Фондацијата Квина тил Квина организираше феминистичка мировна конференција на Западен Балкан од 21 до 23 март 2023 година во Скопје, Северна Македонија, потпирајќи се на контекстoт од минатогодишната дигитална Феминистичка мировна конференција.
Настанот беше организиран со партнерските организации и се осврна на улогата на жените и феминистичките организации во градењето на мир и трансформација на конфликти.
Настанот исто така ги одбележува 30те години на истрајност – оваа година Квина тил Квина прославува 30 години од своето основање на Западен Балкан.
„Сите ние имаме можност за и право на мир и ние мора да направиме сѐ што е во наша моќ да изградиме подобра иднина на траен мир за сите – феминистички мир!“ – жени, активисти за феминизам, активисти
Повеќе од 110 жени, жени – бранители на човековите права, активисти за феминизмот, активисти и академски граѓани од цел Западен Балкан, Украина, Јужен Кавказ, Ирак и Шведска се собраа да дискутираат за некои од најгорливите прашања во контекст на денешната глобална ситуација, пришто креираа заеднички пораки за застапување на нивните гледишта нагласувајќи ги нивните барања до меѓународната заедница и носителите на одлуки во регионот и пошироко.
Генералниот секретар на фондацијата Квина тил Квина, Петра Тотерман Андорф им посака добредојде на сите учесници на конференцијата и ја искористи можноста да подвлече дека „феминистичкиот мир подразбира инклузивност и безбедност за сите, и пред сѐ тоа е единство коешто дозволува разноликост“.
На последниот ден од конференцијата, 23 март, присуствуваше и шведската амбасадорка во Северна Македонија, нејзината екселенција Ами Ларсон Џеин којашто ја нагласи потребата жените- бранителки на човековите права да се одбранат а воедно и да вложат заложби жените да учествуваат во постигнувањето на одржлив мир.
Амбасадорката, првата дама на Северна Македонија г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и повеќе од 60-тина преставници на меѓународните организации како што се Организацијата на жените при ООН, ОБСЕ, Советот на Европа, меѓународните невладини организации, амбасадите, академските институции, и останатите се запознаа со активистите коишто ги споделија своите искуства и експертизи и коишто говореа за потребата што побрзо да се инвестира во феминистичкиот мир.
На настанот беше присутна и научничката Синтија Енлое, американска феминистка и активистка.
На 24 март Гудвил амбасадорот на фондацијата Квина тил Квина, Линеа Клесон, добропозната шведска активистка за феминизмот, претставничката на фондацијата Дијана Стојановиќ Ѓорѓевиќ, заедно со феминистичката активистка од Северна Македонија, Ирена Цветковиќ од организацијата за граѓанско општество Коалицијата Маргини беа поканети да земат учество во телевизиската емисија во живо студио 10 на ТВ 24 во 10 часот за да зборуваат за насилствотото против жените, важноста од медиумска покриеност на случаи на насилство врз основа на полот, пристапот до праведност на маргинализираните групи и заканите упатени кон жените-бранителки на човековите права во Северна Македонија, регионот на Западен Балкан и Шведска.
Фондацијата Квина тил Квина ги промовира правата на жените во преку дваесет земји погодени од конфликти во регионот на Блискиот Исток и Северна Африка, Супсахарска Африка, Европа и Јужен Кавказ. Ние тоа го правиме со поддршка на 140 локални партнерски организација низ целиот свет. Фондацијата Квина тил Квина се залага за еднакво учество на жените во мировни процеси, согласно Резолуцијата 1325 за жени, мир и безбедност на Советот за безбедност при ООН и последователните резолуции на Советот за безбедност. Ние спроведуваме и истражување на улогата на жените во мировните процеси и анализа на мировните спогодби од аспект на родовата перспектива.












