• Latest
Антиевропски протести, Скопје, 15 јули 2022 година (фото: Г. Наумовски/ЦИВИЛ)

Пропадна сѐ што правеше ВМРО-ДПМНЕ за да ја дестабилизира и да ја прикаже земјата како несигурна, Глобалниот индекс за мир го потврди тоа

November 6, 2022

Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

May 25, 2026

Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

May 25, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

May 25, 2026
Џелал Хоџиќ

Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

May 24, 2026
Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

May 24, 2026

Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

May 24, 2026
Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

May 24, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Ура за Македонија

May 24, 2026

Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

May 23, 2026

ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

May 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Вашингтон и Техеран преговараат за прекин на огнот, Пакистан посредува: Деблокада на 20 милијарди долари за Иран во замена за 60-дневен прекин на огнот

    Продолжува рускиот терор врз цивилите: Украинската дипломатија повика на „решителен одговор“ од меѓународната заедница

    Кијив, 24 мај 2026 (ДСНС)

    Цивилите во Кијив под масовен руски напад: Кремљ удри со ракети и дронови, Украина бара итна поддршка за противвоздушна одбрана

    Кијив во утринските часови на 24 мај 2026 година (ДСНС)

    РУСКИОТ ТЕРОР ПРОДОЛЖУВА: Масовен напад врз цивилни цели во Кијив, Украина возвраќа со удари длабоко во руска територија

    ЕКСКЛУЗИВНО: Експресен одговор од Агенцијата за разузнавање на прашањата на ЦИВИЛ за шпионската афера

    Фотографија: Скриншот од видео на Google

    Google го забрзува развојот на ВИ: Џемини Омни и новата генерација на интелигентни агенти

    Фото: Министерство за правда

    Правосудниот испит на албански јазик отвори нов политички судир меѓу Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се води истрага за шпионски операции, Мицкоски тврди дека се работи за „шпионски талог“ и „глодари“

    Фото: МИА

    ЕУ го активира Планот за раст: Северна Македонија доби најголема транша од новата европска поддршка

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Џелал Хоџиќ

    Парадоксот на „Српскиот свет“: Северна Македонија го спасува режимот на Александар Вучиќ од српската демократска јавност во Србија

    Порака до сите што беа на кумановскиот митинг за поддршка на Вучиќ

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Ура за Македонија

    Мајски извештај за продукцијата на ЦИВИЛ МЕДИА: Навигација низ информацискиот метеж

    ШПИОНСКА АФЕРА: Додека се шпионира НАТО, власта на Мицкоски креира политики по терк на Москва

    Проф. д-р Александар Иванов

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Иванов: ИТ-администраторот во претседателскиот кабинет не е обичен техничар, секое доцнење на форензиката има контраразузнавачка цена

    Со обете нозе во една чевла

    Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    (ЕКСКЛУЗИВНО) Проф. Андонов: Постапката за шпионската афера намерно се води погрешно, се урива кредибилитетот на државата пред НАТО сојузниците

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    Папата Лав XIV: Технологијата мора да му служи на човекот, а не да го замени

    Архитектура на критичката мисла: Зошто на јавниот простор му е неопходна аналитичка длабочина

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Кога твојот живот е само ставка во табела

    Со обете нозе во една чевла

    Ова не е апел за милостина, туку за здрав разум: Олеснете им го животот на луѓето!

    ИН МЕМОРИАМ | За кривите линии на Коракс

    Гордо – назад и надолу

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Моќ, сила, манипулација и Овертоновиот прозорец

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Пропадна сѐ што правеше ВМРО-ДПМНЕ за да ја дестабилизира и да ја прикаже земјата како несигурна, Глобалниот индекс за мир го потврди тоа

November 6, 2022 16:56
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Антиевропски протести, Скопје, 15 јули 2022 година (фото: Г. Наумовски/ЦИВИЛ)

Антиевропски протести, Скопје, 15 јули 2022 година (фото: Г. Наумовски/ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Не треба да се биде којзнае каков стручњак за препознавање трендови, но ако се погледне нагорното движење на индексот за мир на Република Северна Македонија на Глобалниот индекс на мирот што секоја година го подготвува Институтот за економија и мир, скокот од 97 место во 2017 на 36-то во 2022 година, заслужува анализа за тоа кои се факторите што овозможија вакво поместување за 61 место кон врвот.

Како 36-та најбезбедна држава во светот земјата е во групата со „Високо ниво на безбедност“. Од државите на Западен Балкан стоиме најдобро, а во однос на оние од поранешна Југославија од нас се подобри само Словенија и Хрватска.

За да бидеме коректни докрај, трендот за поместување кон напред на листата не почнува од 2017 година. Раст има и од 2008 година.

Но, сепак, ако од 2008 до 2016 година Македонија се искачила од 61 на 87 место на овој индекс, односно напредувала за 26 места, за само пет години од 2017 до 2022 прогресот на стабилизирачките фактори ја поместил земјата за 61 место, односно од 97 место во 2017 година, на 36-тото на најновата ранк листа за оваа година.

Кратко патување низ времето на факторите за нестабилност

Краткото патување низ времето на факторите за предизвикување нестабилност и несигурност во нашата земја ќе ни открие не така дамнешни, а богами и актуелни, актери кои вложуваа(т) исклучителни напори да предизвикаат нестаблиност или постојано да ја прикажуваат Северна Македонија како несигурна и како земја којашто не е отпорна на влијанијата на ризици за нејзината стабилност.

Нема да одиме многу далеку, и ќе се задржиме само на овој период кога Северна Македонија направи најголем скок на индексот на мир, а токму тогаш беше изложена на најсилни закани и влијанија во однос на безбедноста и сигурноста и од внатре и од надвор.

Во очајната битка да продолжи да владее со партизираната и заробена држава, реториката за дестабилизација на Македонија ВМРО-ДПМНЕ ја презеде и максимално ја засили во 2015 и 2016 година во обид да го прикаже масовното движење на граѓаните „Шарената револуција“ како „погубно сценарио за дестабилизација“ на земјата.

На 14 април во 2016 година тогашниот премиерот Никола Груевски на прес-конференција сееше страв дека „на државата ѝ следува ‘украинско сценарио’, што, според Груевски, „значи илјадници мртви и повредени, вртоглав пад на економијата и други тешки последици“.

Тогашниот министер за надворешни работи во Владата на ВМРО-ДПМНЕ Никола Поповски „Шарената револуција“ ќе ја поврзе со Фондацијата Отворено општество коешто според него „финансира субјекти коишто на нетранспарентен начин се занимаваат со политика“ и дека тоа било „неприфатливо“ затоа што тие што „нетраспарентно започнуваат политички битки секогаш во корист на социјалистичката коалиција предизвикуваат дестабилизација“.

Во тие пресрвртни години за земјата, ВМРО-ДПМНЕ повторуваа дека тие, наспроти „шарените“ што дестабилизираат, и понатаму продолжуваат да „ја сакаат Република Македонија со дела и дека ќе продолжат да работиме за потребите на граѓаните“.

Колку многу од ВМРО-ДПМНЕ ја сакаат државата (за себе) се покажа на 15 декември 2016 година на протестот пред седиштето на Државната изборна комисија, кога во обид да извршат притисок за изборните резултати организираа еден од реторички најзаканувачките митинзи кога поранешната пратеничка и тогашен претседател на Комисијата за односи со верски заедници Валентина Божиновска ја нарече таа ноќ „ноќ на ножевите“.

„Ме прашуваат што се случува Валентина? Оваа вечер е вечер на ножевите. Оваа вечер е вечер или на разумот или на лудилото на еден човек, на последниот македонски предавник Зоран Заев“, одекнуваше нејзиниот глас во ноќта.

Таа во 2017 година, жестоко ја критикуваше и таканаречената „Тиранска платформа“, како што ја нарече ВМРО-ДПМНЕ, за која Божиновска дезинформираше и пропагираше дека е „заверена со печат во Албанија, а потврдена во Косово“.

Овие мрачни предвидувања, коишто, всушност, претставуваа закани, тогаш „здушно“ ги поддржуваше и Кремљ. Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров на една прес конференција во октомври 2016 година, непосредно пред пресудните избори во Македонија ќе рече дека „македонските настани прилично грубо се управуваат однадвор“ кои имале за цел да ја соборат Владата на Никола Груевски „поради одбивањето да се приклучи на санкциите против Русија“.

Лавров тогаш рече дека е „жално е и опасно што во достигнувањето на овие цели за уривање на Владата на Груевски се прават обиди да се вклучи и албанскиот фактор“ и дека „сега се во тек разговори дека Македонија уште повеќе треба да се федерализира, а можеби и да се направи и конфедерација. Се предлагаат идеи како да се раздели, дел да се даде на Бугарија, а дел на Албанија“.

Имаше уште многу „бисери“ на Лавров на таа прес конференција, но да се вратиме на домашниот фактор за дестабилизација на Република Македонија – ВМРО-ДПМНЕ.

Следната најава со многу висок заканувачки интензитет по стабилноста на државата се случи на 26 февруари 2017, кога Никола Грувески, на најавата на Зоран Заев дека со 67 пратенички потписи ќе оди кај Иванов да побара мандат за состав на нова влада, во интервју за ТВ Сител рече: „Сакам да им порачам на сите граѓани дека ако сметаат и ако планираат со седење дома и гледање телевизија дека некој друг ќе им ја одбрани државата длабоко се во заблуда. Државата може во ваква ситуација да ја одбрани само народот“.

По ова интервју на ТВ Сител, на 27 февруари почнаа протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“ што кулминираа со организираниот напад на Собранието на 27 април,  како последен обид за екстремна и насилна дестабилизација на земјата кое судот го оцени како кривично дело подготовка и терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

НАТО и ЕУ како глогов колец

Сепак, и по еден таков крвав и неуспешен обид за насилен пресврт и за предизвикување сериозна нестаблиност со трајни последици, Северна Македонија, нејзините граѓани и политичките елити што ја презедоа одговорноста да ја оттргнат земјата од работ на пропаста, го определија курсот кон остварување на двете стратешки цели – членство во НАТО и ЕУ.

Резултатите од членството во НАТО и забрзаниот евроинтеграциски процес ги кренаа стандардите за безбедност и сигурност, и затоа трипати побрзо прогресираше местото на Северна Македонија на Глобалниот индекс на мир.

Но, ќе остане запаметено дека и во овој период ВМРО-ДПМНЕ, во оваа фаза силно помогната со Левица, продолжи да ја предизвикува стабилноста во земјата.

Самопрогласената „најмакедонска партија“ во 2018 одлучи да го бојкотира референдумот за името на државата како неопходен чекор за членството во НАТО, а на терен активно работеше на ширење немир и страв за да создаде амбиент на несигурност.

Заради бојкотот на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, цензусот за успешен референдум не беше остварен, но „за“ промена на името како услов за членство во НАТО гласаа 609.813 граѓани што претставува најголем број гласови за стратешка одлука на граѓаните, со исклучок на референдумот за независност во 1991 година.

И тој обид да ја дестабилизира државата на ВМРО-ДПМНЕ не успеа.

Не успеа ниту последниот повик на ВМРО-ДПМНЕ за протести против „францускиот предлог“ и за нивна радикализација со помош на Левица, којшто требаше да се случи со „пукање“ на балонот на гневот, според повикот на лидерот на Левица.

Како и НАТО, и ЕУ делуваше како „глогов колец“ за повампирените радикални повици кои и овој пат, како и многу пати претходно, како резервен фитил за потпалување опасно си играа со меѓуетничките односи во земјата.

И навистина „балонот“ пукна, ама не заради непостоечкото полнење со гневот на граѓаните, туку од „предуваноста“ од дезинформации, лаги и неосновани конструкции за загрозеноста на македонскиот јазик и идентитет.

И јазикот и идентитетот останаа нечепнати, а Северна Македонија ги започна преговорите за членство со ЕУ кои добија печат во Брисел и со Договорот за Фронтекс на македонски јазик без фуснота.

Со Фронтекс, како Агенција на ЕУ за заштита на границите, за брзо распоредување на персонал и опрема во случаи на ненадејно и брзо влошување на состојбата пред портите на ЕУ, Северна Македоднија, покрај НАТО, стана дел и од европскиот безбедносен чадор, што беше уште еднаш потврдено на состанокот на министрите за внатрешни работи со Европскиот Совет под претседателство на Чешка во Тирана на 3 и 4 ноември оваа година.

Како партнерка во Фронтекс сега на нашата држава ѝ е достапна сигурна и континуирана размена на информации и податоци, вклучувајќи оперативни сознанија, разузнавачки податоци, продукти од видео и воздушен надзор, сателитски снимки, со што Северна Македонија ги ужива сите поволности на европската сигурност.

Затоа скокот од 61 место на Глобалнит индекс за мир од 2017 до 2022 година има посебно значење и како победа на прогресивните сили наспроти оние што правеа сѐ за да го спречат овој напредок.

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ