• Latest

Тренчевска: Вие го поставивте темелот, а ние не застануваме, продолжуваме до целосна родова еднаквост во општеството

March 8, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Вие го поставивте темелот, а ние не застануваме, продолжуваме до целосна родова еднаквост во општеството

March 8, 2023 17:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во знакот на 8 март, Министерството за труд и социјална политика организираше дружење со пензионерките во Клубот на пратеници.

По тој повод министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска честитајќи им го празникот на жената се заблагодари на сите заложби кои овие жени – херои на ова време, ги направиле во годините наназад, но и неуморно продолжуваат со своите активности, помагајќи им на другите.

„Нема поубаво одбележување на Денот на жената – 8 ми март од тоа да го посветите на жените кои го граделе нашето општество и благодарение на нив денес ние ги уживаме придобивките од нивниот труд. Токму вие сте нашите херои, затоа што го трасиравте патот по кој денес чекори современата жена. Вие бевте тие кои се изборивте за правото на жените да го употребат својот потенцијал. Вие покажавте дека, жената не постои само за да ја гледа куќата и децата, туку дека таа може многу повеќе, таа може и сака да се образува, да има и професија, да заработува и придонесува за семејството, а истовремено и да ги извршува и домашните обврски и се грижи за правилен раст и развој на децата. Покажавте дека, жената може подеднакво да работи професии како и  мажот на работни позиции кои претходно се сметаа само машки. Покажавте дека, жената треба да се почитува и нејзиниот труд да се вреднува. Покажавте дека жената е силна и храбро знае да се соочува со предизвиците кои излегуваат на патот кон нејзиниот успех,“ порача министерката Тренчевска.

Таа порача дека, она на кое треба да продолжиме да работиме и продолжиме по истиот пат.

„Да ги воспитуваме нашите деца, внуци, ученици и млади дека родовата димензија е клучна за изградба на општество со еднакви можности и еднакви шанси за сите, без разлика на полот, со акцент на способностите и вештините кои личноста ги поседува. Да ги негуваме вистинските вредности, хуманоста, разбирањето, соживотот, љубезноста. Да потсетиме дека семејството и блиските се најважни, дека вистинската среќа доаѓа одвнатре,“ потенцираше Тренчевска.

Таа на крајот од своето обраќање им порача на пензионерките дека како министерка за труд и социјална политика, ќе продолжи да се бори за унапредување на квалитетот на живот на сите пензионери.

Претседателката на Сојузот на пензионери на Македонија , Станка Трајкова истакна дека е навистина голема чест и задоволство заедно да се одбележи овој ден со историски датум.

„Симболиката на 8март е всушност време и простор да се актуализираат потребите и  можностите на жените за еднакви права и можности. Да се заблагодариме на нашите претходнички и да порачаме дека ние жените сме со голем потенцијал, затоа што можеме да работиме многу работи истовремено,“ рече Трајкова.

Таа истакна дека од 53 здруженија на пензионери има само 5 жени претседатели, нешто што треба да се смени и да се вклучат повеќе жени во раководните позиции на здруженијата.

Притоа сподели, повеќе силни пораки кои се однесуваат на жените, а ги напишале познати автори. Исто така, таа посочи дека жените пензионерки остана активни и во време на пандемија , се бореа помошта да стигне секаде каде е потребна соработувајќи со граѓанските организации и институциите.

„Не застануваме тука, продолжуваме и понатаму . Возвраќаме на градителите на нашата држава.

Нека е честит 8 март – Денот на жената, со пораката од нашата кампања која ја спроведуваме овој месец „Гласна и храбра“ која ја подигнува свеста за значењето на менталното здравје и економско зајакнување на жената. Веќе одржавме работилници на оваа тема со нашите пензионерки во неколку места. Продолжуваме со работилниците, и продолжуваме со пораката до сите жени да бидат „Гласни и храбри“, порача Тренчевска.

Настанот го надополнија личните искустава и приказни  раскажани од страна на присутните пензионерки, секоја од нив единствена.

Tags: дружба со пензионеркиКлубот на пратенициМТСПродова еднаквостТренчевска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ