Косовскиот премиер Албин Курти на денешната седница на Владата на Косово изјави дека во текот на оваа недела Косово ќе ја поднесе апликацијата за членство во Европската унија (ЕУ), јавуваат косовските медиуми.
Премиерот Курти изјави дека е дојдено време потенцијалниот кандидатски статус официјално да се претвори во кандидатски статус за членство во ЕУ.
„Пред една година објавивме дека оваа година ќе аплицираме за членство и денеска на овој состанок најавуваме дека неделава ќе ја доставиме апликацијата до Европската Унија. Европската унија е земја на мирот и нашата земја природно има место во овој дом“, рече тој.
Меѓу другото, Курти рече дека во споредба со земјите кога аплицирале, Косово е подобро подготвено.
Н.А