• Latest

Ковачевски препорача договор за национално единство за ЕУ и очекува одговорност од сите

November 7, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски препорача договор за национално единство за ЕУ и очекува одговорност од сите

November 7, 2022 18:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Конечно по 17 години гордо можеме да кажеме дека сме земја која ги започна преговорите со ЕУ. Вложивме многу труд за да стигнеме до оваа фаза. Имавме многу предизвици, требаше да се носат тешки одлуки. Но, истовремено знаевме која е целта – НАТО И ЕУ, две стратешки цели кои сме должни да ги исполниме, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со претседателите на парламентарните партии.

Тој додаде дека земјава изминатите пет години направи крупни чекори и успеа да се докаже како достоен НАТО и ЕУ партнер.

Еден од тие чекори беше и Европскиот предлог кој го добивме летово, за време на француското претседателство. Свесни за сите негови предности и слабости го препознавме како можност за деблокирање на процесот и придвижување напред. И самите бевте сведоци, го усвоивме во Собранието во атмосфера на тешка седница, тензии и недоверба, истакна Ковачевски.

Премиерот по лидерската средба додаде дека заклучоците донесени во Собранието гарантираат почеток на преговорите со ЕУ и скрининг процесот со гарантиран јазик и идентитет и гаранција дека историските прашања се надвор од преговарачката рамка.

Отворањето на преговорите е огромен успех за сите нас. Процесот е конечно започнат и сега е важно да напредуваме во реформите, заради граѓаните и заради градење на европски институции кои ќе работат по европски стандарди и принципи. Низ преговорите ќе ни се отвараат повеќе фондови, а на долг рок – бенефитот ќе го имаат нашите граѓани, уверува Ковачевски.

Тој исто така кажа дека државата доби позитивен извештај од Европската комисија, прв по отворањето на преговорите.

Оценката за вкупната подготвеност на земјата за 2022 година е цитирам „добро ниво на подготвеност“. Во околу 90 отсто од областите имаме делумна или добра подготвеност, изјави Ковачевски по средбата.

Според него, отворањето на преговорите е огромен успех за сите и важно е да се напредува во реформите, поради граѓаните и градењето на европски институции кои ќе работат по европски стандарди и принципи.

Премиерот Ковачевски истакна дека со првата меѓувладина конференција со која започнаа преговорите, со почетокот на скринингот и потпишувањето на Договорот со Фронтекс на македонски јазик без никакви додавки, ѕвездички и фусноти сме добиле потврда за заложбите за европска иднина.

Сите ние добивме потврда дека македонскиот јазик е заштитен и е на исто рамниште со останатите јазици во Европа. Фронтекс договорот е првиот и единствен договор кој е одобрен од сите 27 земји, договор на кој сме ставиле потпис, а на кој стојат имињата на сите јазици на ЕУ. Овој договор беше блокиран од страна на Бугарија токму заради македонскиот јазик, но, со отпочнувањето на преговорите, ЕУ исто како и ние се докажа како партнер од доверба кој ги исполнува ветувањата, рече премиерот.

Во својот говор, тој порача дека мора да покажеме зрелост како држава, мора да покажеме демократски капацитет и да останеме на европскиот пат низ годините пред нас. Ковачевски потенцира дека треба да се почне нова приказна во која Северна Македонија станува европска земја, земја со закон, ред, систем, иднина, подобар живот.

Како што посочив и на средбата, СДСМ е посветен на таа приказна. Исто така посочив дека сега е исклучително важно е да се постават приоритетите правилно. Првиот приоритет е она што е од интерес на државата и сите граѓани, а тоа е продолжувањето по европскиот пат. Потоа следат интересите на политичките партии. И тој е редоследот и концептот – на прво место е и секогаш ќе биде интересот на државата. И тука нема дилема, вели Ковачевски.

Премиерот истакна дека членството во ЕУ е врвен национален интерес и така треба да се третира.

Очекувам во наредниот период, сите да сме на ниво на задачата, да дадеме сѐ од себе и да ги приоритетизираме работите по вистинскиот редослед и концепт, и максимално да дадеме свој придонес. Нашата единствена алтернатива е ЕУ. Треба да го искористиме поволниот период кој го имаме пред нас, да ја искористиме поддршката која ја добиваме во моментов, и да обезбедиме за граѓаните, за сегашните, за идните генерации, европска и побогата иднина, изјави Ковачевски.

Како што нагласи, граѓаните треба да знаат дека процесот на европеизација не е проект на една поединечна политичка партија. Премиерот додаде дека од Собранието мора да се испрати пораката дека тоа е национален проект, проект во кој мора сите да дадат свој придонес, бидејќи се работи за државата, и за граѓаните.

Пред нас стојат многу предизвици, а она што го нагласив и денес пред претседателите на парламентарните партии е пред сѐ потребата за непречено функционирање на Собранието, бидејќи истото е исклучително важно за нашиот европски пат. Потребно е да се вклучат сите партии, сите пратеници и да се одблокираат процесите, за да може да имаме поефективни решенија, особено за законите кои се однесуваат на судството, кои се важни и за владеењето на правото како постулат, важни се за нашиот европски пат, но уште поважни се и за враќањето на довербата на граѓаните во судската власт, истакна Ковачевски.

Тој се осврна и на одговорноста што партиите ја имаат во процесот. Ковачевски потенцира дека Владата, но и СДСМ како владејачка и државотворна партија се отворени за соработка за сите решенија кои ќе придонесат за да се постигнат тие цели. Ковачевски нагласи дека инклузивност и обединетост по прашањето на евроинтеграцијата е повеќе од потребно.

Потребна ни е инклузивност и по темата за ЕУ секако, а не терен за политички борби и пресметки. Не смееме да дозволиме уставните измени на кои се обврзавме со европскиот предлог со заклучоците од Собранието, да бидат пречка која самите ќе си ја поставиме. Првпат одлуките зависат само од нас, а блокадата ако се случи, ќе ја направиме ние. Вие веќе знаете, доколку ги изгласаме уставните измени, автоматски одиме понатаму, се отвораат кластерите, без потреба од нова одлука и без можност за нова блокада од Бугарија. Треба да бидеме мудри и да го искористиме поволниот момент и атмосфера која ја има во ЕУ во наша полза. Треба да сме свесни дека живееме во турбулентен политички, економски и безбедносен период. И да препознаеме дека сега имаме отворена врата и сега имаме подадени раце од нашите партнери, рече Ковачевски.

Според него, треба да се покаже политичка волја и капацитет за да се валоризираат сите досегашни заложби и напори и во најбрз можен рок да станеме членка на ЕУ.

Не е време за поделби, никој нема корист од тоа. Сега е вистински момент да се искористи шансата и со полн капацитет да ја реализираме поставената цел. Затоа и напоменав дека од корист ќе е формирање собраниска група за европски реформи, која врз основа на извештајот на Комисијата и скрининзите ќе се погрижи реформите поврзани со ЕУ преговорите да не бидат блокирани и да не доцнат. Националниот совет за евроинтеграции претседаван од опозицијата треба да биде вистинското место за тоа. Комисијата за европски прашања во секој случај си ја задржува својата важна законодавна улога. Потребен ни е Договор за национално единство за ЕУ кој ќе ги покаже искрените намери за европеизација на општеството и полноправно членство во ЕУ, потенцира Ковачевски.

Инаку, на средбата присуствуваа лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Алтернатива Африм Гаши, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса на Албанците Арбен Таравари, на ВМРО-НП Љупчо Балковски, на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ, на НСДП Горан Мисовски, на ГРОМ Стевче Јакимовски, на Социјалистичката партија Љупчо Димовски, на ЛДП Моника Зајкова, на Партијата на пензионерите Илија Николовски… На средбата не се појавија претседателите на Левица, Димитар Апасиев и на Беса, Биљал Касами.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ