• Latest
Конференција „Различностите, благодат или проклетство“ /Фотографија: Ангел Ангеловски

Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?

January 12, 2023

Илјадници Израелци во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците

August 10, 2025

Протестот во Кочани пред полицијата: „Вие сте виновни за смртта на нашите деца“

August 10, 2025

Трамп ја номинираше портпаролката на Стејт департментот, Тами Брус за заменик-претставник на САД во ОН

August 10, 2025

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

August 10, 2025

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори

August 10, 2025

Стармер и Макрон ќе работат за праведен и траен мир во Украина

August 10, 2025

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?

January 12, 2023 12:12
in ВЕСТИ, МУЛТИКУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Конференција „Различностите, благодат или проклетство“ /Фотографија: Ангел Ангеловски

Конференција „Различностите, благодат или проклетство“ /Фотографија: Ангел Ангеловски

Share on FacebookShare on Twitter

Високи претставници на Владата, граѓанското општество и експертската заедница денеска говорат на Конференцијата на Цивил за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество „Различностите, благодат или проклетство“.

ШТО, КАДЕ И КОГА? Конференцијата се одвива во денови кога темата е исклучително важна и ги допира најсензитивните области од општествено политичкото живеење во земјата. Воедно, Конференцијата на Цивил се совпаѓа и со финализирањето на Стратегијата 2023-2025 за мултикултурализам и интеркултурализам според која институциите ќе добијат насоки за креирање и спроведување политики и практики по овие комплексни прашања.

ГЛАВНО ПРАШАЊЕ Главното прашање на Конференцијата е: Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?

-Според Министерката за труд и социјални политики Јована Тренчевска, само заедно со прифаќање на различностите можеме да бидеме по среќни.

„Едно општество за сите е тоа што нашата држава ја прави посилна. Веруваме во толеранцијата, и се водиме во еднаквоста, солидарноста. МТСП има големо портфолија на надлежности а таму е проткаено прифаќањето на различностите“, вели Тренчевска.

-Граѓанскиот сектор е наш стратешки партнер и сите политики кои ги спроведуваме се во партнерство токму со граѓанскиот сектор, потенцира Тренчевска.

Роберт Алаѓозовски – Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка вели дека мултикултурноста е жива.

„Соочени сме со два типа на ризици. Во првите две години ковид, а потоа агресијата на Русија кон Украина. Во новата стратегија сакаме да направиме поадаптилен систем на мерки, за да направиме подобро општество за сите. После три години работа сега треба да сумираме што е, а што не е направено и да се обидеме да го поправиме“, вели Алаѓозовски.

-Кај нас различноста е состојба која е признаена и ние отсегогаш сме признаени како земја која добро се справува и добро ја прифаќа различноста. Различноста е благодат, тие општества остваруваат просперитет, па дури и во економијата, различноста создава покомлексен и покомпетенет тип за успех, додава Алаѓозовски.

„Ние како држава сме демократија, а Собранието треба да биде претставничка демократија и треба да се спроведуваат политики за мултикултурализам. Во принцип има добар пристап на застапеност на различните етникуми, а и застапеноста на жените е на високо ниво, околу 40 проценти, ако ги гледаме бројките.

-Но ако граѓаните пак гледаат на собранискиот канал, сепак не можам да потврдам дека е пракса какви пораки на оваа тема испраќаме до јавноста.

-Постојат политички сили кои се обидуваат да го прекинат синџирот кој е постигнат низ годините на полето на етничката инклузија, но и практикуваат изразен говор на омраза.

-Јас лично бев изложена на говор на омраза од колешка од опозициска партија и не можам да речам дека постои почитување и развој и почитување на различностите, изјави Санела Шкријељ, пратеничка во Собранието на Северна Македонија.

Според Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи мулткултарзмиот може да биде и е попопуларен. Владите предводени од СДСМ радикално ја променија позицијата.

„Добро е што е инсталиран во општеството. Но сериозна закана се случувањата во Косово, Србија и Хрватска, недоборососедската комуникација. За среќа имаме добра ситуација со нашиот добар однос со Грција и Албанија. Отворен Балкан емитува соработка, но тоа подразбира соработка на различностите. Отворен Балкан сите го поддржуваат и тоа е добар процес кој треба да биде искористен“.

-Договорот од Преспа е востановен како добар пример и заедно со Отворен Балкан е пример кои што треба да го следат и другите, потенцира Забрчанец.

Универзитетскиот професор Рубин Земон говорејќи за мултикултурализмот вели дека сме исправени пред нови предизвици.

„Сега треба да се даде повеќе акценти на интеркултурализмот. Потребно е што повеќе да развиваме интерна кохезија. Треба да се даде повеќе акцент на социјално-општествена кохезија. Тие политики на кохезија треба да ги спуштиме на базата, на општините, вели Земон.

Елвис Мемети, Владиниот советник за инклузија на Роми вели дека Владата покажа јазна визија за продолжување на мултикултурализмот.

„Може да се воочи дека тенденција е јакнење на генералните политики на Владата за јакнење на правата на Ромите“.

„Предизвици ќе постојат, но интегративните процеси што ги води Владата водат кон поотворено прифање на концептот“, вели Мемети.

Мерсиха Смаиловиќ од „Легис“ смета дека мултикултурализмот е предизвик.

Говорот на омраза е огрмно зло. Потребна е институционална поддршка и јас како граѓанка очекувам интервенција од институциите. Потребна е храбост од институциите за да покажат дека ова е „едно општество за сите“, вели Смаиловиќ.

Петар Атанасов, универзитетски професор, поранешен заменик министер за образование вели дека пред неколку години имаше инпулс од општеството, од народот кој бараше нешто ново.

„Ова се тие фактори кои што овозможија вакво нешто да говориме за мултикултурализмот“, вели Атанасов и додава дека е потребно да им се одземе национализмот на политичките партии.

Луан Имери од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања смета дека мултикултуразлизмот е жив организам. Тоа се случува и во светот и тој треба да се храни.

„Но има еден јаз помеѓу она што го прокламираме, но на терен е различно“, вели Имери.

„Суштината на мултикултурализмот е да се биде проактивен“, додава Имери. Мултикултурализмот е поврзан со мултиперспективноста. Се надевам дека правиме доволно чекори“, потенцира Имери.

Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ што го спроведува Цивил со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

Д. Варошлија

 

 

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ