• Latest

ФЕЉТОН Запоставен во животот, повторно откриен по смртта: Како српскиот Ван Гог станал првиот херој на Лексиконот

March 5, 2023
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

ФЕЉТОН Запоставен во животот, повторно откриен по смртта: Како српскиот Ван Гог станал првиот херој на Лексиконот

March 5, 2023 19:27
in АНАЛИЗИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter
Кога ИТ експертот Влатко Милошевски започнал да го создава „Лексиконот на странски сликари во Македонија 1850-1950“ во виртуелна форма како интернет-сајт, а подоцна и како печатено издание во форма на монографија, тоа било плод на неговиот обид да ги собере сите достапни информации за активностите на странските сликари, илустратори, графичари, скулптори и уметнички фотографи кои што ја посетиле Македонија и создале уметничко дело инспирирано од земјата, културата, традицијата, природата или историските настани во Македонија и македонските етникуми, во временска отсечка од еден век.

Неговата методологија подразбира дека уметничкото дело е оригинална креација во маслена техника, акварел, цртеж или илустрација со молив, графит, мастило, туш, гваш или пастел, уметничка фотографија, графика од типот на гравура, бакрорез, дрворез, гравура врз линолеум, сува игла, литографија, скулптура…

Трагајќи по странските сликари кои престојувале или ја посетиле Македонија како географски регион и комуницирале со македонските етникуми – сите етнички групи кои живееле во посочениот период,  етнички Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бугари, Грци, Муслимани од нетурско потекло, Евреи и други – креаторот на Лексиконот создава вистинска галерија на епоха и автори.

Рацин.мк во неколку продолженија ќе приопшти дел од приказните во таа богата галерија на слики, автори, инспирации и судбини, со редакциска опрема на текстот и фотографиите.

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на Интернет. Налетувам  на online аукција во живо во Питсбург, Пенсилванија, САД. Меѓу разно-разни нешта, во листата на објекти за продажба се појавуваат 12-тина цртежи од гваж на хартија со опис: „Nicholas Petkovich” – цртежи од Македонија, 1928 година“. Секој од цртежите е понуден на продажба одделно со многу скромна почетна цена.

„Nicholas Petkovich? Веројатно е Никола Петковиќ, а мора да е Србин, но кој е тој? “

Посегнав кон „библијата“ на југословенската ликовна уметност „Ликовна енциклопедија Југославије, Загреб 1984 година“ – масивна книга во три тома каде што секој том има повеќе од 700 страници, во кој што се евидентирани сите југословенски сликари, без разлика колку биле познати. Но, немаше никаков запис за „Петковиќ, Никола“.

„Значи, мора да бил аматер или имаат згрешено со името на сликарот“, си помислив.

Квалитетот на делата беше запрепастувачки. Како самиот Винсент ван Гог да ги има насликано – колоритен скршен импресионизам во своето најдобро издание. Почнав да наддавам, но наддаваа и сите други – цртежите беа убави, секој од нив почна да достигнува десетпати повисоки цени од првичната проценка. Гледав беспомошно како цртежите, еден по еден одат кај некој друг и исчезнуваат засекогаш од јавноста. Ја сменив стратегијата и решив да ги насочам сите пари на наддавање на последните 3 цртежи – сцени со македонските селани во традиционална народна облека.

Учителот од Охрид

Стратегијата беше добра. Победив за сите три цртежи. На почетокот на 2005 година, го добив пакетот од САД и започнав да ги анализирам. Беа уште поубави отколку на фотографиите. Секој од нив потпишан со монограм „Н.П.“.

Остана прашањето „Кој е Nicholas Petkovich / Никола Петковиќ / Н.П.?“.

Почнав да пребарувам на Google со клучни зборови: „Српски сликар“ + „Македонија“ + „1920“. Google започна да враќа информации кои што ги запишував во “Excel” датотека. Тоа беше првата верзија на овој лексикон! Бев изненаден колку многу српски сликари дошле во Македонија во овој период 1900-1950 година и создале извонредни уметнички дела што веројатно се непознати за македонската јавност (или барем беа целосно непознати за мене). Списокот започна да расте: Никола Арсеновиќ, Христифор Црниловиќ, Васа Ескичевиќ, Љубомир Ивановиќ, Паја Јовановиќ, Никола Михаловиќ, Милан Миловановиќ, Бета Вукановиќ, Надежда Петровиќ … Надежда Петровиќ?… Н.П. !!!

„Чекај малку! Н.П. – можат ли овие да бидат цртежи на Надежда Петровиќ?“, си помислив.

Надежда Петровиќ (1873-1915) се смета за најважниот српски фавистист и импресионист, и најзначајна српска сликарка во тој период. Се школувала на Академијата за ликовна уметност во Минхен, каде што некои од најпознатите сликари во историјата, на пример, Пол Кле и Василиј Кандински биле импресионирани од нејзината работа. Во периодот околу 1910 година работела во Париз заедно со познатиот скулптор Иван Мештровиќ. Многу е активна во нејзината хуманитарна работа на Косово и во Македонија. Во 1902 година ја создала организацијата Круг на српските сестри со активности во Македонија. Кога започнала балканската војна во 1912 година, доброволно станува медицинска сестра и патува со српската армија низ Македонија за која е одликувана со неколку медали. Волонтирала повторно како медицинска сестра во 1914та година кога започнала Големата војна и се враќа во Скопје околу 1915 година. Умира од тифус во болницата во Ваљево во 1915 година.

Иако стилот и боите беа слични на делата од Надежда Петровиќ, имав големи сомнежи, едноставно затоа што не е можно толку многу цртежи да се појават на пазарот одеднаш од толку познат сликар. Ако ја имате целата светска среќа, можеби ќе пронајдете едно дело, но три? Впрочем, аукцијата продаваше околу 12 цртежи. Сепак, продолжив да ја негувам романтичната илузија дека МОЖЕБИ имам цртежи од Надежда Петровиќ дома. Во меѓувреме, поставив прашања за пребарување на Ebay, Artprice, Invaluable и Findartinfo за „Никола Петкович“ и чекав да вратат нешто. На крајот на 2006та година, пребарувачот на Ebay враќа резултат.

Nicholas 1
Nicholas 2
Nicholas 3

Ebay наоѓа каталог од спомен-изложба во Питсбург, Пенсилванија, која се одржала од 10 декември 1955 до 2 јануари 1956 година, на свештеникот и сликар Nicholas Petkovich (1893-1952). Каталогот дава информации дека студирал сликарство на познатата академија за ликовна уметност во Виена (каде Егон Шиле, Густав Климт и Оскар Кокошка студирале уметност), а подоцна земал часови по сликарство во Карнеги институтот за технологија во Питсбург. Петковиќ бил српски свештеник во Епископалната црква. Предговорот е напишан од влијателниот уметнички критичар од Питсбург, Волтер Рид Хови, што значи дека Петковиќ бил познат и почитуван сликар во локалните уметнички кругови.

Која била врската на Петковиќ со Македонија?

Сликите на меморијалната изложба биле од неговата подоцнежна фаза, каде што сликал на големи платна експресионистички религиозни сцени. Но, стилот и боите беа исти како неговите „македонски“ дела. Во книгата не беше ништо споменато за неговиот престој во Македонија.

Продолжив со потрагата за откривање врска меѓу Македонија и овој непознат сликар. Поставив пораки на српските уметнички блогови со молба за повеќе информации за сликарот. Во пролетта 2008 година, добив реакција.

The teacher from Ohrid3

Се викаше Милош Вујасиновиќ. Имал уметничка галерија во Филаделфија, но животот го носи назад во Србија, каде започнува одново од нула. Имал амбиција да отвори галерија од висока класа преку која би откривал скапоцени ликовни бисери, кои би ги претставил на јавноста за прв пат. Нашол колекција од 40 слики и цртежи на Никола Петковиќ од српско бегалско семејство од Кордун. Сите слики биле мотиви од Македонија, Косово и Црна Гора. Се поврзал со добро познатиот српски историчар на уметност, Сланислав Живковиќ и заедно успеале  да го пронајдат потеклото на таа колекција кое води директно до вдовицата на Никола Петковиќ, г-ѓа Зора Петковиќ, која се вратила во Инџија, Војводина, во 1971 година и донела со неа повеќе од 200 слики. Дел од тие слики биле дадени како подарок на градот Инџија, дел завршиле кај приватни колекционери.

Историчарот на уметноста, г-дин Сланислав Живковиќ, е длабоко импресиониран од овој наод. Ја опишува оваа епизода во својата книга „Животот на сликите“ објавена во 2008 година и ја охрабрува општината Инџија да организира спомен-изложба. Српската јавност одеднаш го открива Никола Петковиќ. Српскиот печат е полн со написи за Петковиќ. Уметничките кругови во Србија започнуваат да откриваат стари написи за овој сликар во весниците од 1950-тите. Одеднаш, Никола Петковиќ станува српски Винсент ван Гог – запоставен во животот, повторно откриен во смртта каде добива максимална слава. Преку ноќ, Петковиќ е ставен во друштвото на најважните српски фависти од почетокот на 20ти век.

The teacher from Ohrid 4
The teacher from Ohrid 5

Во меѓувреме, Милош Вујасиновиќ, како и секој трговец со уметност, се обидува да ми продаде три импресивни масла на платно од неговата колекција: „Гатачка“ (иако не е насловен од сликарот, убеден е дека е жената на сликата е Македонка), „Изворот на реката Дрим“ и „Одраз од езерската вода во Охрид“.

Никола Петковиќ, Гатачка, масло на платно ~1928
Никола Петковиќ, Гатачка, масло на платно ~1928
Никола Петковиќ, Изворот на реката Дрим, масло на платно ~1928
Никола Петковиќ, Изворот на реката Дрим, масло на платно ~1928
Никола Петковиќ, Одраз од езерска вода во Охрид, масло на платно ~1928
Никола Петковиќ, Одраз од езерска вода во Охрид, масло на платно ~1928

За жал, цените што би бараше за сликите беа далеку над мојот буџет. Јас сум само еден обичен инженер со семејство и мали деца. Не успеавме да склучивме договор. Но, г-дин Вујасиновиќ ми ги дава сите информации за Никола Петковиќ. Мистеријата беше решена по 4 години пребарување.

Никола Петковиќ е роден во Инџија, Војводина на 18.08.1893 година, во богато и влијателно семејство. Во 1911 година студирал уметност на познатата Академија за применета уметност („Kunstgewerbeschule “) во Виена. Со почетокот на Балканската војна во 1912 година, се откажува од студиите и се пријавува доброволно во српската војска во воена болница.

Во периодот 1912-1916 година бил учител во Охрид. Се заљубува во Охрид и Македонија веднаш. Започнува да ги слика и црта охридските пејзажи и македонските селани во народни носии во секојдневни активности. Минува време во пештерските цркви во Охрид каде што сликал и се молел. Духовната моќ на Охрид влијае на Петковиќ и го прави длабоко религиозен.

Одеднаш неговата финансиска состојба се влошува и тој емигрира во Америка во 1916 година „со 6 долари во џеб“. Во Питсбург е прифатен од Српската православна црква каде станува свештеник. Продолжува со сликање и зема вечерни часови во Карнегискиот институт за технологија, Школата за сликање и декорација во Питсбург. Неговите дела стуваат потемни и поекспресивни. Останува непознат на пошироката јавност, но бил забележан и фален од ликовните критичари на Питсбург.

Доаѓа за последен пат во Македонија во периодот помеѓу 1927-1934 година, каде се враќа кон својот колоритен импресионизам и ги создава можеби најдобрите уметнички дела во својата кариера.

Никола Петковиќ, Слики со македонски мотиви од период 1927-34
Никола Петковиќ, Слики со македонски мотиви од период 1927-34
Никола Петковиќ, Слики со македонски мотиви од период 1927-34

Никола Петковиќ, Слики со македонски мотиви од период 1927-34

Во 1934та година се враќа трајно во САД, каде што починал од парализа во 1952 година. Освен меморијалната изложба во 1955 година, останува заборавен во САД. Неговата сопруга Зора патува назад во Србија во 1971 година, каде носи повеќе од 200 негови слики, но покрај малата локална изложба и напис во весник, овој настан поминува во голема мерка незабележан.

Сѐ до 2008 година, кога Петковиќ е повторно откриен и гласно фален од сите уметнички критичари на Србија.

Беа потребни 4 години за да се реши тајната на „учителот од Охрид“. Целото ова искуство не беше обесхрабрувачко за мене. Напротив, ме мотивира да го проширам пребарувањето и кон сите сликари кои дошле во Македонија, и да го проширам временскиот период на 100 години; 1850-1950.

Во тие 4 години, проектот „Лексикон“ започна да се развива и се претвора од списокот во „Ексел“ во лексикон со биографии. Почна да расте и приватните колекција со уметнички дела. Ја научив лекција дека овој проект ќе биде маратон, а не спринт. Не само за Никола Петковиќ туку и за многу други сликари од овој лексикон ми беа потребни неколку години да ја пронајдам нивната врска со Македонија. Но за ова, во некоја друга приказна.

Извор: Рацин.мк

Print Friendly, PDF & Email
Tags: виртуелна галеријаВлатко Милошевскилексикон на странски сликариФељтон
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ