покрене било каков поголем проект кој бара, да речеме – задолжување!?

Ветувања од Муцунски: Од таблети за децата, таблети за неговиот кабинет; легнатите полицајци „станаа“…

Ниту кај другите скопски општини и градови немаат видливи покритија во реалноста во однос на ветувањата дадени претходно. Практично постои силна ерозија на ветувањата и програмите со кои дојде до промени кај локалните власти.

Да се задржиме на некои примери.

Читаме во медиумите и се потсетуваме.

Општината Аеродром со новиот градоначалник Тимчо Муцунски вети дека на секое дете од 1 до 9 одделение „ќе му подари таблет и со тоа ќе ја подигне свеста за дигитализација и модерното време, со што ќе го олесниме товарот на буџетот на секое семејство“. Рок: веднаш по стапување на функција.

Изолацијата од ветувањето траеше речиси една година. Проектот е конечно остварен есенва, но битно редуциран! Тој важи само за ученици од 4 одделение. Од предвидениот буџет за таа намена, вреден 38.000 евра, се покриле 5 примероци од таблетите за себе и кабинетот, при што секој од апаратите чини 1.500 евра!

Граѓаните од оваа општина се смеат на проектот за легнати полицајци кои се извадени од улиците после еден месец! Сите нови објекти кои ги „отвори“ се започнати пред неговото устоличување.

И Карпош отиде „курбан“ со власта на Јакимовски

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања, меѓу другото, го даде и ветувањето дека Општина Карпош ќе донесе одлука да даде поддршка да ги покрие трошоците за обука и за полагање на возачки испит на сите млади луѓе кои ќе наполнат 18 години.

„Сите жители на општина Карпош кои ќе наполнат 18 години ќе добијат бесплатна возачка дозвола. Општината ќе ги покрие сите трошоци“. (Извор: Фејсбук профил на Стевчо Јакимовски, 28.09.2021)

Тоа се истакнуваше во текот на целата кампања. Но ова ветување е само делумно исполнето. Општина Карпош од крајот на јуни ја почна постапката за субвенционирање на трошоците за возачка дозвола на младите кои годинава ќе наполнат 18 години и најмалку три години се жители на Карпош, но не целата сума за обука и за полагање, туку во висина на 50 отсто од износот за теоретскиот и практичниот дел од обуката. Општината воопшто не ги покрива трошоците врзани за самиот испит, за лекарското уверение и за полагање прва помош. Тоа е многу помалку од 50 отсто!

За оваа намена Општината обезбеди финансиска конструкција во висина од 4 милиони денари. Јавниот повик ќе трае сé до исцрпување на средствата (!) предвидени за оваа намена, кој ќе функционира според принципот „прв дојден, прв услужен“. Значи ништо од она „секој млад човек“…

Општина Карпош во 2022 година има Буџет од 485 милиони денари, а трошоците се предвидени да стигнат до 530 милиони денари. Многу работи ќе отидат „курбан“. Лесно е да се вети…

Ни трага од ветувањето за поликлиника во Бутел 

Во една друга скопска општина – Бутел, додека граѓаните се мислеле за кого да гласаат на локалните избори, идејата да добијат нова амбуланта им се чинела убава понуда. Актуелниот градоначалник Костовски им ветил за таа намена нова, модерна зграда, ветувајќи дека општинската зграда ќе биде пренаменета. Општинската администрација ќе се префрли на некое поскромно место, изјавувал сега веќе актуелниот градоначалник Дарко Костовски.

Но, по изборите општинската зграда во Бутел ја задржала вообичаената административна функција и во неа нема лоцирано поликлиника.

ОПШТИНА БУТЕЛ Дане сте виделе тука некаде нова амбуланта?

За тоа дека општинската зграда не е пренаменета во поликлиника деновиве реагираше и советникот во Општина Бутел, Мартин Бошковиќ, кој на прес конференција подвлече дека новиот градоначалник ужива во комоцијата на општинската зграда и изјавува дека нема намера да направи таму поликлиника  – администрацијата, како што обично бива, си останува поприоритетна од здравјето на граѓаните! Речено – поречено, но на тој „лепак“ паднаа многу гласови, кои биле привлечени од една, да ја наречеме така – неконвенционална личност за политичар.

На прилепскиот „татко на градот“ му успеа за 365 дена да не реализира ниту еден проект!

Многу критики паднаа деновиве и за ефектите од едногодишното управување со Прилеп на градоначалник Борче Јовчески. На прилепскиот „татко на градот“ му успеа, од неговата изборна програма, во 365 дена да не реализира ниту еден проект! Ги нема ветените катни гаражи, ниту трите кружни текови кај Табана, Тинекс и новата автобуска станица. Има никнати многу дивоградби и во центарот на градот, цели згради, и секако на периферијата. Доцнат реконструкции на улици, а тука е и финансиската штета која им е причинета на дуќанџиите заради бесконечното траење на градежните работи.

Како посебно голема лага на Борче Јовчески се смета изостанувањето на ветените бесплатни оброци за сите ученици до четврто одделение и бесплатните униформи за учениците од социјално загрозените семејства.

БЕСПЛАТНИ ОБРОЦИ Ги има, ама во Црна Гора а не во Прилеп, каде што ги вети градоначалникот Јовчески

Не е само градот во прашање – излажани останале и жителите на 29 населени места, кои не ги добија ниту ветените детални урбанистички планови, ниту пак малите акумулации за напојување на стоката. Излажани се жителите на Канатларци, Лениште, Мало и Големо Коњари, на кои Јовчески им гарантирал дека ќе им го реши проблемот со водоснабдувањето и со фекалната канализација…

Градоначалникот потфрлил и во ветувањето на спонзорство кон спортските клубови. Би можело да одиме и натаму – бројот на нереализирани проекти оди до бесконечност. Ако некаде и се сечела лента, тоа е само одраз на она што претходните локални управи го започнале. Тоа е една голема, крупна измама за бирачите.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ