Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) Скопје ќе одржи панел – дискусија: „Руските дезинформации во Северна Македонија: Наративи и студии на случај“, на 26 јануари 2023 (четврток) во „Бруталиск“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
Панелисти на оваа дискусија ќе бидат: Росана Алексоска, менаџер на програмата „Борба против лажни вести и наративи“, Граѓанска асоцијација МОСТ – Главни наративи на руските дезинформации и пропаганда, Зоран Бојаровски, новинар и аналитичар – Руските дезинформации и православната пропаганда и Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во Институтот за медиуми и аналитика ИМА – Руски дезинформации во Република Северна Македонија – студии на случај.
Модератор на настанот е Петрит Сарачини. По излагањата на панелистите е предвидена и дискусија со учесниците и присутните на настанот.