• Latest

Се чека опозицијата да потврди учество во работната група за уставните амамдмани

March 28, 2023
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се чека опозицијата да потврди учество во работната група за уставните амамдмани

March 28, 2023 08:30
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашање на денови е кога ќе биде формирана работната група за уставни измени во која ќе учествува широк спектар на општествени чинители. Се очекува опозицијата до крајот на неделава да се изјасни за поканата и предлогот да учествува и да претседава со работната група, порачаа од власта.

Министерот за правда Кренар Лога најави дека приоритет е Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата, но се размислува, вели, и за други потребни измени на Уставот, како што се делот каде министерот за правда по функција е член на Судски совет, регулирање на вакуумот со распуштање на Собранието и случаите при смена на еден и изборот на друг министер, но и прашањето околу делот со 20 проценти од населението за употребата на јазиците.

– За сите овие прашања ќе треба да имаме консензус, но за нас приоритет останува Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата. Ако има расположение кај сите учесници, ние сме подготвени сите овие предлози да бидат дел од измените, изјави Лога, посочувајќи дека смета оти кога веќе се отвора Уставот подобро е сите овие прашања да одат во пакет.

Тој нагласи дека е во комуникација со сите чинители во државата, со премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, како и со координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски и дека е прашање на денови кога ќе биде формирана работната група за уставните измени.

– Очекувам опозицијата да е дел од работната група, не само за уставните измени, туку и за Изборниот законик и сите други работни групи врзани со реформи, не само за правосудниот систем, туку и за други области, изјави Лога, изразувајќи уверување дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе се надмине себеси“ и ќе биде дел од овој процес, со цел, како што рече, да не бидеме повторно десет години во изолација.

Во однос на тоа дали веќе се разговара за конкретни имиња во работната група, Лога посочи дека има предлози и некои имиња веќе се на маса, но дека остава простор и за ВМРО-ДПМНЕ.

– Првата недела од мојата работа пратив писмо до ВМРО-ДПМНЕ да предложат свој член во работната група, потоа уште едно и до Мицковски, каде кажав дека го отстапувам и местото претседател на комисијата. Нема да чекаме бескрајно, до крајот на оваа недела ќе почекаме, изјави Лога, на првиот брифинг со медиумите откако е министер за правда.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, изјави дека верува оти никој нема да се осмели да ја стави државата во изолација во моментот кога ќе треба да се гласа за уставните измени.

– Мислам дека комуникациите на земјите членки, на сериозни партнери кои даваат гаранција за кредибилноста на процесот, кои стануваат штит на нашите интереси во Европа, ќе ја убедат јавноста и политичките партии и никој нема да се осмели да ја стави државата во изолација во наредните 10 години кога се јавува забрзана патека на регионот. Ќе биде многу тешко да се стисне црвеното копче, да се изолира државата и ова прашање да се решава некаде 2033 година, во многу неповолни услови кога младите си заминале и ќе треба истото прашање да го решиме можеби и полошо, изјави денеска Османи одговарајќи на новинарски прашања.

Тој оцени дека поради партиски цели е создаден пропагандистички наратив за уставните измени и верува дека полека ќе се разбие целата таа пропаганда кога граѓаните сами ќе ги прочитаат предлозите и ќе се уверат дека нема простор за страв.

– Во категоријата други се сите заедници кои се спомнати, што значи овие уставни измени подразбираат само потврдување на тоа што веќе стои имплицитно. Мислам дека полека ќе се разбие целата таа пропаганда околу уставните измени кога граѓаните ќе прочитаат сами и ќе увидат дека нема на ниту еден начин да бидат загрозени интересите на државата, рече Османи.

На заедничката прес-конференција со Османи министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Џачка, исто така нагласи дека уставните измени треба да се направат и оти сите политички чинители треба да бидат свесни за тоа.

– Мислам дека уставните измени треба да се направат и сите треба да бидат свесни дека преку едно такво дејство ќе се отвори патот на интеграциите. Што се однесува до нас ние сме рамо до рамо и координирани во овој процес… Важно за сите политички чинители е дека ова е момент, кој не треба да се пропушти, отворена е можност да одиме побрзо во овој процес и ако некој остане назад тоа ќе биде неповолно за нивните граѓани. Затоа оваа работа не треба да се дозволи, нагласи Џачка.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пак, повтори дека ставот на опозициската партија останува непроменет оти овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени, бидејќи никоја од партиите на изборите во 2020-та година не ветила дека ќе прави промена на Уставот.

– Нашиот став е јасен, а тоа е дека сме против уставни измени, еве нека ги поднесат во Собрание и ќе видат како ќе поминат. Апсолутно ставот на ВМРО-ДПМНЕ е ист и е непроменет. Ставот е јасен, цврст и непоколеблив, а тоа е дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени и никој од нас на изборите во 2020-та година не вети дека ќе прави уставни измени, изјави Николоски во гостување во емисијата „За или Против“ на Телевизија Алфа.

Тој побара распишување предвремени парламентарни избори, на кои партиите ќе кажат која е за што, па тогаш ќе се види „дали народот ќе даде поддршка за тие уставни измени“.

Внесувањето на Бугарите во Преамбулата на Уставот е услов земјата да ги продолжи пристапните преговори со ЕУ по завршување на скрининг процесот. За отворање на процесот на уставните измени е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници во Собранието.

Tags: работна група за уставни измениУстав
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ