• Latest

Светска оркестарска премиера на „Македонисимо“ на Трпчески во Виена

March 3, 2023
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Падна француската влада откако пратениците гласаат за разрешување на премиерот Бајру

September 8, 2025
Фото: АА/Фејсбук

(ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

September 8, 2025
Фото: Амбасада на САД/Фејсбук

Честитка од Амбасада на САД и државниот секретар Марко Рубио за Денот на независноста: Го цениме цврстото партнерство во унапредувањето на глобалната безбедност и стабилност

September 8, 2025
Буча. Фото: Твитер

Украина нападна воена единица во Русија обвинета за воени злосторства во предградијата на Кијив, Буча и Ирпин

September 8, 2025
Фото: Еврокомесарката Марта Кос / Х

Еврокомесарката Марта Кос со честитка за Денот на независноста: Цврсто го поддржувам вашиот пат кон ЕУ

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на профилот на Антонио Кошта/Х

Антонио Кошта со честитка за Денот на независноста: ЕУ останува посветена на македонскиот европски пат

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Најмалку 5 лица убиени во терористички напад врз автобуска станица во Ерусалим

September 8, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Светска оркестарска премиера на „Македонисимо“ на Трпчески во Виена

Светска премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите се одржа синоќа во престижната концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот оркестар Тонкунстлер и диригентот Јутака Садо од Јапонија, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“.

March 3, 2023 08:47
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Светска премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект „Македонисимо“  на Симон Трпчески и пријателите се одржа синоќа во престижната концертна сала „Музикферајн“ во Виена, заедно со австрискиот оркестар Тонкунстлер и диригентот Јутака Садо од Јапонија, соопшти  Здружението за култура и уметност „КултурОп“.

„Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавен синоќешниот голем настан за македонската музичка уметност.  Трпчески во изјава за МРТ појаснува дека на членовите квинтетот  Македонисимо им донесе многу возбуда, среќа и гордост.

– Се случи нешто што засекогаш ќе остане во аналите на историјата на македонската интерпретативна уметност. Возбудата е дотолку поголема што добивме уште една димензија на проектот Македонисимо, кој Панде Шахов овојпат го обои во најразлични оркестарски бои за поинаква звучна слика. Со желба изведбата да донесе уживање и за самиот оркестар, тој ја направи оркестрацијата многу внимателно. Во секој случај, незаборавно е чувството кога грмна тапанот и низ  „Музикферајн“ се разлеаа корените на македонската нација, изјави Трпчески за МРТ.

Композиторот и аранжер Панде Шахов, како што пренесува „КултурОп“, појасни дека не менувал ништо во делниците за квинтетот, туку само оркестарски ги обоил.

Изведбата на квинтетот Македонисимо (Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал и Влатко Нушев на перкусии, предводени од пијанистот Трпчески), посочува „КултурОп“, беше посебна инспирација и за членовите од оркестарот, на чело со нивниот музички директор и шеф-диригент Јутака Садо, кој подвлече дека кога првпат ги видел ритмите во партитурите, се исплашил како ќе ги диригира.

-По дводневни проби, забележав дека со помош на прекрасните музичари од квинтетот Македонисимо, сега не се чувствувам како да следам ритам, матрица, туку како да создавам една многу слободна музика. И среќна! Кога завршува секој од ставовите, оваа музика нѐ прави насмеани, среќни. Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин, изјави маестро Садо за МРТ.

„КултурОп“ информира дека  одушевената публика тоа го препозна и по стоечките овации следуваа две изведби на бис.

-Како што вели и официјалниот сајт на Тонкунстлер оркестарот, „радосната музика за која критичарите открија дека резултатот го „одзема здивот“, вечер (3 март) продолжува со својата реприза на големата сцена во Фестивалската сала на австриски Санкт Полтен, се наведува во соопштението. хс/

фото: КултурОп

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: АА/Фејсбук

    (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Зависна независност

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Европратениците пристигнаа во Србија и брзо ја напуштија земјата: „Вучиќ не навредуваше и ни се закануваше“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ