Пратеник на СДСМ Мартин Костовски, во изјава за медиумите посочи дека потпишувањето на Договорот за Фронтекс е на официјален македонски јазик, без фусноти, без додавки е историски успех за нашата држава на кој сите треба да сме горди.


Според него, тоа е затоа што овие две партии се антиевропски, деструктивни субјекти кои ширеа лажни вести и работеа против интеграцијата на државата во ЕУ.
Пратеникот на СДСМ уште еднаш повика ВМРО-ДПМНЕ и Левица да им се извинат на граѓаните за сите лаги, за сите хушкања на насилни протести каде злоупотребија млади луѓе да напаѓаат полицајци и државни објекти.
Откако со договорот за Фронтекс, ЕУ како и светот ги признаа официјалниот македонски јазик, редно е тоа да го сторат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица, истакна Костовски.


Тоа, почитувани, е антидржавно антинародно однесување на дело, вели Костовски.
Тој додава дека колку и да лажат, да манипулираат и омаловажуваат од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, факт е дека Северна Македонија е во процес на преговори за членство во ЕУ, факт е дека тие преговори се водат на македонски јазик со чиста формулација.
Колку и да се противат ВМРО-ДПМНЕ и Левица, факт е дека македонската иднина е сигирна и стабилна и дека таа е европска, нагласува Костовски.
М. Д.












