• Latest

Буџетот на МО за 2023 година ќе изнесува 274,6 милиони евра

December 21, 2022
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Буџетот на МО за 2023 година ќе изнесува 274,6 милиони евра

December 21, 2022 11:28
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Предложениот буџетот на Министерството за одбрана за 2023 година изнесува 274,6 милиони евра и е за една третина повеќе од минатогодишниот.

Според премиерот Димитар Ковачевски, планираните финансии за одбраната за следната година ќе придонесат за развој и модернизирање на овој  ресор согласно стандардите на земја членка на НАТО.

– Развојот на одбраната ќе придонесе за посовремена безбедност во однос на заканите кои ни ги носат геостратешките предизвици, а за кои имаме обврска да ги заштитиме нашите граѓани. Третина повисок буџет во одбраната, значи влог во мирот и стабилноста на луѓето, а тоа е непроценливо, рече Ковачевски на заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Покачувањето на средствата, како што нагласи Ковачевски, значи дека  ќе ја оствариме зацртаната цел, а тоа е буџетот за одбрана да биде два проценти од БДП во 2024 година, според стандардите на НАТО.

Министерката Петровска потсети дека за припадниците на Армијата во годината што измина се создадени услови уште еднаш да се зголемат платите, како и за отпремнини од над 20.000 евра за припадниците со навршени 45 години, како и за станарина од 9.500 денари како надополнување од месечниот приход на секој војник.

– Оваа грижа ќе продолжи и понатаму. Армијата на Северна Македонија, денес НАТО Армија, е опремена, мотивирана и добро платена Армија, рече Петровска.

Таа соопшти дека 2023 година Северна Македонија во меѓународни мисии и операции ќе има 226 лица, а вкупните средства за таа намена изнесуваат 10 милиони и 548 илјади евра.

Tags: буџетДимитар КовачевскимоСлавјанка Петровска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ