• Latest

Политико: Ердоган може да започне војна за да ја „спаси сопствената кожа“

January 3, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Политико: Ердоган може да започне војна за да ја „спаси сопствената кожа“

January 3, 2023 19:18
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателските избори во Туркије, кои ќе се одржат на 23 јуни 2023 година, несомнено се најважните избори во светот оваа година, пишува Политико. На тие избори, земјата од 85 милиони жители ќе одлучи дали ќе продолжи да се движи кон авторитарна, експанзионистичка моќ или ќе избере полиберален, плуралистички пат.

Првпат откако Партијата на правдата и развојот (АКП) на Ердоган дојде на власт во 2002 година, постои сериозна можност за политички промени. Популарноста на Ердоган се намали бидејќи економските тешкотии се зголемија и анкетите покажуваат дека тој е во сериозен проблем.

Одговорот на Ердоган на новите проблеми е карактеристично брутален и на домашен и на меѓународен план. И покрај противењето од Вашингтон и од Москва, Ердоган најави дека се подготвува да испрати тенкови во Сирија за да ги истера курдските милиции кои се сојузници со Западот во борбата против милитантите на Исламската држава.

Анкара верува дека курдските милиции се поврзани со забранетата Курдска работничка партија (ПКК). Турскиот претседател, исто така, им се закани на сојузниците на НАТО – Грција во врска со споровите околу дупчење гас, Кипар и наводната „милитаризација“ на грчките острови во Егејското Море, иако е јасно дека меѓународната економска и политичка цена од потенцијалниот напад врз Грција ќе биде огромна.

Откако започна руската агресија врз Украина, Ердоган ја позиционираше Туркије како неопходен посредник меѓу Москва и Кијив, помагајќи во склучување договор и нудејќи се за домаќин на разговорите меѓу шефовите за безбедност на САД и на Русија. Тој, исто така, успеа да ја поддржи Украина со продажба на воени беспилотни летала, но во исто време одржуваше трговски и енергетски врски со Русија.

Тој не ги загрози односите со рускиот претседател Владимир Путин и не го предизвика гневот на западните земји. Во меѓувреме, турскиот претседател го искористи судскиот систем дома, кој не е многу познат по својата независност, за да се обиде да ги дисквалификува своите најсилни потенцијални противници.

Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, популарна личност од секуларната левичарска Републиканска народна партија (ЦХП), кој би можел да биде претседателски кандидат на здружената опозиција, е осуден на повеќе од две години затвор. Засега, пресудата е одложена поради жалба, но Ердоган може да се обиде да го забрза судскиот процес и да му забрани на неговиот ривал да се кандидира.

Исто така, на повеќе од 100 политичари од прокурдската Народна демократска партија (ХДП) им се суди за наводни терористички дела, што може да доведе до забрана на движењето. Ердоган, поранешен градоначалник на Истанбул, и самиот се соочи со слично судско малтретирање пред АКП да триумфира во 2002 година.

Осуден е на една година затвор за читање наводна исламистичка песна и му беше забрането да се кандидира на избори. Тешко е да се процени колку далеку е подготвен да оди турскиот претседател овојпат во однос на вистинска воена акција за да го обезбеди својот реизбор.

Во времето на доаѓањето на Ердоган на власт, Туркије немаше проблеми со соседите, а сега е во отворен или латентен конфликт со Сирија, Грција, Израел, Египет, Саудиска Арабија и Ерменија. Иако јавното мислење е силно националистичко во Туркије, копнен упад во Сирија што би предизвикал реакција од САД или Русија, принудувајќи ја Анкара да отстапи, би можел да има спротивен ефект.

Неговата груба употреба на судството за оневозможување на делувањето на опозицијата, исто така, може да му наштети. Од друга страна, ограничена прекугранична операција со малку турски жртви всушност може да биде прифатлива за гласачите, на ист начин како што редовните израелски напади врз Газа, како одмазда за ракетните напади на палестинскиот Хамас, се сметаат за полициски операции, а не за војни.

Следните месеци ќе бидат исполнети со борбена реторика бидејќи Ердоган ќе сака да ја проектира обновената моќ на Туркије во мултиполарниот свет, каде средните сили можат да имаат поголемо влијание бидејќи САД и Русија не се многу подготвени или способни да дејствуваат како глобални полицајци.

Европската унија веројатно ќе биде набљудувач. Иако ЕУ е најголемиот трговски партнер на Туркије, таа го загуби влијанието во Анкара, со оглед на тоа што процесот на пристапување на земјата во ЕУ е блокиран и се завршува. На западните земји несомнено би им било полесно доколку Ердоган биде сменет од власт, но тие избегнуваат да и помагаат на опозицијата, иако потајно се надеваат на поумерена, прозападна Туркије во јуни.

Tags: ЕрдоганизборисменаТуркије
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ