• Latest
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

А бе земете лопатата и сработете нешто!

March 15, 2023
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

А бе земете лопатата и сработете нешто!

March 15, 2023 09:31
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Не можам, а да не го споделам впечатокот дека опозицијата и медиумите кои се влечат по нејзините опашки, едноставно, не можат да се помират со реалноста. Мега проектот за изградба на патиштата многу тешко ги погоди. Со фантастични 1,3 милијарди евра ќе се изградат 110 километри патишта. Ќе градат американски и наши фирми. Половина од парите, 600 милиони евра, ќе се слеат во домашните компании. И сѐ мора да биде според планот, прецизно и квалитетно. Тоа е голем проблем. Ама само за ВМРО-ДПМНЕ и за компаниите што се навикнати на нивните дилови.

Ксенофобија, прозивки, ксенофобија…

Веројатно затоа, уште незапочнат проектот, а опозицијата веќе го прозива Јавното обвинителство да поведе истрага. За можна корупција!

Утрово ќе одам на работа со кола. Според вмровската логика, комшијата треба да се јави во полиција и да ме пријави дека е можно да се паркирам погрешно. Така некако му доаѓа.

Да пукнеш од смеа. Башка, патиштата изградени во времето на ВМРО-ДПМНЕ беа идеални, нели? Со точни траси, со тунели кои не се промашуваат, со рационални цени на изведба, квалитетни…

Опозицијата не пропушти да игра и на картата ксенофобија, па на социјалните мрежи и во јавната комуникација веќе ја пласира тезата дека земјава ќе се преполни со работници од „непожелни земји“. Во ист такт свират и градежниците. А медиумите послушно им го отстапуваат целиот простор што им треба. Како огласни табли.

И „багер револуција“

Читајќи за реакциите на градежниците и нивните закани со „багер револуции“ (преку „Слободен печат“), ми текнуваат (најмалку) две работи.

Едната се разговорите Груевски и Јанакиески – нивните разговори и договори за местење тендери и процентите што треба да се земат од тие дилови. Дека, нели, Груевски беше дил ориентед. До ден денешен се згрозувам од нивните разговори, кои ѝ прилегаат на една мафија, а не на луѓе што водат држава. Истовремено, тие разговори се надреални и урнебесно смешни. Но кога ќе помисли човек колку животи се упропастени, колку тешки штети предизвика тоа – до корен – корумпирано и разбојничко однесување, смеењето исчезнува.

Да се потсетиме.

Евергрин дијалог

НГ: Миле што правиш?

МЈ: Добро, кај Кире сме на гости.

НГ: Кај кого?

МЈ: Кај Кире, Кире.

НГ: А така. За ова ти колку предлагаш?

МЈ: 5 на целото.

НГ: Што 5 на целото?

МЈ: 5%.

НГ: Не, не у точен износ колку?

МЈ: Па сега зависи колку ќе биде, помеѓу 15 и 18.

НГ: Ти како, како процент збореше таму или како бројка точна?

МЈ: Па…тие го спомнаа тоа, и генерално си е океј вака тоа. 5 на тоа што ќе помине. Тоа зависи од понудата, ама помеѓу 15 и 18 би се движело, согласно некои проекции колку би понудиле.

НГ: Ќе ти прифатат толку?

МЈ: Ако му кажиме ќе прифатат, да, не е тоа ништо. И на другото е толку.

НГ: Да не е многу бе, а? Да не се претера, претера новинарството.

МЈ: Еве ја одев по некоја аналогија од претходното, и… и тие спомнаа во една прилика така. А, три е… три е онака, коректно.

НГ: Мхм. Пробај со 15, да видиме како ќе ти реагираат, па ајде, јави се.

МЈ: Океј.

НГ: Ајде.

За оние што заборавиле или сакале да заборават

За оние што заборавиле или сакале да заборават (од познати причини), бројките во овој разговор се однесуваат на проценти и тешки милионски суми. Бројот пет во разговорот означува 5 проценти. Кога Миле-ми-текна-Јанакиески вели 15 до 18, мисли на милиони евра. Тоа е износ од пари што се наменети за приватниот џеб на Груевски! Нешто веројатно предвидел и за Фамилијата! Математиката покажува дека се работи за зделки од 300 до 360 милиони евра! Од кои, „скромни“ пет (проценти) или 15 до 18 милиони евра биле предвидени за Груевски. Кои, пак, треба да ги добие од „жутите“ (расистички израз за азиските народи). Фуј!

Во еден друг разговор на Миле Јанакиески со изведувач на работите на автопатот Кичево-Охрид, разговараат за суми од 193 милиони евра, на кои (изведувачот) „му удривме некој коефициент на корекција“. Па со таа „корекција“ излегле негде 267 милиони евра. А потоа, во текот на разговорот, таа цифра се заокружува на 270 милиони евра. Како да разговараат за кикиритки!

Можно ли е сето тоа да се заборави!? Јас не можам. Затоа што, само таа „ситна“ разлика, по „корекцијата“ изнесува 74 милиони евра. За кого, по ѓаволите!? Веројатно тоа се вртоглави суми, па не ги ни доживуваме како вистински. Но замислете, на сета таа „корекција“, уште и заокружуваат со додавање цели три милиони евра. Три милиони евра за нив се како дел од нас кога не го земаат едното денарче кусур на каса. Само тие три милиони можат да значат помош за подобар живот на многу луѓе, за нивното здравје, поправка на училишта, градинки, амбуланти… Тие ли со „багер револуција“ ќе ја бараат правдата – парите да не оделе кај странци, а и работници да не ни доаѓаат од „непожелни“ земји? Какви неранимајковци!

Со погледот на „неутралците“

Да гледаме во сегашноста, би рекле „неутралците“ и да ги оставиме овие разговори во минатото. Што да видиме во сегашноста? Поправка на една улица од 500 метри (24Инфо) во најстрогиот центар на главниот град ја изведуваат половина година, а крајот на работите не се гледа.

И тие улици што ги поправаат обично излегуваат полоши отколку што биле пред „големиве градежници“ да почнат со поправките. Вистински хаос владее низ Скопје, како што може да се види и од прилогот на Локално. Да не зборуваме за делниците од автопатите што ги прават или поправаат. Ни требаат теренски возила за да ги совладаме сите препреки што ни се поставени на улиците и патиштата.

Да ги тргнеме настрана, за миг, и едните и другите (и тие од претходно, и овие сега). Без оглед на тоа дали и колку едните биле корумпирани, а другите не се воопшто или не се толку корумпирани – останува уште едно прашање, прилично важно, ми се чини.

Урбана мафија

Какви тоа градежни компании имаме ние?

Сите нешто зборуваат за урбаната мафија и дека администрацијата што се занимава со урбанизам и градежништво е корумпирана. Склон сум да поверувам дека тоа е така. Можеби дури и полошо.

Но што со фирмите? Тие се ангели? Или тие се машинеријата што пере пари, нуди и исплаќа проценти? И последна грижа им е да ја завршат работата, ако воопшто им е грижа. Ова се однесува и на оние што градат (крадат) со државни пари во инфраструктурни проекти на државата, и на оние што се приватни инвеститори во изградбата на станбени и други објекти. Вистински мафијаши! Ама барем да беа ербап нешто и да направат! Една улица не знаат да направат. За автопати, тунели, вијадукти, мостови – да не зборуваме. Колку луѓе се жалат од зградите во кои купиле станови!? Еве, без политика. Само да видиме колку ги бива.

И после тие, истите, ѝ се закануваат на владата со „багер револуција“… А бе земете лопатата и сработете нешто!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: багер револуцијаВМРО-ДПМНЕмега проектМедиумипатишта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ