• Latest
Војо Маневски

Плаќање на сметката

October 21, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Плаќање на сметката

October 21, 2022 12:20
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Читам деновиве за карактеристиките на економските модели од почетокот на деведесеттите кога либералистичкиот систем на организација на општеството и економијата заедно со глобализацијата како незапирлив процес  беше на својот врв.

Приспособувањето на националните економии на глобалниот синџир на производство и потрошувачка беше императив и во делата на економистите и во праксата. До душа некој од писателите на авантуристички романи какао Ладлам тоа го предвидоа уште пред тоа како логична последица на растот на мултинационалните компании на кои разните правни системи на поединечните држави им сметаат. Објаснувањето беше дека со правна унифицираност протокот на луѓе и на капитал ќе стане поедноставен а со тоа и растот на производството ќе биде поголем и што е најважно континуиран. Една работа не се предвиде, барем во полесната научна литература, дека има непремостливи разлики меѓу народите и државите. Големите народи на Азија тешко или никако не ја прифаќаат протестантстката филозофија на поединецот како центар на светот. Не се предвиде популациската стагнација во Европа и нејзината секуларизација што доведе до постепено отуѓување меѓу европјаните како поединци и заедница. Во седумдесеттите години на минатиот век Турција имаше околу 30 милиони жители и индустрија која како врв го имаше производството на велосипеди и едрилици за спортски воздухоплов.

Франција имаше нешто помалку од шеесет милиони жители и правеше атомски централи како технолошки врв во тоа време. Денес Турција има над осумдесет милиони жители и нејзината индустрија прави борбени авиони и дронови. Да споменеме дека околу 12 проценти од апаратите за домаќинство во Европа ги произведува токму Турција. Франција се обидува да го задржи своето место во меѓународната економија со прилив на евтина работна сила од поранешните колонии а бројот на автохтони французи е веројатно помал од 45 милиони . Вакви примери има повеќе посебно кога се стават во корелација со азиските веќе многужителски држави. Самата бројност на населението станува потенцијал за раст на економијата а и за влијание во геостратешките односи на глобалната сцена. Потврда за ова е бројот на мигранти кои стигнаа во Западна Европа во последните 30 години а за 30 години и таа сметка ќе се плати со нивно политичко влијание во Европските држави. Значи цехот на една идеја и организација се плаќа после неколку децении.

Што имаме ние со ова кое го констатирав како последична врска на економските процеси и наука. Само тоа дека за сите наши заблуди и неодговорности дојде времето за плаќање на сметките.

Како во некоја од штипските кафеани. Седнуваш и го бараш менито со цените и правата тура ја порачуваш свесно калкулирајки со длабочината на џебот. Наидува некој што седнува на иста маса да си поразговарате па и тој порача по една, две тури, од другата маса некој порача во чест на заедничкото здравје уште по една и тешко е да се води сметка колку е долгот кон газдата на кафеаната. Ако се растргне муабетот и темите се трупаат како партиски соопштенија со цел да се потрупа претходното, тогаш и времето само си лета а фарјонтот е носител на мачни слики . Колку имав газда јас? Е, е зарем толку јас испив и порачав? А нели тие тури ги плати оној од другата маса и така се стигнува до расправија која може да заврши со несакани последици а некогаш и со долготрајна омраза меѓу учесниците во билдањето на сметката. Споредете го овој мој опис со добар дел од економските и политичките процеси во Македонија.

Имавме приватизација со либералистички објаснувања дека тоа ќе значи измена на структурата, ефикасно менаџирање со ресурсите ,технолошка флексибилност и што беше најважно во тие објаснувања, отворање на нови ама продуктивни работни места кои ќе донесат поголем стандард на населението. Така беше и исто како кога се порачува првата тура во кафеаната. Е после седна некој на масата и вели –не се секирај ти само влези во процесот ќе се најдат средства за тебе ,банките едвај чекаат да имаат каде да вложат во приватниот сектор ,зошто општествениот сектор е дупка која им ги голта средствата . И што се случи? Се презедоа големите капацитети со закон кој може да се стави како пример за преземања на заедничкото богатство за мали пари од страна на бескруполозни поединци а економските капацитети кои опстанаа се бројат на прсти. Некои што опстанаа и вработуваа поголем број на работници се соочија со наплатата на сметката .

Дојдоа оние што велеа дека имаат евтин капитал за вложување и ги презедоа или затворија фабриките  зошто главницата одамна ја наплатија и затварањето им е само статистичка операција во листата на должници. Од друга страна државата за да опстане мораше да ги продава рентабилните капацитети на странски компании за  сомнително мали суми со вграден сопствен интерес за да одржи колку толку социјален мир и функционирања на растечката партизирана бирократија. Кога тие средства се потрошија се премина на земање кредити ,исто како кога на масата на кафеаната некој порача тура од другата маса . Една ,две три тури а немаш појма дали ги платил . Кога дојде сметката за наплата се фаќаш за глава.

За да се привлечат инвестиции од разни светски компании им се даваа повластици кои се плаќаат од буџетот а тој се повеќе се полнеше од кредити. Она што во тој момент не се многу гледаше е продажбата на својот народ како добри работници кои се плаќаат со мали плати. Тој процес одеше само пет шест години и се однесуваше на работници кои во тој момент имаа околу четириесет години и тешко се мобилни поради доста причини. Стигна цехот за плаќање кога поради депопулација на Европа и требаат работници за нископлатените работни места. Ги отворија границите сметајќи пред се на својот интерес. Први во миграцијата беа новокомпонираните членови на Европската Унија а срамежливо и со разни „снаоѓања“  им се придружија и државите на поранешна Југославија. Сега се прават пописи во сите тие држави и сметките за плаќање за кои пишувам дојдоа за наплата. Сите тие држави имаат за 30 проценти помалку население а во тие проценти е најспособното и најпотентното нивно население.

Либерализацијата е процес во кој се вклучуваат сите барајќи го своето место  пишуваше во тоа време Сакс. Да ама ги заборави неумоливите законитости на пазарната економија каде опстануваат способните и они што имаат капитал. Така и овие држави влегоа во трка која бара квалитети кои не ги поседуваа. Цената е очигледна.

Вчера гледав интервју со лидерот на опозицијата. Почитуваниот новинар пластично му го објасни сопственото согледување.

„Вие велите дека имате креативни кадри во партијата кои имаат патриотска свест и одговорност кон државата и народот  а јас во тврдам дека членовите на партијата ништо од тоа не ги интересира туку само кога и каде ќе се вработат или ќе бидат во положба да ја користат власта за свои интереси“. И тоа не заради тоа дека навистина немаат одговорност или идеали туку затоа што така функционира целиот систем и ниту еден поединец или група не се чувствува силен нешто да менува.“

Не сакам да го интерпретирам одговорот зошто имате можност сами да го слушнете и донесете свој заклучок. Важно е дека и во политичкото организирање на државата дојде време за плаќање на сметката за потрошеното. Евтини кредити во следниов неколкугодишен период веројатно нема да има. Пари за функционирање на државата мора да се најдат. Како тоа да е некоја волшебничка моќ на министерот за финансии кој треба да најде пари . Такво нешто во реалниот свет нема. Мора да се плати сметката за потрошеното и да се заработат парите. Партиските номенклатури кои во главно се составени од партиски апаратчици на кои партиите им се и мајка и татко не се во состојба да изнајдат излез и предложат систем за тоа. Не затоа што се неспособни некој од нив туку затоа што немаат сила да го менуваат системот што ги довел до позициите на кои се во моментот.

Исто како пирамидалното штедење. Сите знаат дека такви камати се невозможни во реалноста ама се вклучуваат надевајќи се дека потопот ќе уследи после нивната наплата. Во таа пирамида сме и ние граѓаните кога гласаме за наши или нивни место за способни или неспособни. Само разликата е во тоа што сметката за сите промашување ја плаќаат тие граѓаните и граѓанките . Ако не  се осветиме дека заедничкото е во наша корист и треба да се чува како и сопственото тогаш сметката ќе биде поголема а и кавгата со газдата на кафеаната ќе биде неодминлива. Не ги сакам песимистичките текстови уште кога ги пишувам ама наближувањето на времето кога сметките мора да се платат ме притиска така да пишувам. И мислам, зошто нашите заблуди и намерни грешки треба да ги плаќаат овие млади луѓе пред кои е иднината?. Веројатно тоа им е судбината која е неправедна  а ние да им оставиме барем совети да не ги прават истите грешки кога веќе им ја потрошивме иднината.

А завршетокот на плаќањето сметка во кафаната може да биде и драматично кога нема дебата со газдата. Нема разјаснување а малиганите ја парчосуваат свеста за рационално размислување. Е тогаш или силата на газдата е пресудувачка или габаритот на гостинот одредува колкава е сметката и кога ќе се плати. Ако ептен се загусти работата тогаш доаѓа репресивниот апарат на државата. Почитувани при драматаизација на последниот чин сами одредете го правецот на расплетот и идентитетот на актерите. Да не ве заморувам со свои предвидувања и нивната цена.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ