• Latest
Фото: Полиграф

Полиграф: Портали дезинформираа дека СДСМ „преговорите за името со Грција ги премести од ОН во ЕУ“

March 30, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Полиграф: Портали дезинформираа дека СДСМ „преговорите за името со Грција ги премести од ОН во ЕУ“

March 30, 2023 12:00
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Фото: Полиграф

Фото: Полиграф

Share on FacebookShare on Twitter

На 17.03.2023, порталот Република објави наслов „Слично како со спорот за името кога дојде СДСМ: Поранешната српска власт ги преместила преговорите за Косово од ОН во ЕУ“. Во текстот се тврди: „Слично направи и СДСМ кога дојде на власт во 2016 година. Преговорите за името со Грција ги премести од ОН во ЕУ каде Македонија беше во нерамноправна положба.“ Истата вест ја објави и порталот „PressingTV” на 18.03.2023 со наслов „Дали ова ви звучи познато: Поранешната српска власт ги преместила преговорите за Косово од ОН во ЕУ“.

Но, невистина е дека СДСМ дошла на власт во 2016 година. СДСМ ја презема извршната власт на 31.05.2017, кога Собранието ја изгласа првата влада на Зоран Заев.

 

Исто така, невистина е и дека СДСМ „Преговорите за името со Грција ги премести од ОН во ЕУ“. Спорот за името беше решен преку долгогодишни преговори кои се водеа во рамки на ОН. Затоа, при потпишувањето на Договорот од Преспа, единствен потписник како сведок е Метју Нимиц, личен пратеник на Генералниот секретар на ОН, во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН 817 и 845 од 1993 година.

Затоа, лажна е аналогијата помеѓу преговорите за спорот за името и дијалогот за Косово. Официјалните преговори за спорот за името се водеа во рамките на ОН, а во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, ЕУ се јавува во својство на олеснувач меѓу страните, што беше поздравено со резолуцијата на Генералното собрание на ОН од 09.09.2010.

Следствено, и тврдењето дека СДСМ „Преговорите за името со Грција ги премести од ОН во ЕУ“ го оценуваме како дезинформација.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грцијадезинформациипреговори за иметоСДСМ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result