• Latest

Атанасовски: Лажните вести креираат поддршка за рускиот диктатор

November 24, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Атанасовски: Лажните вести креираат поддршка за рускиот диктатор

November 24, 2022 18:19
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Светот со новите дигитални технологии, и новите медиуми (социјалните мрежи) е мета на лажни вести, спинови и полувистини, извртени тези и факти, вели аналитичарот Благојче Атанасовски за анкетата на „Маркет Вижн“.

Според него, освен реалната воена агресија на Русија врз Украина, ние сме сведоци дека има и хибридна војна на информации.

„По сите релевантни истражувања, Македонците се едни од функционално неписмените народи во Европа (не знаат да разликуваат лажна од вистинска вест), па оттука го гледам овој голем процент на поддршка на рускиот диктатор во однос на неговата агресија врз украинскиот територијален интегритет и суверенитет. Второ, Македонците (особено етничките), имаат огромна фрустрација кон ЕУ и НАТО (САД), кои влечат корени од негацијата на нашето уставно име, беневолентното дозволување на меѓународната заедница на Грција тоа да го прави и воениот конфликт од 2001-та, па сега, ова го чувствуваат како конечна победа или покажување отпор на,, империјалистичкото зло”. Нека ми простат засегнатите, но за мене тоа се,, аргументи и ставови” на луѓе со коефициент на интелигенција колку една потполошка или помалку и луѓе кои имаат проблем со психопатолошката душевна состојба!“, порачува Атанасоски.

Тој вели испитувањата на јавното мислење по односната тема, често пати е теледиригирано, насочено и спинувано, се со цел да се добие посакуваниот резултат и вели дека секогаш ги зема со доза на резерва.

„Секогаш треба да се гледа нарачателот и веднаш ќе се знаат однапред и резултатите, кои потоа се презентираат како релевантни мислења и ставови „на народот“. Кај нас се местеле институционално избори, не пак истражување на јавно мислење. Особено што никој нема никаква (ниту морална) одговорност за погрешно иследување или презентирање на добиените податоци од реалната фактичка состојба. Особено што истите претставуваат и перење за пари од агенции кои се блиски до одредени политички партии и центри за моќ. Граѓаните да се внимателни и секогаш со доза на резерва да ги прифаќаат овие „истражувања“. Јас со индигнација ги отфрлам, бидејќи знам дека се најдоброто оружје на тоа што денеска модерно се нарекува спин!“, посочува Атанасоски.

Според последното истражување кое го спроведе агенцијата „Маркет вижн“ за порталот МКД повеќето граѓани на земјава не се задоволни од надворешната политика во однос на случувањата во Украина и во однос на Русија и не ги одобруваат санкциите кои Македонија ги спроведува кон Руската федерација. Сепак, според дел од аналитичарите, во изјава за „Локално“, ваквите податоци се зачудувачки и сметаат дека секој човек мора да ја осуди руската агресија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ