• Latest

Арсовска нема пари за плати на вработените во ЈСП, а на сметката на Град Скопје стојат нереализирани 70 милиони евра за подобрување на јавниот превоз

October 24, 2022
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Арсовска нема пари за плати на вработените во ЈСП, а на сметката на Град Скопје стојат нереализирани 70 милиони евра за подобрување на јавниот превоз

October 24, 2022 12:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје минатата недела остана без јавен автобуски превоз оти Градот и ЈСП „Скопје“ немаа пари да поделат плата на вработените, а на наменска сметка стојат 70 милиони евра за подобрување на јавниот превоз. Град Скопје во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)  доби 70 милиони евра кредит за реализација на проектот Бас рапид транзит (БРТ) или автобуско метро, пишува СДК.мк.

Шилегов ја почна постапката за реализација на овој проект, односно беше изработен проектот и распишан меѓународен тендер за  воведување на новиот јавен превоз за Скопје. Но, со доаѓањето на функција на градоначалничката Данела Арсовска проектот беше стопиран и тендерот прекинат. Сега државата поради тоа што не се користат парите од кредитот плаќа годишно по 350.000 евра камата на банката.

Арсовска рече дека нема да го прави проектот оти тоа било ветување на нејзиниот претходник Шилегов кој ги изгубил изборите, а не нејзино. Таа кажа дека ветила бесплатен автобуски превоз за сите граѓани и набавка на 250 еколошки автобуси. Но, после првата година од мандатот не само што нема ништо од овие нејзини ветувања, туку Скопје за првпат во својата историја остана без јавен превоз.

На 6 март, на отчетот за сработеното во првите 100 дена на скопските градоначалници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска најави дека биле во преговори со светски компании за набавка на 100 електрични автобуси за Скопје и дека наскоро ќе бил распишан тендер. Тој не прецизираше кој преговара, дали ВМРО-ДПМНЕ или партијата заедно со градоначалничката Данела Арсовска која ја поддржа на локалните избори. Исто така, како што кажа Мицкоски, компанијата со која биле во преговори сакала да отвори и фабрика за производство на автобуси во Скопје.

Градоначалничката не се смета за одговорна ниту планира да си поднесе оставка од функцијата за тоа што во четвртокот граѓаните не можеа да стасаат на работа, учениците во школо, а болните во болници на лекарски прегледи. Вели дека вината е во ВМРО-ДПМНЕ и сите минати раководства на Градот кои го оставиле ЈСП во катастрофална состојба.

„Оставка треба да си поднесат одговорните за управување со ЈСП, односно Управниот одбор на претпријатието изгласан од ВМРО-ДПМНЕ“, ни изјави Арсовска во четвртокот.

Кредитот во висина од 70 милиони евра беше одобрен од ЕБОР лани во април и е наменски за воведување на двете траси од Ѓорче Петров до Ново Лисиче и од Кисела Вода до Бутел.

извор: СДК.мк

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ