• Latest
Војо Маневски

Изборни теми и дилеми

March 16, 2023
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Изборни теми и дилеми

March 16, 2023 12:54
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Големите теми секогаш ми изгледаат некако епски и моќно, необјасниво и мистично. Слободата е услов за човекот како битие да стане граѓанин кој е активен чинител во заедницата. Слободата е голема и тешка работа, посебно кога треба да ја носат слаби плеќи и стресени нозе. Со неа слабото општество не знае што да прави и се однесува како во чекална во која треба да пристигне некој лидер со посебни карактеристики и да ги реши натрупаните проблеми. Слободата треба да се брани, но и да се знае како да се носи за да не стане само параван за неслободата.

Овиe фрази ми се вртат низ главата додека го читам соопштението од Министерството за правда, сега раководено од нов министер. Минатиот  министер слично нешто поттикнуваше, ама сѐ се заврши на безуспешен обид за формирање на некаква комисија која ќе работи на новиот изборен закон. И сега ги слушаме скоро истите аргументи околу препораките на ОБСЕ, околу потребата за донесување на потполно нов изборен закон и имплементирање на стандардите за фер и демократски избори. Карактеристиката на фер избори секогаш зависи од аголот од кој го оценуваат партиите кои ги изгубиле изборите. ОБСЕ секогаш досега констатираше дека изборите се мирни и ги задоволувале барем минимумот на стандарди кои тие ги бараат. Скоро секогаш има замерки до ДИК и сѐ се завршува после неколку недели. Но тоа никако веќе не е доволно за избор на претставници на граѓаните, кои ќе донесуваат одлуки од кои зависи и судбината на државата и на нејзините граѓани. Ако констатираме дека поимот фер секогаш ќе биде напаѓан од оние што губат останува суштинскиот дел на секои избори. Тие треба да се демократски, што значи дека  учесниците во изборниот процес треба да се во рамноправни услови и целиот процес да се одвива според демократски донесена процедура која ќе ги има вградено демократските стандарди. Лесно за пишување, па и изговарање, ама кај нас досега тешко за остварување.

Постојниот изборен закон со изборни листи изгради партиска номенклатура каде квалитетот на личностите ставени на листата се претопува во партиските наративи и посебно во популарноста на лидерот. Како при влегувањето во воз, важно е да се влезе, а после ќе се бара седиште и други комоции. За правецот и брзината на возот сметка води локомотивата и машиновозачот. Слободата на пратениците во ваков модел е да погледнуваат низ прозорецот, восхитувајќи му се на пејзажот и на секој повик на кондуктерот да ја покажат картата со која влегле во возот. Евиденцијата останува во тетратката на кондуктерот.

Да се вратам на соопштението на Министерството и на министерот за формирање на ново тело кое ќе работело на новиот Изборен закон. Се согласувам дека е потребна комплетна реконструкција на целиот Изборен законик, но ме загрижува изјавата дека ќе се бара согласност од политичките партии. Дали на сите партии регистрирани како такви во државата или се работи за парламентарните партии или како што сите заклучуваат ќе се бара согласност од најголемите политички партии? Е токму ова ми ја мати водата и сомнежот. Зошто големите партии би се согласиле на нов закон кој ќе има ја смени положбата и може да им донесе послаби резултати? Поради демократизација на општеството. Не се партиите хуманитарни здруженија, туку политички групации кои нараснаа низ периодот на транзиција, постепено деидеологизирајќи сѐ и претворајќи сѐ во интересни клиентилистички заедници каде партиските интереси се целна точка на активностите. Зошто сметам дека ако остане според овој предлог да се усогласат партиите, новиот изборен закон ќе има само една или делумна суштинска  промена? Ако бидат доволно притиснати од меѓународниот фактор можеби ќе се согласат на една изборна единица, но и таму ќе бараат некакви модалитети зошто се навикнати да се однесуваат како „обор“ кнезови во своите изборни единици кои се креирани пред сѐ на национален критериум, а не на граѓански, каде квалитетот и довербата во предложените кандидати ќе биде основа на изборот.

Веќе бевме сведоци на разни предлози за изборниот праг. Сега ДУИ смета декат тој праг треба да е 5%. Еве една мала симулација за последиците од тој предлог. Ако имаме излезност од околу еден милион гласачи, тогаш тој праг за влез во Собранието ќе изнесува 50 илјади гласа. Која од малите партии може да се надева на тој број свои гласачи? Тешко дека ќе влезат и македонските, а посебно тоа ќе биде непрескоклива бариера за условно речено албанските партии. Но има и друга последица од овој праг. Во парламентот нема да има партија со помалку од пет, шест пратеника ако излезноста е околу милион гласачи. Така во парламентот ќе има само големи партии, а малите пак ќе бидат упатени на преизборни коалиции со што нивната посебност тешко дека ќе дојде до израз. Целта е поголема демократија во изборниот процес и работата на парламентот, а вакви елитистички партии и состојби имаме и денес и зошто би имале промени кога резултатот е дури и полош од сегашниот.

Секои правила постојат за да се воспостави ред во односите меѓу учесниците во процесот и тој ред мора да е колку толку праведен и да им даде шанса на најголем број на учесници. Ако остане ова мислење дека партиите го имаат последниот збор во измените на законот целата состојба ќе заличи на спортски натпревар каде правилата ги поставуваат учесниците и каде нормално дека пред сѐ тие ќе се грижат за своите интереси. Како во маалските некогашни натпревари во мал фудбал. Посилните ги поставуваат камењата за големината на голот и за бројот на голови за полувреме и за крај. Ако си помал ќе гледаш само да те земат во играта, инаку ќе стоиш покрај голот и ќе ги донесуваш топките што ќе влезат во комшискиот двор.

Стручната и целокупната јавност мора да го има одлучувачкиот збор зошто нема демократија ако во целиот процес учествува само мал дел од граѓаните, па во која и да се положба. Дваесет и три правни факултет белким се способни да влезат во дебата со конкретни научни истражувања кои ќе покажат каков изборен модел е најприкладен на нашите политички навики и култура, а да се поттикне демократскиот развој на државата. Невладини организации кои ја следат целата проблематика веќе со децении, странски институти специјализирани во овој сектор треба да се консултираат и да имаме издржана дебата за овој суштински закон. Неколку пати пишувам дека овој модел и вака практикуваната политичка активност не може веќе да донесе позитивни резултати во парламентарниот живот. Последиците овој пат можат да бидат и преголеми за македонските слаби капацитети. Институциите на системот се скоро парализирани и не ја оправдуваат целта за која се формирани. Ако се поттурне процесот на преговори со ЕУ и сме приморани да правиме низа на реформи и ако самите не се погрижиме за нивниот успех, целиот процес на прилагодување на земјата за влез во Европа ќе трае барем колку и стоењето во чекалната пред неа. Обична математика кажува дека тоа ќе биде две децении најмалку. Што вели логиката и законите на следственост и условеност? Додуша не сме многу познати по следењето на логиката, но цената за тоа секако ќе ја платиме или пред или по мостот каде е наплатата за грешките.

Можна ли е демократија во државата ако основните чинители на политичкиот живот во своето внатрешно делување не практикуваат демократија. Ако партиите немаат внатрешна демократија бидете сигурни ниту во државата кога ќе практикуваат власт нема да се водат од демократски принципи. Се надевам дека за ова не ни е потребна некаква евалуација од страна, сите имаме примери за ваквите причинско-последични поврзаности. Ниту обичното членство нема сила да смени нешто во делувањето на партиите зошто стекнатите навики и процеси се тешко менливи. Само подигањето на свест за нужноста од демократизција на партиите како услов за демократизација на државата и општеството можат да донесат придвижување во целиот процес. Колку побргу и пообемно го направиме тоа и во сите партии како законски услов за нивно постоење, толку полесно ќе се движиме низ процесот на европеизација на државата и што е најважно цената на целата трансформација ќе биде пониска.

Што ни се последиците ако не ја сфатиме сериозно работата? Партиите и онака кадровски се девастирани поради недоволниот кадровски потенцијал. Некакво мислење дека не вреди да се биде партиски активен зошто тоа значи ризик за секој што не е подготвен да биде вознемируван од разни структури на социјалните мрежи веќе преовладуваат. Така се одлева и квалитениот натпревар внатре во партиите меѓу разните понуди за разни прашања и формирање на политики. Послушноста не е партиски активизам, туку клиентелистичко поведение на учесниците во пирамидалната структура. Примерите кога се ангажираат непартиски личности на министерски места најчесто завршуваат со нивно инкорпорирање во структурите на партиите или  нивно неславно заминување. Примерот со проф. Тупанчевски е таков, иако има и многу други. Политичката борба се сведува вака на внатрепартиски надмудрувања и сплетки на разни струи кои пред сѐ ги води желбата за завземање повисоки позиции во партијата што им овозможува место во државната структура како награда за таквата активност, а пред сѐ верност кон главните носители на внатрепартиската борба. Тешко дека ќе биде прифатена и можноста да се гласа за отворени листи.

Партиите ќе мора да бараат познати личности за кои не секогаш се сигурни дека ќе им бидат послушни. Ако ја наполнат листата со свои структурни членови, резултатот после изборите ќе доведе до внатрешен раскол, посебно ако се биде опозиција. Некој што смета дека е партиски заслужен, а нема доверба кај гласачите ќе отпадне и неговиот револт ќе го префрли повторно на внатрепартиски судири зошто најчесто и неговиот живот зависи од останувањето во партиските структури. Оние што не се од партиски високи структури, а имаат личен кредибилитет ќе се наметнат и во партиските органи при креирањето на политиките, зошто добар дел од нивниот легитимитет произлегува од нив самите. Затоа тешко дека партиите без внатрешна реформа ќе прифатат отворени листи.

Да не ги објаснувам според мое скромно видување последиците, ако и двата процеси не се водат паралелно. Демократизација во политичките партии и новиот изборен закон што ќе ги подигне демократските стандарди ќе резултира со демократизација на општеството и многу поголем кадровски потенцијал за нужните реформи. Инаку сѐ помала ќе биде излезноста, сѐ понедокажани и некадарни кадри ќе ги водат институциите на системот. Полека ќе се засили иселувањето, а сите ќе нѐ зафати неизлечива болест која се нарекува општествена апатија и безволност.

За крај секој од нас нека биде дел од нужноста која ни се наметнува но овој пат со добра волја и одговорност за себе, своето семејство и заедницата во целост. Секогаш има разни типови кои се однесуваат според народната изрека: „Него ни во село не го пуштаат, а тој сака да ја земе ќерката на попот“.

Наше е да ги држиме таквите подалеку и од селото и од поповата ќерка.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    239 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ