• Latest

ЕУ вети континуирана поддршка на Украинa во војната против Русија

February 10, 2023

Како лагата добива изглед на вистина – што е перење пропаганда? (ИНФОГРАФИК)

November 28, 2026

Ден на сеќавање на жртвите на Гладоморот: Историјата на злосторството и враќањето на вистината

November 28, 2026
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

ЕУ вети континуирана поддршка на Украинa во војната против Русија

February 10, 2023 19:18
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите на Европската унија го уверија украинскиот претседател Володимир Зеленски за континуираната поддршка на Европа во војната против Русија, но презедоа само неколку конкретни обврски.

– Европската унија ќе стои покрај Украина со цврста поддршка онолку долго колку што е потребно, се вели во соопштението усвоено денеска на самитот во Брисел.

– Руската брутална војна, која трае речиси цела година, донесе огромно страдање и уништување на Украина и нејзиниот народ. Русија мора веднаш да ја прекине оваа ѕверска војна, стои во документот.

Исто така, се вели дека ќе се направат обиди да се зголеми „колективниот притисок“ против Русија во тесна координација и соработка со партнерите. Ќе се засилат и мерките против заобиколување на санкциите.

Сепак, лидерите беа порезервирани да дадат повеќе оружје како борбени авиони и покрај молбата на Зеленски дека „нема право да се врати дома без резултати“, јави ДПА, пренесува МИА.

Зеленски беше гостин на самитот – тоа беше неговото второ патување во странство од почетокот на војната – и на секој лидер му даде список на материјали што ѝ се потребни на Украина за да се бори против Русија, според официјален претставник на ЕУ.

– Украинскиот тим подобро знае што има на залиха секоја земја-членка отколку самите лидери. Затоа е неверојатно колку добро се организирани да ја водат оваа војна, рекол претставникот на ЕУ.

Украинскиот претседател очекувања да добие авион, но францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека таков потег „дефинитивно нема да се случи во наредните недели“.

Словачката влада беше попозитивна во врска со постојаното украинско барање за воени авиони. Зеленски директно побарал од соседната земја борбени авиони од советскиот тип МиГ-29.

Словачкиот премиер Едуард Хегер му ветил на Зеленски дека „ќе работи на исполнување на оваа желба“, се вели во снимката од краткиот разговор меѓу двајцата политичари објавена од владината канцеларија во Братислава.

Хегер за словачката новинска агенција ТАСР изјави дека конкретната процедура за предавање на борбените авиони ќе биде разјаснета не само во рамките на Словачка, туку и на европско ниво, бидејќи Словачка ќе ги предаде МиГ-29 на Украина согласно механизмот за финансирање на ЕУ.

Португалија во меѓувреме и вети на Украина три тенкови Леопард 2А6, изјави премиерот на земјата Антонио Коста на самитот, јави португалската новинска агенција Луса.

Макрон не ја отфрли можноста за испраќање авиони, но рече дека барањата за обука, меѓу другото, значат дека тоа ќе потрае подолго.

Францускиот претседател рече дека борбените авиони не се она што и треба на Украина во моментов во војната против Русија. Поважна, на пример, е дополнителна артилерија, рече тој.

За да помогне во снабдувањето на Украина со артилериска муниција, естонската премиерка Каја Калас го претстави планот за подобрување на набавката на оружје и залихите на ЕУ.

Како „мотор“ за зајакнување на одбранбената индустрија, Калас сака Европската комисија да користи средства од земјите-членки на ЕУ за купување оружје слично на начинот на кој комисијата набавува вакцини за Ковид-19.

Внимателноста околу авионите и резервите на оружје се прошири и на прашања како што е употребата на замрзнати руски средства што се користат за обнова на Украина.

ЕУ и нејзините партнери ќе ја „засилат својата работа“ по ова прашање, во согласност со ЕУ и меѓународните закони, се вели во изјавата на лидерите на ЕУ.

Европските лидери ги пофалија и „значајните напори“ што Украина ги покажа за пристапување на земјата во ЕУ.

– Европската унија со нетрпение очекува тесно да работи со Украина и да ја поддржи во нејзините напори целосно да ги исполни сите услови. Европскиот совет повторува дека иднината на Украина е во рамките на Европската унија, се подвлекува во заклучоците.

Украинскиот претседател, исто така, доцна синоќа се состана со својот полски колега Анджеј Дуда во Полска, на враќање во Киев од самитот на ЕУ, при што детално му го опиша патувањето и ситуацијата со војната во Украина.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ