• Latest

Тупанчески: Нова дигитална судница во Кривичниот суд Скопје, државата е одлучна во процесот за постигнување дигитална трансформација на правосудството!

October 28, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Тупанчески: Нова дигитална судница во Кривичниот суд Скопје, државата е одлучна во процесот за постигнување дигитална трансформација на правосудството!

October 28, 2022 14:08
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на промоцијата на новата судница во Основниот кривичен суд Скопје како дел од оперативниот план за дигитализација на правосудството, информираат од Министерството на правда.

  Пристапот до правдата доживува целосна трансформација, а придонесот на информатичката технологија нуди бенифити кои нужно ќе доведат до унапредено судство ,заштита на човековите права и приближување до вредностите на правдата и правичноста. квалитетниот пристап до правдата.

,,Државата е одлучна во процесот за постигнување на дигитална трансформација на правосудството. Oбезбедeни се финансиски средства и веќе во сите судови е набавен новиот сервер. Извршена е навремена и соодветна опременост на судовите со ИКТ опрема. Модерните европски дигитални текови се присутни  во нашиот правосуден систем и го поттикнуваат враќање то на довербата во судството. Пристапот до правдата доживува целосна трансформација, а придонесот на информатичката технологија нуди бенифити кои нужно ќе доведат до унапредено судство ,заштита на човековите права и приближување до вредностите на правдата и правичноста”,рече Тупанчески.

Министерот за правда во своето обраќање се осврна и на активностите за целосно оспособување и ставање во употреба на кривичната судница која што се наоѓа во Затворот „Идризово“, каде што Кривичниот суд ќе биде титулар на истата, со целосно опремување и користење на најсовремените дигитални алатки, што дополнително ќе ги забрза постапките кои што се водат пред овој суд.

Со новиот Закон за вештачење кој за десетина дена ќе влезе во владина процедура се очекува да се надминат сите недостатоци и дефекти кои се случуваат во моментов во оваа сфера. Ова го најави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања  по промоцијата на дигиталната судница во Основниот кривичен суд Скопје. 

,,Констатирани се дефектите и јас мислам дека тоа законско решение ќе овозможи решавање на сите досегашни наталожени проблеми почнувајќи  од тоа како ќе биде изработен регистарот на вештаци, како ќе се добива лиценца и т.н. Законот ќе содржи прецизни правила за тоа како ќе се одвива вештачењето во иднина”, рече Тупанчески.

Прашан за тоа што може министерството  да направи за предметот за случајот „Ласкарци“ кој подолго време го чека супер вештачењето, Тупанчески потенцира дека не сака да коментира одделни случаи.

,,Министерството за правда се обидува, во рамки на своите ингеренции, на создавање на оптимални услови, но  работата за правораздавање е сепак работа на судовите и останатите субјекти кои се учесници во постапките”изјави Тупанчески.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ