Од 1 ноември ќе работи когенеративната термоелектрана ТЕ-ТО, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што рече Бектеши по средбата со претставници на прехранбената индустрија, топлинска енергија ќе има.
Министерот истакна дека во формулација на финална цена на одреден производ има многу импути, а еден од нив е електричната енергија.
-Во делот на тој импут, тоа што моментално го имаат е двојно пониска и согласно таа формулација најверојатно ќе бидат намалени цените на финалните производи. Мислам дека струјата нема да биде поскапа. Имаме механизми како Влада, ако тоа се злоупотреби можеме директно да донесеме одредени одлуки согласно за замрзнување на одредени цени на основни прехранбени производи, рече Бектеши како одговор на новинарско прашање, по работната средба со претставници од прехранбената индустрија.












