• Latest

Мислите дека вештачката интелигенција беше импресивна во 2022? Изненадувањата допрва доаѓаат!

January 8, 2023

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
Град што се обновува и живее (илустрација генерирана со вештачка интелигенција, ChatGPT/OpenAI)

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

Изборите во БиХ ја потврдија поларизацијата: Додик останува фактор на нестабилност, европскиот пат неизвесен

October 5, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Како националниот идентитет стана штит за академската просечност

October 5, 2026

Студентите во новата академска година: Многу очекувања и проблеми, малку одговори

October 5, 2026
Урсула фон дер Лејен, Албанија, турнеја низ Западен Балкан, 1 октомври 2026 (фото: EU debates - eudebates.tv)

По турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан: Кој забрзува, а кој стои во место?

October 5, 2026
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА

Мислите дека вештачката интелигенција беше импресивна во 2022? Изненадувањата допрва доаѓаат!

January 8, 2023 14:39
in НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Експертите за вештачка интелигенција предвидуваат дека 2023-та е година на откритија. Прашањето е – дали светот е подготвен за нив?

Во 2022 година, моќните генератори на слики како што се Стејбл Дифјужн (Stable Diffusion) јасно ставија до знаење дека дизајнот и уметничката индустрија се изложени на ризик од масовна автоматизација, што ги натера уметниците да бараат одговори, пишува Келси Пајпер, авторка во Вокс (Vox), чиј текст го обработуваме овде. Едноставно, веќе стана јасно дека деталите за тоа на кој начин учат модерните системи за машинско учење и за тоа како се обучуваат, набрзо станаа популарни прашања.

Мета ги објави изданијата и на Блендербот (Blenderbot), што беше промашување, и на дволичниот дипломат, агентот Цицеро (Cicero), кој го освојува светот (што не беше).

ОпенАИ (OpenAI) ја заврши годината бомбастично со објавувањето на ЧетЏиПиТи (ChatGPT), првиот јазичен модел за вештачка интелигенција што беше широко прифатен од милиони корисници – и кој може да стави крај на студентските есеи, меѓу другите потенцијални импликации.

Претседателот и ко-основач на ОпенАИ, Грег Брокман, на последниот ден од 2022 година, предвиде бум во развојот на вештачката интелигенција.

„Предвидување: 2023 година ќе направи 2022 да изгледа како поспана година за унапредувањето и усвојувањето на вештачката интелигенција“, твитна Брокман.

Prediction: 2023 will make 2022 look like a sleepy year for AI advancement & adoption.

— Greg Brockman (@gdb) December 31, 2022

 

Вештачката интелигенција станува реалност

Една од дефинирачките карактеристики на напредокот на вештачката интелигенција во изминатите неколку години е тоа што се случува со огромна брзина. Истражувачите за машинско учење често се потпираат на одредени репери, за да ги споредат моделите еден со друг и да ја дефинираат состојбата на уметноста за одредена задача. Но, често се случува во развојот на вештачката интелигенција денес, да се создаде репер пред да биде објавен модел што го спречува тоа.

По објавата на ЏиПиТи-2, многу се работеше на оценките на неговите ограничувања, од кои повеќето беа отстранети во ЏиПиТи-3. Слична работа се случи за ЏиПиТи-3, а ЧетЏиПиТи во најголем дел веќе ги надмина тие ограничувања. ЏиПиТи-4 ќе биде објавен некаде оваа зима или напролет и се очекува да биде уште подобар.

Некои уметници се утешија во однос на аспектите според кои сегашните уметнички модели се ограничени, но други предупредија дека следната генерација модели нема да биде ограничена на сличен начин.

И додека уметноста и текстот се сметаа за големи скокови во 2022 година, има многу други области каде техниките за машинско учење би можеле да бидат на работ на откритија што ќе ја трансформираат индустријата: музичка композиција, видео анимација, пишување код, превод.

Тешко е да се погоди кое домино прво ќе падне, но до крајот на оваа година уметниците нема да бидат сами во борбата со ненадејната автоматизација на нивната индустрија.

Што нѐ очекува во 2023 година

Во 2023 година веројатно ќе имаме модели на слики кои можат да прикажуваат повеќе знаци или предмети и постојано да прават покомплицирано моделирање на интеракции на предмети (слабост на сегашните системи).

Веројатно ќе имаме генератори на текст кои даваат подобри одговори од ЧетЏиПиТи (како што оценуваат човечки оценувачи).

The Information објави дека Мајкрософт, кој има удел од 1 милијарда долари во ОпенАИ, планира да го интегрира ЧетЏиПиТи во својот пребарувач Бинг. Наместо да обезбеди врски како одговор на прашања за пребарување, пребарувач со јазичен модел може едноставно да одговара на прашања.

Се очекува и да видиме многу пошироко усвојување на алатките за асистенција во кодирањето како што е Копилот (Copilot), до точка каде што повеќе од 1 од 10 софтверски инженери ќе кажат дека ги користат редовно.

Просторот на личните асистенти со вештачка интелигенција и „пријателите“ со вештачка интелигенција ќе порасне, со најмалку три опции за такви намени кои се особено подобри за корисничкото искуство во споредба со моделите како Сири или Алекса што постојат денес.

Yikes

Илон Маск одговори на твитот на Брокман за перспективите на вештачката интелигенција во 2023 година со еден збор: „Yikes“ (израз со кој се изразува возбуда, навивање).

Yikes

— Elon Musk (@elonmusk) January 1, 2023

 

Маск пишуваше за потенцијалот и огромните ризици на вештачката интелигенција во 2014 и 2015 година и се увери дека тоа е еден од најголемите предизвици на нашето време:

„Со вештачка интелигенција го повикуваме демонот. Ги знаете оние приказни каде што е момчето со пентаграм и светата вода е сигурно дека може да го контролира демонот? Не оди тоа така.“

Заедно со другите личности од Силиконската долина, како Сем Алтман, Маск го коосноваше ОпенАИ во 2015 година, како што тогаш изјави, за да помогне во развојот на вештачката интелигенција да биде од корист за целото човештво. Тоа е комплицирана мисија, во најмала рака, бидејќи за да се направи вештачката интелигенција да функционира добро, зависи неизмерно од тоа што точно очекувате да тргне наопаку. Маск изјави дека се плаши од централизација на моќта на технолошките елити. Други се загрижени дека технолошките елити ќе ја изгубат контролата врз сопствените креации.

Иако Маск го напушти ОпенАИ во 2019 година, тој постојано предупредуваше на опасностите од вештачката интелигенција, вклучувајќи ги и проектите на компанијата што тој помогна да се изгради.

Предупредувањата од експертите за вештачка интелигенција дека „ние создаваме бог“ порано лесно беа припишани на возбудата од напредокот. Сега веќе тешко дека може да се скријат и стравувањата.

Побавна и поспана година на фронтот на вештачката интелигенција би била добра вест за човештвото. Би имале време да се прилагодиме на предизвиците што ги поставува вештачката интелигенција, да ги проучиме моделите што ги имаме и да научиме како функционираат и како се расипуваат, а можеби ќе имаме и време за посериозен разговор за тоа зошто вештачката интелигенција е толку важна и како ние – човечка цивилизација со заеднички удел во ова прашање – можеме да го направиме тоа доброто на сите.

Подготви: М. Пешевска / PMD


Текстот е личен став на Автор(к)ите. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: FRONTLINE
Tags: вештачка интелигенцијаЈањиќтехнологии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ